еИнфo
No25 - јули 2015


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Комплетно решение за следење на пивските буриња

Вовед во Глобалниот Идентификатор на вид на документ

Вовед во Глобалниот Идентификатор на вид на документ (GDTI – Global Document Type Identifier)

Што е Глобалниот Идентификатор на вид на документ?

    Глобалниот Идентификатор на вид на документ (GDTI) е GS1 Идентификационен клуч кој што се користи за означување на важни документи по вид. Овој уникатен идентификатор се состои од GS1 компаниски префикс, вид на документ, контролна цифра и опционално – сериски број.

GS1 Каталог

За што се употребува GDTI?

    GDTI е едноставна алатка што се користи за идентификација на вид на документи. Секаде каде што е потребни GDTI може уникатно да ги идентификува документите. Издавачот на документот, нормално, е одговорен за информациите што се во документот, вклучувајќи го и бар кодот и неговиот приказ разбирлив за човекот. Овие документи вообичаено бараат зачувување на соодветни информации кои се содржани во документот. Компанијата ќе издаде GDTI кога е потребно да се зачува запис за документот. GDTI ќе обезбеди линк до базата на податоци која ја содржи „главната“копија на документот.

    GDTI може да се користи за означување на привилегиите кој што ги има документот, односно лицето, кој го поседува. На пример, GDTI на возачката дозвола може да даде информации за видот на возила за кои возачот има дозвола да ги управува. Секој важен документ кој дава право или одредена обврска може да биде идентификуван и соодветните информации можат да бидат вметнати во бар код симбол со користење на GDTI како идентификационен клуч. Некои примери на видови на документи кои може да се идентификуваат со GDTI се:

  • Имотен лист кој го идентификува имотот
  • Барање за данок кој го идентификува побарувањето
  • Осигурителни полиси кои го идентификуваат носителот и покриеноста
  • Испитни листови за училишта
  • Испратница
  • Пасош
  • Идентификација на телевизиски реклами
  • Внатрешни фактури итн.
GS1 Каталог

    GDTI може да се вметне во GS1-128 бар код, да се кодира во Електронски код на продуктот EPC – во рамките на Радио Фреквентен таг (RFID) и да се печати на документ како метод за идентификација или за откривање на детали за информациите кои даден документ ги содржи.

GDTI атрибути

    Користењето на GDTI им дава на компаниите алатка за идентификување на документите која е едноставна и уникатна. Овој идентификационен клуч ќе го идентификува и ќе овозможи бар кодирање на секој документ кој побарува контрола, вклучувајќи ја и класата и видот на документот. Кога е потребна индивидуална идентификација на документ, тогаш опционално се користи сериски број за уникатна идентификација на секој документ.

    Доделувањето на броевите секогаш е во надлежност на издавачот. Бидејќи GDTI сам по себе нема значење, бројот на документот може да се заклучи во безбедна база на податоци и информациите за документот на тој начин ќе бидат достапни само за издавачот на тој GDTI. Овие GDTI идентификатори се базирани на GS1 системот и во себе го содржат компанискиот префикс, видот на документот и опционално сериски број, така на овој начин се добива алатка која е едноставна за генерирање на броеви, а уникатноста е загарантирана.

Деловни придобивки од користењето на GDTI

    Придобивките од користењето на GDTI за идентификација на важни документи се бројни:

  • Структурата на GDTI и правилата за употреба се управувани од GS1, непрофитна организација задолжена за стандардизација која обезбедува упатства за имплементација, примери од деловниот свет и врши одржување на овие стандарди.
  • GDTI е едноставен систем за кодирање кој се користи за означување и идентификување на документи со речиси бесконечен капацитет.
  • Веќе воспоставениот стандард за идентификација на важни документи, GDTI, ги користи истите GS1 стандарди кои се користат и во многу други деловни употреби. Доколку веќе ги користите GS1 стандардите за идентификација на продукти или локации, многу лесно можете да ја проширите употребата на овие стандарди и за означување на важни документи.
  • GDTI броевите се уникатни во светски рамки. GDTI може да се користи било каде во светот и притоа нема потреба деловните партнери да доделуваат сопствени броеви со цел да постигнат уникатност.
  • GDTI може да го идентификува секој документ посебно и уникатно, доколку тоа се бара.
  • GDTI им овозможува на компаниите да ги скенираат документите со цел да откријат или следат клучни податоци.
  • GDTI им дозволува на издавачите сами да доделуваат GDTI, а не тоа да го прави трета страна.
  • GDTI заштитува од погрешна идентификација и измама.
  • GDTI има едноставна и точно дефинирана податочна структура со алатка за проверка на својот интегритет што го олеснува обработувањето и преносот на податоците.
  • GDTI може да се вметне во GS1-128 симболот и/или EPC/RFID и во текст разбирлив за човекот.

Како се формира GDTI?

    GDTI се формира со следните компоненти:

  • АПЛИКАЦИСКИ ИДЕНТИФИКАТОР (AI) : AI 253 го означува GDTI
  • GS1 КОМПАНСИКИ ПРЕФИКС: Уникатен глобален број доделен од GS1 на компанијата членка
  • ВИД НА ДОКУМЕНТ: Доделен број за идентификација на тој вид на документ
  • КОНТРОЛНА ЦИФРА: Цифра добиена преку mod-10 алгоритам која се користи за проверка на правилноста на внесениот број
  • СЕРИСКИ БРОЈ: Опционален број за индивидуална идентификација на документи
GS1 Каталог

Забелешка: GDTI е 13 цифрен број, вклучувајќи ја и контролната цифра. Комбинацијата на компанискиот префикс и видот на документот секогаш ќе биде 12 цифри

Следните чекори се користат при формирање на GDTI:

  1. Започнете со Вашиот GS1 компаниски префикс. Вашиот GS1 компаниски префикс е глобален уникатен број доделен на вашата компанија од страна на GS1 Македонија или друга GS1 организација. GS1 компаниските броеви се со различна должина
  2. Креирање на вид на документ. Видот на документ е број доделен од Вас, сопственикот на GS1 компанискиот префикс, за уникатно идентификување на видот на документот во рамките на вашата компанија. Видот на документот има различна должина и зависи од должината на GS1 компанискиот префикс. Да нагласиме дека комбинацијата на должините на GS1 компанискиот префикс и видот на документ е секогаш 12 цифри.
    • Броевите за идентификација на документи доделувајте ги последователно и не правете никаква логика во нивното доделување. Дадена шема која идентификува даден вид на документ во одреден броен опсег има времено значење, бидејќи таа шема не би значела ништо веќе после наредната реорганизација на компанијата, затоа нема потреба од никаква сложена логика при доделување на овие броеви.
  3. Пресметка на контролната цифра. Контролната цифра е број кој што се состои од една цифра, пресметан е по посебен алгоритам и се користи за потврдување на податочниот интегритет. Како се пресметува истиот проверете на: http://www.gs1mk.org/GS1BK_Presmetka_Na_Kontrolen_Broj.aspx
  4. (Опционално) Доделете сериски број. Серискиот број Ви дава опција не само да следите одреден вид на документи, туку и секој поединечен документ. Можете да доделите се до 17 цифри за оваа намена за секој GDTI. Повторно да спомнеме дека најдобро е доделувањето на овие броеви да биде последователно, не е потребна никаква посебна математика или правила за нивно доделување.