еИнфo
No16 - Октомври 2014


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

EPC/RFID

Интегритет на синџирот на снабдување во здравството, овозможен од EPCIS

Синџир на снабдување во здравството

    Денес кога фалсификувањето на лековите е во подем и се почесто на пазарот се среќаваат ваков вид на медикаменти, за фалсификаторите е се потешко да фабрикуваат убедливи релевантни информации за потеклото на лековите кај кои имаме следливост наназад се до нивниот вистински производител. Употребата на ваков вид на информации за потеклото на даден производ е основа за законската следливост во голем број на легислативи донесени од регулаторните тела низ целиот свет. Целта на овие законски барања за следливост на производите е за да се оневозможи влез на фалсификат производи во регуларниот синџир на снабдување во здравството. Учесниците во синџирот на снабдување во здравството треба да овозможат и да обезбедат пристап до информациите за трансакциите и движењето на производите низ синџирот на снабдување преку имплементирање на така наречените правилници на „Синџирот на поседување -Chain of Custody (CoC)“ и „Синџирот на сопственост – Chain of Ownership (CoO)“ за обезбедување на сигурност во синџирот на набавка. Паралелно мора сите чекори кои се имплементираат да бидат и компатибилни со новите регулаторни мерки кои се воведуваат низ светот.

Следливост базирана на настани

    Електронски код на производот (Electronic Product Code Information Services – EPCIS) е отворен стандард кој им овозможува на деловните партнери да прибираат и разменуваат информации во синџирот на снабдување за движењето и состојбата на производите, во нивните компании и со нивните партнери. Овој вид на движења или „настани“ се состои од четири основни принципи:

  • Што продукти се опфатени?
  • Кога е извршен евидентираниот настан?
  • Каде бил продуктот и каде е сега?
  • Зошто е направена оваа опсервација?

    EPCIS им овозможува на учесниците во синџирот на снабдување во здравството да ги исполнат регулаторните барање на „Синџирот на поседување“ и „Синџирот на сопственост“, додека истовремено се проширува вкупната видливост во синџирот на снабдување, а тоа помага во унапредувањето на ефикасноста на операциите и ја зголемува сигурноста на синџирот на снабдување.

„Користењето на GS1 стандардите како EPCIS за поддршка на серијализацијата и следливоста ќе биде клуч во обезбедувањето поголема сигурност на синџирот на снабдување во здравството и истовремено со негова примена ќе се исполнат новите правила кои се носат во светот. Овој стандард е основ во исполнувањето на U.S.DSCSA преку кој се минимизира можноста за контаминирање, расипување, диверзија или фалсификување на фармацевтски продукти.“Lioyd Mager, лидер за глобална следливост во AbbVie

GS1 EPCIS

    EPCIS е GS1 стандард за прибирање на податоци за движењето и статусот на производот, логистичката единица или останати ствари во синџирот на снабдување и размена на тие податоци меѓу инволвираните страни во дадениот процес. Овој стандард им овозможува на трговските партнери да прибираат податоци за настани поврзани со информациите за дадени објекти како што тие објекти се движат низ синџирот за набавка и им овозможува овие собрани информации да ги споделат со авторизираните трговски партнери. Овој EPCIS стандард содржи технички информации потребни за изработка на интерфејс за размена на податоците меѓу апликациите кои ги прибираат податоците за настаните поврзани со производите и апликациите на кои им се потребни овој вид на апликации.

EPCIS е стандард независен од податочните носители

    EPCIS може да се користи со податоци земени преку скенирање на GS1 бар код и GS1 EPC/RFID тагови.

Придобивки од отворените стандарди

    Усогласувањето со глобалниот отворен стандард EPCIS ги намалува трошоците за развој на системи за следливост кај трговските партнери и изведувачи на овие системи. EPCIS се почесто се имплементира во секторите: здравство, свежа храна, облека и железница, со цел да се зголеми ефикасноста во различните области, почнувајќи од управувањето со инвентарот, па се до намалување на загубата на потрошувачите и зголемување на безбедноста на пациентите. Благодарение на оваа се почеста примена на EPCIS стандардот, цената за имплементирање се повеќе се намалува за корисниците од сите сектори, бидејќи софтверските компании започнуваат во поголем обем да создаваат софтвер за оваа намена, а со тоа и цената на чинење се намалува во споредба со цената која инаку би требало да се плати за решение наменето само за еден клиент. EPCIS стандардот е имплементиран во софтверските решенија на сите големи бренд производители на компјутерски софтвер.

Широко поле на употреба

    EPCIS има широко поле на употреба и е погоден за примена во голем број на деловни ситуации со кои се среќаваат компаниите во синџирот наснабдување, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на:

  • Достава на пратки
  • Препакување
  • Точност на пратката
  • Повлекување
  • Враќање

Поседување и сопствеништво

    Идентификацијата на изворот и дестинацијата обезбедува дополнителна информација која се однесува на трансферот на поседувањето и/или сопственоста. За настан од областа на транспортот, полето со информација за изворот може да ја идентификува страната која моментално го поседува или ја има сопственоста врз пратката, додека полето со дестинација ја идентификува страната кој ја прима пратката и очекува да ја поседува и/или има сопственост врз неа. За настани, гледано од страна на примателот, полето со изворот индицира кој ја имал сопственоста или поседувањето на пратката, додека дестинационото поле кажува кој ја превзел сопственоста или кој ја поседува дадената пратка.

Серијализирана и лот базирана идентификација

    EPCIS се користи за собирање и размена на податоци за историјата на даден производ, следен на ниво на серијализација или на ниво на lot/batch. Оваа способност е од критично значење бидејќи ќе им помогне на индустриите во процесот на мигрирање кон серијализацијата на производите и обезбедување на следливост (track&trace).

RFID на фармерки RFID на фармерки RFID на фармерки

Мониторинг на статусот на производот

    Полето „Disposition“ во настаните од EPCIS може да се користи за опис на моменталниот статус на производот кој што е цел на следење, и тоа:

  • Во транзит
  • Во малопродажба (продадено)
  • Истечен
  • Оштетен
  • Нема совпаѓање со потеклото
  • Повлечен

    Ажурирање на податоците за производите и пратките во реално време може да биде од големо значење за тимовите од „бизнис интелигенцијата“(business intelligence) на засегнатите страни. Им овозможува на трговските партнери да управуваат со инвентарот, приемот на пратките или да превземаат соодветни акции за поуспешно ракување со производите/пратките на повеќе проактивен и ефикасен начин.

Регулативна усогласеност

    EPCIS ќе се користи како добра основа во усогласувањето со регулативите и континуитетот на движење на производите низ синџирот на снабдување, така што, на пример во здравството, пациентите континуирано ќе ги добиваат соодветните третмани кои им ги спасуваат животите.

    Тие регулативи вклучуваат, но не се ограничени само на оние, специфицирани од U.S Drug Supply Chain Security Act (DSCSA). Истите EPCIS податоци може да се користат и за обезбедување на следливост во повеќе области кои се подложни на одредени регулаторни прописи.