еИнфo
No27 - ноември 2015


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

„Производите од GS1 Каталогот видливи и во Food Gate - Русија“

„Интервју со Г-дин Denis Ayzikovich (FOOD Gate)“

„Производите од GS1 Каталогот видливи и во Food Gate - Русија“

Иновативно решение за е-комерција базирано на GS1 стандарди

GS1 Каталог

    Руската IT компанија “Gate”, технички партнер на GS1 Русија понуди нов иновативен веб базиран систем за пребарување и тргување со прехранбени производи. Со постигнувањето на договорот за соработка во декември 2014 година меѓу GS1 Русија и IT компанијата Gate, се овозможи отпочнување на изработката на веб базираниот систем а за е-трговија Food Gate ( Посетете го на http://en.foodgate.ru), следејќи ги интернационалните стандарди за класификација на производите и приказ на информациите дефинирани според GDSN стандардите и регулативите на GS1 организацијата. Food Gate е достапен на два јазици: англиски и руски јазик.

   “Изборот на GS1 стандардите и решенијата во изработката на Food Gate го направивме без никакви дилеми. За трговија на производите сега е потребен само бар код. Сите други потребни податоци за производите, класификацијата и нивните атрибути може да се пристапат од веќе формираните GDSN бази на податоци. Тоа го олеснува начинот на електронска трговија за сите учесници.”

Denis Ayzikovich
Генерален извршен директор Gate LLC

B2B платформа за електронска трговија

    B2B платформата за електронска трговија е дизајнирана со цел да се креираат и објават понуди за трговски производи, да се пронајдат партнери и да се овозможат трансакции.

    Нуди низа функционалности достапни до крајните корисници:

GS1 Каталог
  1. Креирање понуди за производите врз основа на GTIN-от на производот. Внесот на податоците за производите е врз основа на стандардите воспоставени од GS1 организацијата, односно GS1 GDSN стандардите. GS1 Каталогот, најновиот проект на GS1 Македонија нуди лесен начин за опис на производите во согласност со GS1 GDSN стандарди.
  2. Класификацијата на производите се врши со користење на Глобалната класификација на производи (GPC), која се користи и во GS1 Каталогот. Кога ќе се креира понуда за производот преку неговиот бар код (GTIN), мора да се наведе и класификационата група во која се содржани понудените производи. Оваа класификација овозможува уникатен начин на пребарување на производите независно од земјата.
  3. Автоматско пребарување во реално време на совпаѓачка понуда и побарувачка.
  4. Интерактивен и лесен начин на пребарување според GPC класификацијата
  5. Голем број опции и критериуми за пребарување на понудите:
    • Локација на компанијата (геолокација)
    • Начини и услови при плаќање
    • Начин на достава, базиран на Incoterms регулативите
    • Цена
    Лесна регистрација за сите членки компании на GS1 Русија и GS1 Македонија. Секоја членка со самата регистрација во GS1 Каталогот и внесот на податоците за своите производи автоматски е и дел од Food Gate, а сите промени во производите навремено се синхронизираат.

    Извори на податоци за производите се базите на GS1 Русија и GS1 Македонија, кои ги содржат точните и навремено ажурирани податоци за производите и производителите, кои се официјално членки во GS1 системот.

Мапа на компании според GPC

GS1 Каталог

    Оваа платформа овозможува пребарување на GS1 членките компании според GPC категориите и географскиот регион. Платформата нуди можности за:

  1. Визуелен приказ на светската мапа на локации на компаниите и нивните оддели (според Глобалниот локациски број – GLN). Компанијата или одделот се прикажуваат на мапата само доколку производите се класифицирани со GPC.
  2. GPC класификаторот може да се користи на различни нивоа (примарно постојат 4 нивоа на класификација на производите).
  3. Автоматска електронска синхронизација со базите на производи од GS1 Русија и GS1 Македонија.
  4. Приказ на податоци за компаниите во Русија и Македонија.

    Предностите на овој систем се:

  • Скалабилност на платформата која овозможува додавање на нови групи на производи.
  • Интеграција на податоците од националните GS1 организации и нивен приказ на појасно дефиниран начин
  • Користењето на GS1 стандардите
  • Можноста GS1 членките компании да ги промовираат производите глобално.

Пребарувач на прехранбени производи

    Пребарувачот на прехранбени производи овозможува секој корисник (маркет) да ги постави своите барања за достава на производи. Со спецификација на категоријата на производите, нивната цена, минималниот квантитет на достава, целосната достава, условите за плаќање, локацијата на достава и други параметри се овозможува брз начин на поврзување на производителите и маркетите.

    Со големиот број на параметри за опис на производот не се овозможува само подетален и поточен опис на производите, туку и полесен начин на пронаоѓање на производите лоцирани на одредена територија од дадената класификациона група.

GS1 Каталог

    Сите контакт информации се чуваат во профилот на компанијата и стануваат видливи кога ќе започне комуникацијата меѓу производителот и маркетот. Секоја трансакција се проверува со финансиската способност на купувачот и може да се откаже во било кој момент од различни причини. Учесниците може да остават рејтинзи и коментари за изгледот, дизајнот и комерцијалниот предлог за производот, но и за самата трансакција.

    Системот овозможува и анализа на конкуренцијата и производите на пазарот, пронаоѓање на потенцијални партнери, анализа и споредба на цените во однос на региони на различни производи.