еИнфo
No7 - Ноември 2013


Превземи PDF 

Содржина

Пилот проект за GS1 DataBar

 

Бенефити за учесниците


Претставување на учесниците во Пилот проектот

Пилот проект за GS1 DataBar во Р. Македонија 
 

        Во декември 2011 година GS1 Македонија имајќи ги во предвид карактеристиките на GS1 DataBar-от, претставник од новата генерација баркодови отпочна кампања за негова промоција која траеше и во текот на цела 2012 година. За таа цел беа одржани повеќе работилници, како и лични посети на членките-компании од месната и млечната индустрија, а GS1 DataBar-от беше промовиран и кај големите синџири маркети. Како резултат на спроведените активности, GS1 DataBar-от со своите бенефити наиде на добар прием кај членките.

        Во март 2013 беше дефиниран Пилот проект со наслов “Со DataBar обезбедена следливост на производите до само наплатно место” на чија реализација се работеше цела 2013 година. Целта на Пилот проектот е да се покаже дека GS1 идентификационите клучеви, во случајов GS1 DataBar бар кодовите, се одличен механизам за спроведување на следливост низ дистрибутивниот систем до само наплатно место. Со тоа се обезбедува и олеснува следењето и контролата на залихите кај сите учесници во дистрибутивниот синџир по лот и по датум употребливо до, а сето ова овозможува лесно и брзо повлекување на производ од пазарот со “погрешен лот” или “изминат рок на важност” и заштита на потрошувачот.

       Освен основниот GTIN (ЕАН-13) кој што во целиот свет се користи во дистрибутивниот синџир за идентификација на единичен производ, GS1 DataBar-от во себе може да содржи и дополнителни информации за нето тежина, датум употребливо до и лот, односно информации кои ја обезбедуваат следливоста и безбедноста на храната. По формат е мал, компактен и штеди простор. Mоже да биде двореден и е помал од EAН-13, а воедно во себе содржи многу повеќе информации. Производите означени со GS1 DataBar-от се комплетно подготвени да се најдат и на европскиот и на светскиот пазар.

      Во Пилот проектот за GS1 DataBar-от се вклучени две познати месни индустрии ИМП Солета ДООЕЛ Скопје и Промес ДОО Скопје, како и две познати млечни индустрии Млекара АД Битола и Идеал Шипка ДООЕЛ Битола. Тргнувајќи од најголемиот бенефит од користењето на GS1 DataBar-от - тоа што тој во себе содржи повеќе информации за производот сместени на помал простор и обезбедува следливост на производите до само наплатно место, во Пилот проектот е вклучен и големиот синџир маркети Веропулос ДООЕЛ Скопје, кај кој ќе се спроведе финалното тестирањето на самиот Пилот проект.  

     Во Пилот проектот се вклучени и две ИТ куќи, исто така членки на GS1 Македонија, Сигма-СБ ДООЕЛ која стои со софтверските решенија во ИМП Солета ДООЕЛ и Промес ДОО, како и ИТ куќата Ултранет Ултра ДООЕЛ одговорна за софтверската имплементацијата на овој проект во синџирот маркети Веропулос ДООЕЛ. 

    Интегрираните информациони системи кај сите учесници во овој проект пооделно, кои веќе имаат имплементирано НАССАР систем како светски стандард за квалитет, се надградени и дополнети со глобалниот GS1 стандард, со што се обезбеди интерна и екстерна следливост. Пилот проектот е практичен пример како се решава следливоста на производите во еден сегмент од дистрибутивниот синџир со примена на GS1 стандардите, а притоа да се задоволат целите за безбедност на храна дефинирани во EU Food Law EC No 178/2002, врз кој се донесени и законите во Република Македонија од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ и тоа:
  • Закон за безбедност на храна за животни (Сл.весник 145/2010 од 05.11.2010) и
  • Закон за безбедност на храната (Сл.весник 157/2010 од 07.12.2010).
  •  
   GS1 Македонија им укажува голема благодарност на сите учесници во Пилот проектот за нивната соработка и прифаќањето на неопходноста за имплементација на DataBar-от, согласно препораката на Меѓународната GS1 организација до 01.01.2014 да се направат сите неопходни подготвителни активности за читање на GS1 DataBar-от на наплатните места. Тоа особено се однесува за производите со променлива тежина од месната и млечната индустрија, како и свежото овошје и зеленчук, кои ќе се обележуваат со GS1 DataBar поради бенефитите кои се добиваат од неговото користење. Експертите од централата на GS1 Global Оffice Брисел се вклучени во работата на специјалните работни групи за безбедност на храна при Европската комисија, со цел да го објаснат GS1 механизмот за следливост. Многу брзо се очекува дека GS1 како систем ќе се прифати и во правилник за обележување на производ донесен од регулаторните тела на Европската комисија.  
Цели на Пилот проектот

  • Спроведување на следливост на производите низ дистрибутивниот синџир, како примарно барање на дефинираниот Закон за безбедност на храната за животни и Закон за безбедност на храната, каде во прв план е заштита на потрошувачот.

  • Комплетен увид, контрола и следење на залихите кај сите учесници.

  • Можност од демонстрирање на повлекување на производ, односно можност од брзо, ефикасно и прецизно одредување на локациите од каде одреден производ треба да се повлече – правилно одредување на критичната точка.

  • Развоен концепт на визибилност на производите на пазарот.

  • Усогласување на базите податоци, а во догледно време и нивна електронска размена на податоците.

  • Промоција на новата генерација на GS1 баркодови GS1 DataBar и неговите можности за обезбедување на следливост на производот до само наплатно место.