еИнфo
No4 - Јули 2013

 


Содржина

Улогата на GS1 во уникатната идентификација на медицинските помагала

 

Новости за имплемента- ција на GS1 стандардите од страна на регулаторните тела во здравствениот сектор низ светот во здравствениот сектор во Европа и САД


Европа 

Азија 

Австралија и Нов Зеланд

Северна и Јужна Америка

Африка

 

Улогата на GS1 во уникатната идентификација на медицинските помагала


Здравствениот дистрибутивен синџир постојано се менува со воведување на уникатната идентификација на медицинските помагала (UDI), следливоста, е-Здравство, глобализација, намалување на трошоци. Мора да се биде подготвен, односно да се предвиди и искористат можностите во иднина!

Дали знаевте?
Од преку 66.000 извештаи за непосакувани настани примени во US FDA во 2007 година, во 60% од нив недостасувал лот бројот или друг значаен идентификатор.  
 
Дали знаевте?
На 8 болници во Хонг Конг им беа потребни две недели за да пронајдат 30 пациенти, кај кои била извршена операција на замена на колк поради отповикување на медицинските помагала кои што се користеле во операциите.  
 
Дали знаевте?
Членството на компаниите за производство на медицински помагала во GS1 Здравство им помага да ги видат и искористат можностите во иднина – да соработуваат и да споделуваат најдобри практики со нивните колеги и потрошувачи за да се адресираат најголемите предизвици на денешниот и утрешниот дистрибутивен синџир.  
 
 
Дали ги знаете најзначајните бенефити од членството во GS1?
  • Бидете први во дознавањето за новите барања, кои влијаат на Вашиот дистрибутивен синџир и избегнете ги (со поголеми трошоци) промените во последен момент во производство, пакување и логистика. Глобалните членки имаат оn-line пристап до најновите информации за постоечките барања и оние во фаза на развој во повеќе од 85 земји. Дополнително, како што се случуваат промените во светот, навремено ќе бидете информирани за новите предизвици.
  • Имајте влијание врз процесот на одлука за барањата со известување на регулаторите и другите засегнати субјекти преку неутралниот извор кој промовира глобална хармонизација. Од нејзиното формирање во 2005 година, глобалната работна група за здравство соработува со разни регулаторни тела и асоцијации низ светот, вклучувајќи ги US FDA, Европската комисија и Министерството за здравство во Кина. GS1 Здравство е значаен и доверлив извор на информации при развој и имплементација на регулативи и директиви.


  • Споделете ги најдобрите практики и нека станат вашите решенија во дистрибутивниот синџир “benchmark” за другите компании во здравствениот и другите сектори. Како глобален член, може да учествувате во регуларните конференциски повици и да дискутирате за најновите промени на светско ниво и нивното влијание врз вашиот дистрибутивен синџир и можните решенија.
Вашиот предизвик: Да се зголеми комплексноста во менаџирање на дистрибу-тивниот синџир

Да се задоволат барањата на засегнатите субјекти
• Голем број регулатори моментално развиваат барања за следливост на лековите и серијализација, која што може да резултира со голем број различни барања за медицинските помалага во различни земји...
• Водечките GPO и болници го поддржуваат прифаќањето на GS1 стандардите.

Соочете се со индустриските предизвици
• Зголемена глобализација а
• Зголемена сигурност, особено при кражба и фалсификување
• Зголемен притисок за заштеди при пакување и други операции во дистрибутивниот синџир  
  GS1 нуди решение: Неутрален, интернационален форум за развој на глобални решенија

Подгответе се за иднината
• Добијте навремени информации за барањата во фаза на развој преку глобалната мрежа

Развој на глобални индустриски стандарди
• Информирајте ги регулаторите низ светот преку неутрален и доверлив извор
• Следете ја насоката на прифаќање и развивање на стандардите

Овозможете соработка
• Соработувајте со други индустриски асоцијации и други водечки организации за развој на стандарди
• Искористете ја мрежата од повеќе од 115 GS1 национални организации и 1.2 милиони компании членки низ целиот свет, во различни бизнис сектори.