Најчесто поставувани прашања

Зависи што е причината за падот на тестот на верификација и колку е лоша добиената оцена за секој параметар одделно. Некои параметри кои предизвикуваат пад на тестот се фатални и го оневозможуваат читањето на тој бар код, додека други ја намалуваат читливоста и тоа значи дека бар кодот ќе се скенира повеќе или помалку во зависност од тоа што го има предизвикано падот на тестот за верификација, од околината и опремата со која се читаат бар код симболите

Скенерите имаат различна оптика во нив, различни извори на светлина со различна јачина, различно фокусно растојание и користат различен софтвер. Компјутерите на кои се прикачени скенерите на себе имаат инсталирано различни програми за декодирање со различни декодирачки алгоритами кои можат „да простат“ некои грешки но не сите грешки. Пред повеќе декади индустријата која што се занимава со автоматска идентификација одлучи да ги стандардизира бар кодовите и да обезбеди тестови за нивна проверка, што е далеку по рационално отколку да се обидуваме да ги стандардизираме сите поврзани хардверски и софтверски решенија.

Голем број од понудените софтверски решенија им дозволуваат на корисниците да ги променуваат големината, висината, осетливоста и палета на останати атрибути. Креаторите на софтверот очекуваат нивните корисници да знаат кон што целат при промената на тие атрибути и каков резултат ќе дадат тие промени. Потребно е да се консултирате со продавачот на софтверското решение доколку не знаете како да го користите истото штом знаете што сакате да постигнете со неговото користење. GS1 може да ве советува за своите стандарди, но не и како правилно да го користите софтверот што го поседувате.

Најдобра пракса е да се изработат со коригирани забелешки и отпечатат повторно, но во зависност од причината за нивниот пад на верификацијата вие можете да го понудите производот на потрошувачите.

Постои можност бар код симбол кој што паднал за време на процесот на верификација сепак да се пласира до крајните потрошувачи само доколку следните услови се задоволени:

  • Бар код симболот има проблем со читање само во одредена скенирачки околина (омни-дирекционална,рачна, автоматска) и тоа е наведено на предната страна на продуктот,
  • Стапката не скенирање во извештајот е 100%
  • Висината на баровите е >60% од дефинираната висина
  • Грешката поради зголемување или намалување на симболот е мала
  • Бар код симболот ги има поминато следниве индивидуални параметри:
    1. Мирна зона
    2. Исправност на GTIN
    3. Контролна цифра
    4. Вкупна ISO оцена
    5. Општ облик

Тоа се прави со директни разговори со купецот или одговорниот менаџер. Презентирајте го извештајот од верификацијата и побарајте исклучок од правилата за вашиот случај. Да нагласиме дека купецот или менаџерот имаат комплетна дискреција да го прифатат или одбијат продуктот, или да го прифатат под услов наредната пратка да биде со коригирани забелешки по однос на квалитетот на бар код симболот. GS1 не учествува во вакви дискусии.

Проблемот објаснете им го на вашите потрошувачи или менаџери со кои соработувате. Во зависност од околностите и зошто бар код симболите паѓаат за време на процесот на верификација на вас може да ви се дозволи да ги пласирате вашите производи такво какви што се. Доколку не се дозволи пласман на производите во состојба во која што се, Вие ќе мора сами да изработите и прелепите лабели со бар кодови врз постојните кои се со лош квалитет.

GS1 ќе ве посоветува како да го направите тоа и каде да се обратите доколку е проблемот од техничка природа со опрема или софтвер. Во зависност од потребното време за советување можна е наплата на овие услуги, сепак краток телефонски разговор може да се изведе без наплата.