Довербата започнува со GS1 Cloud.

Обезбедете им доверливи податоци на вашите потрошувачи.

GS1 Cloud - Better access to product information

Денес, повеќе од било кога досега, потрошувачите очекуваат едноставен и лесен начин за пристап до доверливи податоци за производите кои потекнуваат од самите сопственици на брендови или производители. Од различните канали кои се користат за пребарување на информации, потрошувачите очекуваат добивање на доверливи и точни податоци за продуктите, односно потврда дека даден продукт е навистина таков како што е опишан. Истовремено, компаниите работат на градење на релации на доверба со своите потрошувачи, преку кои релации компаниите ќе го подобрат општиот впечаток за еден производ, ќе го зголемат задоволството, лојалноста и на крај потрошувачката на производот. Ваквото позитивно искуство зависи од уникатната идентификација на производот и можноста за пласирање на доверливи податоци за производот преку различните канали.

До сега, не постоеше единствена платформа за сопствениците на брендовите каде тие ќе можат да ги споделуваат основните податоци за своите производи на глобално ниво. Не постоеше ниту начин на кој трговците на мало, е-трговците и е-маркети можат да ги проверат и потврдат податоците и GS1 идентификаторите за производите во нивните системи. Програмерите на апликации и провајдерите на решенија мораа да собираат податоци од различни и често недоверливи извори.

GS1 Cloud го менува тоа

GS1 Cloud ќе биде најголемиот извор на податоци од доверба за производите во светот: унифициран извор за проверка, прегледување и пребарување на основните податоци од доверба за милиони производи идентификувани со Глобален број на трговска единица (GTIN). Секоја компанија ќе може да пристапи до податоците за производите кои потекнуваат од самите производители или сопственици на брендови и на тој начин компаниите ќе можат да ги постават темелите за градење на доверба со своите потрошувачи преку споделување на доверливи податоци.

Предизвици поврзани со информациите за производите

Сите засегнати страни во екосистемот на производи се соочуваат со предизвици околу недостатокот на пристап до конзистентни, консолидирани информации за производите. Користење на основните податоци од GS1 Cloud може да помогне да се избегнат овие предизвици.

Потрошувачите се фрустрирани од лошиот квалитет на податоците за производите

Потрошувачите очекуваат повеќе информации за производите од кога било досега. Тие сакаат да веруваат во информациите на кои се потпираат при носење на одлуките за купување. Тие очекуваат информациите за производите да бидат точни, комплетни и конзистентни во сите канали.

Денес овие очекувања од потрошувачите за добивање на сигурни информации за производите кои ги купуваат не се исполнети. Информациите често се недостапни, нецелосни и сомнителни. Кога потрошувачот добива производ различен од оној кој мислел дека го купува реакцијата е негативна и резултира со незадоволство кое води до губење на лојалноста, се создава негативна критика, се зголемува процентот на вратени производи и на крај се намалува процентот на идна продажба како за производителот така и за трговецот.

Трговците на мало, е-трговци и е-пазари не се сигурни во податоците во нивните системи

Создавањето на посилни релации со потрошувачите е највисок приоритет. Информации од доверба за производите се клучен предуслов за исполнување на овој приоритет. За жал, денес, не постои начин трговците на мало, е-трговците и електронските пазари да ја потврдат точноста на податоците и GS1 идентификаторите во нивните системи.

Доколку потрошувачот не верува во податоците кои ги гледа за даден производ, најверојатно нема ни да го купи тој производ и потенцијално нема да и верува ниту на вашата продавница. Вклучувањето на едноставен начин на проверка на валидноста на GS1 идентификаторите кои се користат на производите што ги продаваат, може да ви помогне во намалување на овој ризик. Сервисот GS1 Cloud „Check“ може да ви помогне.

Програмерите на апликации и провајдерите на решенија губат време и трошат пари

Мобилните уреди се портал за сè и потрошувачите природно очекуваат дека баркодот може да ги поврзе со богати и веродостојни информации за производите и истовремено да потврди дека производот е она што мислат дека е. Сепак, ова функционира само кога податоците од доверба за производот се наоѓаат и на другиот крај од каде истите се повлекуваат. За да бидете сигурни дека вистинските информации од доверба за вашите производи се споделуваат со вашите потрошувачи, од клучно значење за вашиот успех е вашето поврзување со GS1 Cloud. Ова поврзување е значајно и за усогласувањето на податоците кои доаѓаат од различни извори.

Развојот на мобилните апликации им овозможува на потрошувачите да купуваат нови производи во секое време од секое место. Не постои разлика меѓу виртуелното и физичкото купување, се е дел од едно исто доживување каде преку едно пребарување потрошувачите го пронаоѓаат она што ним им е потребно. Потрошувачите очекуваат апликациите да им ги обезбедат сите поволности поврзани со купувањето како на пример: ексклузивни понуди, програми за лојалност, локација на физичките продавници, можност за резервација на производ и подигнување и слично. Освен за купување потрошувачите може да ги користат апликациите за добивање на повеќе информации за производот преку различни начини – од следење на производите кои се специфични за нивниот режим на исхрана до разменување на искуства со други потрошувачи на истите производи. Сите овие функции се повеќе остварливи доколку се поврзете со GS1 Cloud.

Предизвик за регулаторите е како да останат во чекорот со глобализацијата на синџирите на снабдување

Постојаното зголемување на електронската трговија наметна потреба од поставување на некои прашања во врска со регулативата, заштитата на потрошувачите, наплатата на даноците и националната безбедност. Најголемиот проблем во воспоставувањето на контрола и спроведувањето на законските прописи произлегува од недостатокот на квалитетни информации. Информациите кои недостасуваат кои се неразбирливи или нецелосни или на друг начин не се точно декларирани на производот можат да влијаат врз анализата на ризиците, целиот процес на обработка, одобрување и пуштање во промет на робата.

