еИнфo
No19 - Јануари 2015


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Со воведување на RFID технологијата на инструментите за операција, универзитетската болница во Шимане - Јапонија ги намалува трошоците

Како RFID технологијата може да им заштеди повеќе од 52 милијарди американски долари годишно на трговците ширум светот.

Со воведување на RFID технологијата на инструментите за операција, универзитетската болница во Шимане - Јапонија ги намалува трошоците

GS1 Каталог

    Управувањето со инструментите за операции претставува уникатен предизвик за работниците во здравствениот сектор. Инструментите се мали и лесно можат да се изгубат кога се чистат и стерилизираат, или додека се врши самата операција, грешките во управувањето со овие инструменти се покажале како катастрофални по здравјето на пациентите. Инструмент кој што не е стерилизиран може да предизвика инфекција, во ретки случаеви, инструментот може да биде оставен во внатрешноста на самиот пациент по завршувањето на операцијата. Две болници во Јапонија инсталираа систем за радио фреквентна идентификација, кој ги следи инструментите кои се користат за операции на пациентите, системот самиот инструмент го следи за време на чистењето и стерилизацијата и додека е складиран и чека да биде употребен, со ова ризикот од грешки е сведен на нула, изјави провајдерот на технологијата KRD Corp. (KRDC).

    Универзитетската болница во Шимане е првата болница што го прифати така наречениот KRDC систем за безбедност на инструменти за операција (SIMSAFE) во 2011, пота сличен систем во 2013 година е инсталиран и во Wakayma медицинскиот центар на јапонскиот црвен крст. Следната година болницата и медицинското училиште Кочи станува третиот корисник на овој SIMSAFE систем.

    Шимане универзитетската болница располага со 600 кревети и е лоцирана во градот Изума кој за време на реконструкција и проширување донесе одлука и за инсталирање на RFID систем за следење на инструментите потребни за операција. Од тогаш според пренесените информации од болницата на KRDC, оваа технологија ги довела грешките со менаџирањето на инструментите за операција на нула, а времето што претходно било потребно за пронаоѓање на даден инструмент, од еден до два часа, со оваа технологија е сведено на неколку минути. Потпретседателот за развој на KRDC, г-дин Тсутому Сава – „Овој систем овозможи да се знае кој инструмент и кога излегол од операционата соба“.

    Во изминатите година Универзитетската болница во Шимане во рамките на SIMSAFE софтверот имплементира и модул за аналитика со кој може да се добијат информации кои инструменти се користат, а кои не. Со овој додаток се намали бројот на потребни инструменти кои треба да бидат вклучени во болничкиот инвентар за 20%, на тој начин се зголеми и ефикасноста на персоналот при локализирање на инструментите кои им се потребни, а воедно се постигна и намалување на квантитетот на нови инструменти што болницата треба да ги набави.

    Во просек оваа универзитетска болница изведува приближно по дваесет операции на ден. Болницата располага со 190 000 операциони инструменти, вклучувајќи скалпели, игли и стеги од различни големини за специфични видови на операции. Сите инструменти се сместени во посебно одделение во универзитетската болница каде се сместени пет машини за миење и осум машини за стерилизација на инструменти. Овие инструменти се пакуваат во метални контејнери, кои служат како претходно подготвени пакети за специфичен вид на процедури. Бидејќи некои инструменти може да бидат извадени од комплетот за време на некоја операција, додека останатите можеби и воопшто нема да се искористат, тие мора внимателно да бидат преброени после секоја процедура и мора да бидат вратени во комплетот и евентуално да бидат повторно стерилизирани за употреба за некоја наредна операција.

GS1 Каталог

    Пред да биде инсталиран овој автоматски RFID систем, болницата следливоста на секој инструмент како и неговиот статус го вршела рачно што било голем проблем поради потребното време за завршување на тие административни работи. Често во некои комплети недостигале инструменти па потоа членовите на екипата за оперирање морале да го бараат тој инструмент во операционата сала или во одделот за чистење и стерилизација.

    Во 2009 година KDRC го промовираат својот пасивен високо фреквентен (HF) 13.56 MHZ RFID керамички таг, кој е во согласност со ISO 15693 стандардот, и е наменет за употреба на операциони инструменти. Една година подоцна компанијата го промовира SIMSAFE кој се состои не само од KRDC тагови и софтвер, но исто така и од RFID читачи поврзани со Advantech HIT-W121 или UTC-520 терминали за приказ кои ги прибираат ID информациите од означените инструменти во делот за стерилизација и чистење како и во магацинот и самата операциона сала. KDRC исто така нуди и PDA уреди за рачно читање и префрлање на податоците до терминалот преку блутут конекција.

