Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
На 07.03.2014 година во просториите на специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори” –Скопје, тимот на GS1 Македонија одржа работилница со тема “Анализа на текот на имплементацијата на GS1 стандардите во започнатиот пилот проект во болницата Филип Втори – Скопје”.
На работилницата, освен тимот на GS1 Македонија учествуваше тимот одговорен за имплементацијата на GS1 стандардите во магацинското и деловното работење на болницата, предводен од фармацевт Бојана Филипоска и претставници од софтверската куќа “Логин системи” – Скопје, одговорни за софтверското решение во “Филип Втори”.
Работилница ја отвори директорката на GS1 Македонија, г-ѓа Милутиновиќ, која истакна дека специјалната болница “Филип Втори” е вистински лидер не само во модерното здравство во Република Македонија, туку и во прифаќањето на европските и светските стандарди, меѓу кои и GS1 стандардите. На состанокот беа презентирани извршените заеднички активности на тимот на “Филип Втори” и “Логин системи” во имплементирањето на GS1 стандардите во интегрираниот информационен систем во болницата, како и во секојдневното магацинско и деловно работење:
На крајот, трите тима разменија одредени мислења и ставови и ги дефинираа идните стратегиски цели и активности за конечното финиширање на имплементацијата на GS1 стандардите во болницата “Филип Втори”.
Настани
Новости