Превземи PDF 

Содржина

40 годишнина

 

Нови услуги

Софтвер за генерирање на GS1-128 и логистичка етикета

GS1 Верификација на бар кодовите

Проверка на акредитација

Електронско аплицирање

 

Новости

Новиот 1WorldSync каталог

 

Теми на бројот

Електронска размена на податоците - Што, како и зошто?  

 

40 годишнина


  Во 2013 година се одбележува 40 годишнина од формирањето на GS1.
Она што започна како начин да се забрза внесот на местото на продажба во продавниците денес премина во глобален јазик на бизнисот - заеднички начин на трговските партнери насекаде во светот за идентификација, примање и споделување на информации за производи, локации, итн.
  Во изминатите 40 години, беа направени исклучителни иновации кои се прифатени од индустриите. Со новите технологии, новите употреби и новите индустрии, влијанието на GS1 системот постојано еволуира и е водено од постојаната соработка со лидерите во индустриите кои работат заедно за да креираат подобри начини за водење бизнис.
  GS1 системот на стандарди е најраспространетиот систем за стандарди во дистрибутивниот синџир, кој што го користат над 2 милиони компании кои водат бизнис низ 150 земји во разни сектори и индустрии.
  Приказната за формирањето на GS1 меѓународнаta организација за глобални стандарди започнува на 3 април 1973 година, кога лидерите во прехранбената индустрија заеднички го избраа линеарниот бар код како нивен индустриски стандард за идентификација на производите - денес познат како GS1 бар код.
  На 26 јуни 1974 година, во 08:01, бил скениран првиот GS1 бар код во Троја, Охајо, САД на пакување од 10 гуми за џвакање од Wrigley’s Јuicy Fruit.

            

   Тоа водеше до формирање на организацијата UCC (Uniform Code Council) во 1974 година, која беше одговорна за издавање на Universal Product Code (UPC) бар кодовите во САД. Три години подоцна, 12 европски национални членки ја формираа European Article Numbering Association (EAN) во Белгија. Овие организации се обединија во 2005 година и ја формираа GS1.


  Денес, GS1 е меѓународна, неутрална, непрофитна организација со седиште во Брисел, Белгија, со повеќе од 111 членки организации низ светот, кои им помагаат на разните индустрии да ја зголемат ефикасноста, безбедноста, растот преку прифаќање и користење на стандардите. Од трговија на мало до здравство, од индустрија за свежа храна и прехранбена индустрија до транспорт и логистика, GS1 стандардите постојано го трансформираат начинот на живот.
  Повеќе информации за 40 годишнината на GS1 организацијата може да добиете на 40 годишнина на GS1.