еИнфo
No19 - Јануари 2015


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Со воведување на RFID технологијата на инструментите за операција, универзитетската болница во Шимане - Јапонија ги намалува трошоците

Како RFID технологијата може да им заштеди повеќе од 52 милијарди американски долари годишно на трговците ширум светот.

Како RFID технологијата може да им заштеди повеќе од 52 милијарди американски долари годишно на трговците ширум светот.

GS1 Каталог

    Ново направена студија покажа дека трговците губат 128 милијарди американски долари годишно, на глобално ниво, како резултат на кражби, измами и административни грешки. Овие загуби со користење на технологијата на радио фреквентна идентификација со имплементирани GS1 стандарди (GS1 EPC/RFID) може да ја намалат оваа сума за речиси 40 проценти.

    Изминативе 13 години, Checkpoint System спонзорира студија именувана како „The Global Retail Thief Barometer“. Додека намалувањето на продажбата од 1.36% во јануари до 1.29% во декември следена во текот на 12 месеци има опаѓање, сепак пресметано е дека 128 милијарди американски долари глобално изнесува загубата кај трговците. GS1 EPC/RFID технологијата оваа сума може да ја намали за цели 40%.

    Пред да објасниме како RFID технологијата успева во ова, да го дефинираме терминот загуба кој се употребува во овој текст, тоа е разликата меѓу заработката која што трговецот требало да ја добие и онаа што реално ја добил. Во оваа пресметка земени се во предвид кражбите во нивните компании од страна на купувачите, кражбите од самите вработени, измамите од производителите и административните грешки. За пресметка на овие загуби е користен е Global Retail Thief Barometer кој е единствен и незаменлив мерач на овој проблем.

GS1 Каталог

    Студијата е спроведена во 24 земји низ Северна Америка, Средна и Јужна Америка, Европа и Азиско-Пацифичкиот регион. Опфатени се супермаркетите, бензинските станици, локалните продавници, магацините на големо, аптеките, продавниците за гардероба, техничка стока, продавници за накит итн. Истражувачката компанија „The Smart Cube“ спроведе електронска анкета врз одговорните лица кои се задолжени за намалување и спречување на загубите настанати од кражби и административни грешки со цел да се добие еден по јасен поглед кон оваа проблематика и да се има претстава колку изнесуваат загубите по тој основ. Поопширни интервјуа беа направени со некои од учесниците, како и со други експерти од трговската индустрија. Овие интервјуа беа спроведени со цел да се добијат квалитативни информации поврзани со предизвиците со кои се соочуваат трговците, нивото на интерес кое го посветуваат кон управувањето со овие загуби, како и причините кои имаат или немаат план и решение за намалување на овие загуби.

    Најголемо процент на загуби има во Северна Америка, каде трговците губат просечно 1.48 проценти од продажбата. Во Средна и Јужна Америка, процентот е 1.41, следи Азиско-Пацифичкиот реон со 1.28% и на крај е Европа со загуба од 1.13%. На врвот се наоѓа Мексико со загуби од 1.7%, потоа следи Кина со 1.53%, потоа се САД со 1.48%. Најмали загуби, односно, намалување на приходот по овој основ имаат Норвешка со 0.83%, Јапонија со 0.97% и Обединетото Кралство со 0.97%.

    Технологијата на радио фреквентна идентификација, GS1 EPC/RFID, не може да го елиминира во целост ова намалување, ни една технологија не може, но може да го намали процентот на загуби настанати од ова намалување. American Apparel од спроведените истражувања дојдоа до резултати дека после воведувањето на RFID технологијата на сите трговски и нетрговски единици во нивните продавници, внатрешните кражби од страна на нивни вработени намалени се просечно до 55% во сите нивни продавници. Во поедини продавници ова намалување е и до 75%. Поранешниот CEO Stacy Shulman посочи дека ова намалување се должи на намалувањето на грешките при процесирање на единиците и во промената на културата во нивните продавници. Со овозможеното следење на сите трговски и нетрговски единици во нивните продавници, тие им укажаа на своите вработени дека секоја единица има вредност, така што после тоа самите вработени стануваат по свесни и по тешко би зеле нешто без притоа да платат за тоа.

    Сега да ја направиме математиката. Според „Global Retail Theft Barometer“ кражбите од вработените изнесуваат 28 проценти од намалувањето на добивката мерена во глобални рамки. Дваесет и осум проценти од 128 милијарди американски долари е приближно 36 милијарди американски долари. Да речеме дека RFID технологијата оваа загуба ја намалува на пола. Тоа се 18 милијарди американски долари дополнителен приход за трговците.

    Според извештаите исто така административните грешки учествуваат со 21% во намалувањето на приходите. Тоа е еквивалентно на 27 милијарди американски долари. Се уште не е спроведена студија како RFID влијае врз намалувањето на овие грешки, но од можноста што ја нуди RFID технологијата за брзо пребројување, пресметување и следливост на продуктите или трговските единици таа би можела да ги намали административните грешки се до 80% па и повеќе. Тоа би била заштеда од 21 милијарда американски долари глобално.

    Измамите од производителите според направените анализи изнесуваат 13% од вкупното намалување на добивката во глобални рамки или тоа би биле 16.6 милијарди американски долари. Пример за овој вид на измама е каде испорачувачот тврди дека доставил 1000 парчиња од дадена трговска единица, но реално тој доставил 950. Тука можноста на RFID технологијата за брзо и точно пребројување може ова намалување да го намали за цели 80%, пресметано тоа би биле 13 милијарди американски долари.

    Да сумираме, според претходно приложените пресметки базирани на добиените резултати и извештаи од направената студија, RFID може на индустријата од секторот трговија да и заштеди и до 52 милијарди американски долари годишно. Не знаеме колку продукти се продаваат годишно, но да речеме 1000 милијарди. Означувањето на сите овие продукти би чинело 10 милијарди, доколку означувањето би чинело 10 центи по продукт (оваа цена би била и помала доколку секоја година се продаваат по 1000 милијарди RFID тагови). Заштедените 52 милијарди американски долари во текот на првата година од користењето на RFID ќе се искористат за набавка на целокупната технологија потребна за нанесување на овој вид на тагови, потоа секоја наредна година заштедата би била 52 милијарди американски долари.

    Пресметаната сума е навистина голема, се разбира оваа заштеда нема да биде поделена подеднакво меѓу сите трговци. Загубите варираат во голем опсег, во зависност од регионот на делување, од желбата на трговецот да се бори против оваа појава, од употребата на технологија и други фактори. Едно е сигурно за трговците кои ќе имплементираат RFID технологија за управување со својот инвентар (трговски и нетрговски), тие ќе добијат големо и брзо враќање на инвестицијата од подобрувањето на снабденоста на нивните продавници, магацини, дисконти итн., од елиминирањето на немање на продукт кој во тој момент е атрактивен и баран од потрошувачите и од намалување на загубите спомнати погоре во овој текст.