Следливост во трговијата на мало

Синџирот на снабдување кај индустриите учесници во трговијата на мало станува се покомплексен. Интеракцијата деловен со деловен партнер се проширува на интеракција на деловен партнер со потрошувач. Со оваа додадена комплексност, вработените задолжени за квалитет во мултинационалните корпорации или сопствениците на индустриски капацитети кои се занимаваат со производство на храна треба да имаат можност за следење и лоцирање на продуктите од изворот на суровината до крајната дестинација на продуктот. Следливоста која што се овозможува преку GS1 стандардите им овозможува на засегнатите страни видливост на продуктот низ синџирот на снабдување.  Дознајте повеќе за тоа како функционира следливоста во трговијата на мало >

GS1 стандарди за следливост во трговијата на мало

Нашите стандарди нудат глобална уникатна идентификација и прибирање на податоци за трговските единици, средства, логистички единици, страни и локации. Дополнително нашите стандарди овозможуваат критичните податоци при трговската размена да бидат зачувани и на тој начин да постои урамнотежена размена на информации за следливоста меѓу трговските партнери.

GS1 стандард за глобална следливост

 

Бенефити

  • Овозможува прецизно и ефективно повлекување од продажба на опасни продукти од пазарот
  • HИм помага на потрошувачите во нивната информираност за клучните атрибути на продуктот како на пример присуство на алергени во составот на храната

  • Помага во борбата со фалсификаторите и го штити интегритетот на брендот

  • Претставува клучна компонента за регулаторите и стандардите за безбедност

Имате прашања?

Ние можеме да Ви помогнеме