Правилно означување на транспортните кутии и палети по GS1 стандарди - пасош за извоз

Како одговор на големиот број барања од нашите членки за означувањето и етикетирањето на хиерархиските пакувања при извоз во странство - правилно генерирање на GS1-128 баркодови за означување на транспортни кутии и GS1 логистички етикети за означување на палети, GS1 Македонија излегува во пресрет на овие барање со низа нови услуги кои ќе ја олеснат имплементацијата на новите стандарди во Вашата компанија.

Софтверот е наменет за извозно ориентирани компании, особено мали и средни претпријатија, кои немаат интегриран информационен систем имплементиран во самиот процес на производство.

Прв услов кој што треба да го исполните е Вашата компанија да биде членка на GS1 Македонија. Доколку не сте членка, започнете ја процедурата за зачленување.

Процедурата на пријавување на Вашата компанија, членка на GS1 Македонија, за користење на новите услуги започнува со пополнување на GS1 Формулар - 04 во кој го правите Вашиот избор за користење на еден од пакетите и истиот ни го доставувате на email, факс или лично.

Доколку доставите правилно пополнета апликација, добивате username и password за користење на соодветната услуга за која сте аплицирале.

Услугите се поделени во два пакети:

  • Основен пакет, во кој е содржана изработката на GS1 -128 баркодови, кои потоа можете да ги интегрирате во Вашата етикета на транспортна кутија.
  • Премиум пакет, кој вклучува изработка на GS1 -128 баркодови за означување на транспортни кутии и најзначајно изработка на GS1 логистичка етикета (хомогена или хетерогена) за означување на палети и нивно директно печатење.

Пред да започнете со самостојно генерирање на GS1-128 и логистичките лабели, Ве советуваме да се запознаете со основите на GS1-128, SSCC и GS1 логистичката етикета:

Корисни линкови