Превземи PDF 

Содржина

40 годишнина

 

Нови услуги

Софтвер за генерирање на GS1-128 и логистичка етикета

GS1 Верификација на бар кодовите

Проверка на акредитација

Електронско аплицирање

 

Новости

Новиот 1WorldSync каталог

 

Теми на бројот

Електронска размена на податоците - Што, како и зошто?  

 

Нови услуги

Софтвер за генерирање на GS1 логистичка етикета и GS1 - 128 бар код
  
   Како одговор на големиот број барања од нашите членки за означувањето и етикетирањето на хиерархиските пакувања при извоз во странство - правилно генерирање на GS1-128 баркодови за означување на транспортни кутии и GS1 логистички етикети за означување на палети, GS1 Македонија излегува во пресрет на овие барања, со развивање на софтвер со кој ќе се олесни имплементацијата на новите стандарди во Вашата компанија.
  Софтверот е наменет за извозно ориентирани компании, особено мали и средни претпријатија, кои немаат интегриран информационен систем имплементиран во самиот процес на производство. Прв услов кој што треба да го исполните е Вашата компанија да биде членка на GS1 Македонија. Процедурата на пријавување на Вашата компанија, членка на GS1 Македонија, за користење на новите услуги започнува со пополнување на GS1 Формулар - 04 во кој го правите Вашиот избор за користење на еден од пакетите и истиот ни го доставувате на email, факс или лично. Доколку доставите правилно пополнета апликација, добивате username и password за користење на соодветната услуга за која сте аплицирале.

  Услугите се поделени во два пакети: 

• Основен пакет, во кој е содржана изработката на GS1 - 128 баркодови, кои потоа можете да ги интегрирате во Вашата етикета на транспортна кутија. Креирањето на GS1-128 бар кодовите е едноставно преку селекција на апликационите идентификатори за податоците кои треба да се содржат за производот (GTIN, број на производи во кутија, датум на употреба, итн.) и вредностите кои соодветствуваат за производот. Етикетите се печатат по 8 (4x2) на еден A4 лист доколку се генерира дво реден GS1-128 бар код или 14 ( 7 x 2) доколку се генерира едно реден бар код. Печатењето може да се изврши директно по генерирањето.

Цената на овој пакет е 7.000 ден. на годишно ниво, без вклучен 18% ДДВ.

• Премиум пакет, кој вклучува изработка на GS1 -128 баркодови за означување на транспортни кутии и најзначајно изработка на GS1 логистичка етикета (хомогена или хетерогена) за означување на палети и нивно директно печатење. Правилно означување на транспортните кутии и палети по GS1 стандарди е пасош за извоз на компаниите. Изработката на логистичката етикета е во неколку чекори, низ кои поминува корисникот и при секој чекор му се презентираат различни опции за податоците кои сака да ги содржи логистичката етикета. По завршувањето на внесот на податоците за логистичката етикета, истата се генерира во A5 формат и може директно да се печати.

Цената на овој пакет е 12.000 ден. на годишно ниво, без вклучен 18% ДДВ.  

 

Верификација на GS1 бар кодовите
  
   Во светот денес се скенираат преку 6 милијарди бар кодови. Над 1 милион компании низ светот ги користат GS1 стандардите во нивното спроведување на бизнис и задоволување на корисничките очекувања. Ова значи дека доколку бар кодовите не можат да бидат соодветно декодирани, тоа ќе ја чини компанијата време и пари.
  Денес, точно генерираните GS1 бар кодови се највиталниот дел од дистрибутивни-от синџир, бидејќи со нивно скенирање се пренесуваат брзи и точни информации.
  За крајниот корисник правилно изра-ботениот бар код е дополнителна потврда дека производите кои ги купуваат, а се означени со GS1 бар кодови и ги почитуваат GS1 стандардите се правилно означени и безбедни за користење. Правилното означување со GS1 стандарди е единствениот начин да се подобри читливоста, точноста, ефикасноста, видливоста и следливоста во дистрибутивниот синџир. Со верификацијата на бар кодовите се потврдува дали Вашиот GS1 бар код е коректно креиран и испечатен, со цел секој скенер да може да го прочита веднаш при првичното скенирање. Ако бар кодот не може да се скенира, се зголемува бројот на грешки во податоците и временските доцнења
     Верификацијата е значајна алатка за контрола на квалитетот, која обезбедува бар кодовите да бидат брзо и точно скенирани во било која точка од дистрибутивниот синџир. Верификацијата вклучува постојано и континуирано мерење на параметрите на бар кодовите според ISO и GS1 спецификации.
  Овие мерења потоа се споредуваат со очекуваните резултати од перформансите при скенирањето на бар кодот во опсегот на различни услови и се генерира извештај за верификацијата врз основа на оваа анализа, преку кој се идентификуваат сите несогласувања - потенцијални грешки во генерираниот бар кодот.
  Врз основа на големината на отворот и брановата должина на светлината со која се скенира бар кодот се дефинираат 4 оценки за успешност на бар кодот (A,B,C,D) или истите можат да се изразат преку броеви (4,3,2,1) за да се овозможи попрецизно мерење кога како резултат од тестот се добиваат деци-мални броеви.
  Воедно постои и оценка за неус-пешност на бар кодот (F=0).

Потврда за точноста на бар кодот

 

    На сите акредитирани членки, GS1 Македонија од 2013 година им нуди нова услуга - верификација на своите GS1 бар кодови. Со користењето на два нови верификатори Axicon 7015 и 12000, се овозможува проверка на еднодимензионалните бар кодови (EAN13, EAN8, GS1 – 128, ITF-14) и дводимензионалните бар кодови (Data Matrix, GS1 Databar, QR кодови, PDF и микро PDF кодови).
  Добиениот официјален извештај за точноста и валидноста на бар кодовите е светски признаен документ, кој што е задолжителен при извоз во голем број западно-европски земји, САД и Австралија.
  Заинтересираните членки можат да ги контактираат овластените лица во GS1 Македонија за да се запознаат поопширно за бенефитите од верификување на своите бар кодови или може да добијат повеќе информации на веб сајтот на GS1 Македонија - GS1 верификација на бар кодови.

   Ценовникот за оваа услуга е објавен на
Ценовник за верификација на GS1 бар кодови.

Проверка на акредитација
  
     Компаниите добиваат акредитација на годишно ниво, при што се обврзуваат дека ќе ги почитуваат условите кои им биле наложени при нивното зачленување. Акредитацијата се врши на основа на доделен капацитет на баркодови, па една компанија може да има повеќе акредитации до различни датуми. Моментално е овозможено пребарување на акредитираните членки по нивното име (www.gs1mk.org.mk/ Akreditirani_clenki.aspx),    а во склоп на глобалната организација со користењето на GEPIR, кое ќе биде една од темите на наредниот еИнформатор, се овозможува пребарување по име, баркод, SSCC и локација на сите регистрирани баркодо-ви во светот. На овој начин секоја наша членка добива можност да биде препознатли-ва во секоја земја во светот. 

Електронско аплицирање
  
Со цел да се следат модерните трендови на електронско работење, во рамките на GS1 Македонија се воведе електронски начин на изготвување на документи, електронска канцелариска работа и она што е најзначајно за нашите корисници – електронско аплицирање.  

Електронски анкетен формулар 

  На Аплицирајте електронски можете да го пополните електронскиот анкетен формулар, по што добивате два документи кои ги печатите и со соодветен потпис и печат ги доставувате до нашата канцеларија. При тоа, со самото регистрирање ние ги добиваме Вашите податоци и веднаш ќе Ве контактираме за појаснување на целата постапка. 

Успешна пријава