еИнфo
No28 - декември 2015


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Бенефитите на синхронизацијата на податоците во прехранбената индустрија

Работилница на тема: “Правилник за информации поврзани со храната и промоција на новиот лик на GS1 Kаталогот”

„Бенефитите на синхронизацијата на податоците во прехранбената индустрија“

GS1 Каталог

    Прехранбената индустрија има трислоен дистрибутивен синџир кој се состои од произведувач, дистрибутер и оператор. GS1 идентификационите клучеви може да се користат низ целиот дистрибутивен синџир. Глобално уникатен систем на нумерирање на производите без преклопување е многу важен за транспарентни, ефикасни и евтини процеси.

    Секоја компанија има база на податоци со информациите за производите кои ги произведува, продава или купува. Овие бази на податоци играат улога на каталог, кој потрошувачите моеж да го користат за поставување на нарачки и менаџирање со производителите. Кога една компанија ќе ги промени или додаде нови информации во нивните бази на податоци, каталозите на нејзините трговски партнери не се повеќе синхронизирани. Овој проблем го решава синхронизацијата на податоците преку GDSN. GDSN нунди процеси за одржување на податоците синхронизирани, а во исто време успева во намалување на трошоците во дистрибутивниот синџир, нуди комплетни и точни податоци за производите и нуди основа за подобрена следливост.

Анализирање на повратокот на инвестицијата за GDSN

    Во претходните е-инфо весници ги потенциравме бенефитите кои што Вашата компанија ќе ги добие со нејзиното приклучување во GDSN. Меѓутоа, како и секој друг важен проект, трговските партнери мора да определат каков ќе биде повратокот на инвестицијата (ROI) од користењето на GDSN. Преку наредната анализа целта е да се демонстрира позитивниот повраток на инвестицијата за Вашата компанија преку подобро алоцирање на ограничените ресурси. Оваа анализа може да се користи како почетна точка за било која компанија врз основа на која може да се пресмета ROI.

        Остварено Планирано
З
Г
О
Л
Е
М
Е
Н
А

П
Р
О
Ф
И
Т
А
Б
И
Л
Н
О
С
Т
НАМАЛЕНИ ТРОШОЦИ (Подобрени операции) Дистрибутивен синџир Намалени трошоци за транспорт 6.5% 2-8%
Подобрена продуктивност во дистрибутивната мрежа 41% 64%
Подобрени операциите за примање на производи 9% Нема податоци
Администрација Подобрена администрацијата на продуктивноста при нарачките администрацијата на продуктивноста при нарачките 50% 2-67%
Намалување на периодите за решавање на проблемите со фактурите и купоните (Книговодство) 8% Нема податоци
ЗГОЛЕМЕНИ ПРИХОДИ (Проширување на бизнисот) Воведување на нов производ Намалено време за дистрибуција на нарачката (побрзо пристугнување на производите до пазарите) 23% 67%
Услужни дејности Намалени случаи на одбивање на купони на местото на продажба (Корисничка поддршка) 40% Нема податоци
Продажба Намалено време на решавање на проблемите со податоците за производите (Продажба) Нема податоци 25-55%

    Постојат голем број функции и бизнис процеси на кои директно влијае или се директно подобрени со користењето на GDSN. Овие функции и бизнис процеси се користат како основа врз која се прави анализата на повратокот на инвестицијата. Според заедничката Accenture студија спроведена меѓу Grocery Suppliers Association (GMA), Food Marketing Institute (FMI), Wegmans Food Markets, Accenture LLP и 1SYNC.

    Во студијата исто така се дискутираат некои дополнителни бенефити за трошоците и профитот:

    “Истражувањето идентификува многу специфични точки на повраток на инвестицијата кои се претпоставува дека се само основата на она што е можно да се постигне со глобална синхронизација на податоците. Дополнителни организациони заштеди и профит може да се обезбедат тргнувајќи од овие основни точки. Иако фокусот на истражувањето беше на бенефитите од синхронизацијата на податоците врз намалување на трошоците, глобалната синхронизација на податоците успева да понуди нови можности за зголемување на приходите. Успехот од синхронизацијата на податоците влијае врз многу функционални области во рамките на организацијата.”

    Со цел да се изврши анализа на повратокот на инвестицијата, може да се искористи листата на специфични точки понудена во следната табела. Анализата започнува со одредување на количеството на време и ресурси алоцирани од страна на вработените за секоја од овие функции. Воедно, потребно е да се вклучи и бројот на корекции на грешки од неавтоматското работење во секоја од функциите. Потенцијалните области за ROI (Return On Investment) се конзистентни низ целиот дистрибутивен синџир на прехранбената индустрија (набавувачите, дистрибутерите и операторите).

ФУНКЦИОНАЛНА ОБЛАСТ МЕРКИ
ЛОГИСТИКА И ДИСТРИБУЦИЈА
  • Оптимизирање на трошоците за транспорт
  • Продуктивност во дистрибутивната мрежа
  • Воведување на нови производи
  • Време на стигнување до пазарот
  • Логистички трошоци
  • Трошоци за магацините и продуктивноста
  • Проблеми при достава на производите
  • Проблеми со непланираност на начинот на кој се подредуваат производите при транспорт
  • Плаќање повеќе за достава ако камионот носи помалку производи
  • Проблеми при магацинското работење (начинот на складирање на производите и инвентирање)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ТРУДОТ
  • Времето поминато за решавање на проблемите со потрошувачите
  • Продуктивност во администрацијата на производите и нарачките
  • Корекции и подредување на фактурите
АДМИНИСТРАЦИЈА НА НАРАЧКИТЕ И КНИГОВОДСТВОТО
  • Проблем со точноста на нарачките
  • Грешки во фактурите
  • Неточни податоци за нарачките и доцнења
  • Корекции при плаќањата на фактури