еИнфo
No7 - Ноември 2013


Превземи PDF 

Содржина

Пилот проект за GS1 DataBar

 

Бенефити за учесниците


Претставување на учесниците во Пилот проектот

Идеал Шипка ДООЕЛ Битола

Александар Чадиковски,
Директор за продажба
“Нашата компанија во изминативе години нај-големо внимание посве-ти на модернизацијата на производството.
 Потврда за тоа е нашето влегување во светското семејство „Президент“ (Président) - една од најпознатите глобални трговски марки и експерт во категоријата сирења. Бидејќи нашите производи добија меѓународна препознатливост и ни се отвораат патиштата за пласман на европските пазари. Свeсни од потребата за прифаќање на меѓународни стандарди вклучувајќи ги и GS1 стандардите и земајќи ја во предвид препораката на GS1 да од 01 јануари 2014 година прехранбените производи на европскиот пазар бидат означени со GS1 DataBar, ние решивме подготвени да пристапиме кон овие нови предизвици.
 
  Во овој Пилот проект влеговме бидејќи ги користиме, поддржуваме и прифаќаме во нашето работење GS1 стандардите како светски стандарди со кои се подобрува работењето. Нашата компанија располага со мерни уреди од новата генерација на ваги Bizerba со кои може да се генерираат и баркодови од новата генерација, поточно GS1 DataBar-от. Со автоматско означување на производите со GS1 DataBar, се отвараат нови можности за решавање на проблеми во деловното работење, како што се автентичност на производите, след-ливост, квалитет и идентификација на производите со променлива тежина."
    Профил на компанијата

   Уште од нејзиното основање во 1997 година, млекарницата Идеал Шипка Битола стана пазарен лидер во производството на млеко и млечни производи. Како втора по големина млекарница на пазарот во Република Македонија, Идеал Шипка континуирано го продолжува својот развој, прошурување на дејностите и поставува пред себе предизвици и амбициозни деловни планови за понатамошен силен раст на производниот асортиман со врвен квалитет.
  Од 2002 година Идеал Шипка започнува со производство и на ферментирани млечни производи (јогурт, кисело млеко и павлака) и свежо млеко, при што сите производи успеаа до ден денес да го задржат реномето и довербата што ја имаат кај потрошувачите.
  Во 2007 година Идеал Шипка стана дел од најголемата млечна индустрија на светот Лакталис и ја презеде улогата на центар за развој и ширење на млечната индустрија на подрачјето во југоисточна Европа.
  Денес македонските сирења и кашкавали произведени во млекарата Идеал Шипка се дел од понудата на над 200 оригинални производи на Президент, кои се пласираат на над 140 пазари низ светот – една од најпознатите глобални трговски марки и експерт во категоријата на сирења. Со тоа производите на Идеал Шипка не само што нема да изгубат од својата автентичност, квалитет и вкус, туку ќе добијат меѓународна препознатливост што ги отвора патиштата за пласман на европските пазари.