    Во 2011 Универзитетската болница Шимане премина кон прикачување на керамички RFID тагови на секој инструмент кој што се користи во операционите сали, како и на металните контејнери кои се користат за чување на тие инструменти. Големината на таговите варира од 6х5х2.5mm се до 7.4x6.5x2.6mm. Секој таг е вграден во метален прстен кој потоа е заварен на една страна од инструментот или контејнерот. Кога се закажуваат операциите, ID бројот на пациентот, процедурата што се изведува, како и инструментите што се потребни се прикажуваат во SIMSAFE софтверот, врз сонов на сопствената база на болницата интегрирана со системот за менаџирање на пациенти. Вработените се најавуваат во SIMSAFE софтверот за да се подготват за операцијата и тука може да ги видат сите инструменти кои ќе им бидат потребни за даден пациент.

    За да се состави комплет за операција за дадениот пациент, работниците користат SIMSAFE читачи за читање на ID тагот на секој инструмент и M3 мобилен рачен уред за проверка на тагот на контејнерот и на тој начин ги поврзуваат ID таговите на инструментите со ID тагот на пациентот. Доколку настане некаква грешка, како на пример избор на погрешен инструмент, или избор на не стерилизиран инструмент, на екранот од читачот се појавува аларм кој алармира за настанатата грешка. Рачните читачи се користат за читање на таговите од контејнерите бидејќи сместувањето на голема метална кутија на класичен читач би било незгодно за вработените, но нормално овие тагови без проблем би се прочитале и на стандарден читач доколку така биде одлучено.

    Штом пакетот се комплетира, контејнерот се запечатува, се сместува на метална количка која се одвлекува до просторијата за складирање на подготвени комплети со инструменти. За време на патувањето до таа просторија, количката и кутијата поминуваат низ низа на фиксни читачи на RFID тагови кои се состојат од KRDC читачи и антени. Овие фиксни читачи ги читаат ID броевите на металните контејнери и на означените инструменти кои се сместени во нив и алармираат само доколку детектираат некоја грешка, на пример доколку содржината на контејнерот не е во согласност со барањата за операцијата која треба да биде изведена.

GS1 Каталог

    За време на процедурата, контејнерите се вадат од просторот за складирање и повторно поминуваат низ фиксните читачи. Овој настан на читање на RFID тагот означува дека контејнерот е преместен и во овој случај системот алармира само доколку има грешка (на пример погрешен контејнер е преместен (земен) за операција закажана за тој ден, или пак рокот на важност на стерилизацијата е веќе изминат, бидејќи стерилизацијата мора после одреден период повторно да се спроведе без разлика што инструментите не се употребени).

    Во операционите сали дел од помошниот персонал повторно користи друг SIMSAFE читач за да ги прочита сите ID тагови на инструментите кои ќе се користат за оперирање на дадениот пациент и на овој начин се исклучуваат сите можности за било каква грешка. Помошниот персонал може да го чита и секој таг на инструментите како што тие се употребуваат за време на процедурата. Штом операцијата заврши, сите тагови на инструментите се читаат повторно, и доколку се заклучи дека некој инструмент недостига SIMSAFE софтверот алармира.

    Пред операцијата системот ги следи инструментите за време на процесите на чистење и стерилизирање. Вработен ги чита таговите на инструментите преку читач поврзан со Advantech терминал како што тие се чистат. Подоцна во делот за стерилизација, вработен опремен со рачен M3 мобилен уред со блутут конекција ги скенира таговите на контејнерите како и RFID локацискиот таг инсталиран во одделот за стерилизација, со цел да се докаже дека е навистина извршена стерилизација. На овој начин доколку некој од вработените испушти да измие или стерилизира инструмент, софтверот ќе го детектира тој пропуст ќе алармира и испрати аларм до одговорниот вработен со известување за потреба од лоцирање на неизмиениот и нестерилизиран инструмент и негово вклучување во потребниот процес на стерилизација и чистење.

    Овој систем не само што ги намали грешките на 0 истиот ја зголеми и ефикасноста на вработените. Пред RFID технологијата да биде имплементирана беа потребни два до три вработени и пет до шест часа за подготовка на потребната опрема за оперирање на закажаните пациенти за тековниот ден, оваа процедура се повторувала секој ден. Ова време по инсталирањето на новата RFID технологија е намалено за цели 75%, целокупното време заштедено во одделите за оперирање и стерилизирање годишно, според направените извештаи, на болницата и заштедуваат повеќе од 300 000 американски долари.

    Со анализирање на собраните информации од SIMSAFE системот од претходните години, болницата не само што била во можност да ги намали трошоците и бројот на инструменти потребни за операциите, туку и била во можност да го зголеми бројот на операции по ден. Бидејќи потребното работно време за дадени процедури е намалено благодарение на инсталираниот систем, можно е да се зголеми бројот на операции без да има потреба од примање на нови вработени.

    Со имплементираниот систем болницата многу по ефикасно и по квалитетно одговара и во услови на итни случаеви бидејќи вработените многу брзо и едноставно можат да ги лоцираат инструментите потребни за изведување на итни операциски процедури.