Работна посета на РАДЕ КОНЧАР-КОНТАКТОРИ И РЕЛЕИ на 17.01.2019

На 17.01.2019 година тимот на GS1 Македонија ја посети нашата членка РАДЕ КОНЧАР – КОНТАКТОРИ И РЕЛЕИ. За време на посетата, претставниците на компанијата ја презентираа долгогодишната успешна работа на фабриката, нивните моментални проекти, како и нивните планови за понатамошни проширувања и подобрувања.


Pulpit Rock
Pulpit Rock

Pulpit Rock

За време на работната посета главен акцент беше поставен на идеите за воведување на интерна и екстерна следливост на полуматеријалите и финалните производи кои се креираат во фабриката. Беа презентирани GS1 стандардите кои овозможуваат следливост на производите и беше објаснет системот како чекор по чекор со имплементација во нивната фабрика би се вовела следливоста. Воедно беа презентирани алтернативи во зависност од моменталната информатичка и техничка подготвеност за означување на производите на сите нивоа во хиерархијата на пакување и беа запознаени претставниците од различни сектори во РАДЕ КОНЧАР со активностите кои би требало да бидат превземени за конечната имплементација (ИТ сектор, маркетинг сектор, сектор за транспорт и логистика). Присутните на работната средба имаа голем број прашања и беа заинтересирани за начините како ваквата следливост теоретски, но и практично може да се воведе во компанија од нивниот калибар преку практични примери од слични компании.

Во вториот дел од работната посета беше презентиран GS1 Каталогот и беше договорена соработка со РАДЕ КОНЧАР за внесување на нивните производи во GS1 Каталогот и следствено синхронизација на податоците за производите во најголемата база на податоци за производи во светот – GS1 Cloud.


Pulpit Rock

Бидејќи РАДЕ КОНЧАР е исклучиво извозно ориентирана компанија, која соработува со трговски партнери од Европската Унија, воедно беше презентирана најновата услуга на GS1 Македонија – издавањето на LEI (Legal Entity Identifier) број, кој би можел да се користи во нивните финансиски трансакции. Беа објаснети чекорите како се врши апликацијата за добивањето на LEI бројот.


Во наредниот период, двете страни се договорија да продолжат со работа на активностите кои беа договорени за време на работната посета.

Корисни линкови