Решенија кои ќе ги исполнат претходните барања

Десетици онлајн сервиси за бесплатно пребарување по бар код се потпираат на податоци кои ги внесуваат самите потрошувачи или преку прибирање на податоци од други сајтови. И покрај тоа што овие сервиси се подобруваат секој ден, сепак половина од скенираните бар кодови од потрошувачите даваат неточни податоци.

Ова е поради фактот што до сега не постоеше ефикасен, сигурен механизам за добивање податоци за производите од оригиналниот извор - сопствениците на брендовите или нивните производители. Освен тоа, компаниите се претпазливи во споделувањето на нивните податоци за производите бидејќи се обидуваат да ја контролираат нивната дистрибуција. Со зголемувањето на побарувачката за информации од страна на потрошувачите, овој вакуум на недостаток на податоци од доверба е пополнет од други, помалку сигурни извори.

Лошите податоци резултираат со нарушен углед на производителите на производите и нивните брендови

Податоците за производите во кои не може да се верува, не предизвикуваат само непријатност. Распространетоста на недоверливите податоци за производите им нанесува огромна штета на производителите и на вредноста на нивните брендови. Се зголемува процентот на производи кои се рекламираат и враќаат, а со тоа и трошоците предизвикани од тој тренд. Голем број од производителите и сопствениците на брендови веќе разбираат дека денес да се имаат дефектни дигитални податоци за нивните производи е идентично со имањето на дефектен производ на рафтовите.

Решението e GS1 Cloud

GS1 е деловно неутрална организација, партнер од доверба на компаниите од сите индустриски и бизнис сектори повеќе од 40 години. Токму на барање на различните индустрии, GS1 ја разви GS1 Cloud платформата.

GS1 Cloud ќе биде најголемиот извор на информации од доверба за производи во светот, кој ќе им помогне на бизнисите да ги исполнат очекувањата на денешниот дигитален потрошувач. Производите ќе бидат уникатно идентификувани со GTIN и првично ќе бидат придружени со уште шест дополнителни основни атрибути на производ, а во идните фази се планира воведување на повеќе атрибути. Податоците за производот во GS1 Cloud се „од доверба“ затоа што се добиваат изворно од сопственикот на брендот или неговиот производител. Пред податоците да бидат објавени истите се подложуваат на одредени проверки за квалитет на податоци кои тие мора да ги исполнуваат.

Со GS1 Cloud платформата, секоја компанија може да пристапи до основните податоци од доверба за производите кои потекнуваат директно од производителот или сопственикот на брендот. Овој сервис им обезбедува цврста основа на компаниите за почеток на градење на релации на доверба со своите постојни и идни потрошувачи. Сите компании во трговскиот екосистем ќе имаат оперативни бенефити бидејќи со оваа платформа дистрибуцијата на податоци од доверба станува поефикасна и полесна.

GS1 Cloud во овој момент има три моќни можности кои ќе им помогнат на компаниите да пристапат и користат податоци од доверба, а во иднина ќе бидат додадени и повеќе функции.

Како се вклопува GDSN со GS1 Cloud

Компаниите кои се запознаени или се корисници на Глобалната мрежа за синхронизирање на податоци (GDSN), би можеле да се запрашаат како таа се вклопува во GS1 Cloud. GS1 Cloud платформата, ја надополнува, но не ја заменува GDSN мрежата. Преку GDSN мрежата се разменуваа податоци кои потекнуваат од компаниите со други компании, односно постои релација компанија-компанија или B2B. GS1 Cloud платформата ќе искористи дел од GDSN атрибутите и ќе ги надополни со додатни атрибути со цел да постане доверлив извор на податоци не само за B2B туку и за B2C комуникација, преку која информации од доверба за продуктите ќе добиваат и крајните потрошувачи. GS1 Cloud платформата, технички е создадена на тој начин што е во можност истовремено да одговори на милиони барања истовремено секој ден.

GS1 Националните организации како GS1 Македонија и понатаму ќе развиваат и нудат различни регионални каталози и регистри, како што се: МојGS1 - онлајн софтверот на GS1 Македонија за управување со бар кодови и GS1 Каталогот на артикли на македонските компании. Претходно спомнатите решенија, како и GDSN мрежата ќе претставуваат вредни извори на податоци за GS1 Cloud платформата. Членките на GS1 Македонија и понатаму ќе можат да ги користат овие алатки за да пристапат до податоците за производите и локациите на компаниите, да пребаруваат компаниски префикси, да креираат бар кодови и да споделуваат податоци со своите трговски партнери како и досега.

Како функционира GS1 Cloud

Како функционира GS1 Cloud

За да ги испорача претходно спомнатите можности GS1 Cloud врши три основни функции и тоа: собирање на податоци, складирање на собраните податоци и овозможува пристап до истите.

Data collection (Собирање на податоци)

GS1 Cloud платформата ќе ги комбинира податоците кои потекнуваат од веќе постоечките различни GS1 бази на податоци, внесени од производителите или сопствениците на брендови. За продуктите за кои не постојат записи во ни една GS1 база на податоци, GS1 Cloud, податоците ќе ги собира директно од производителите или сопствениците на брендови. Сите податоци кои ќе се внесуваат во GS1 Cloud ќе бидат валидизирани и усогласени согласно договорените критериуми и политики на квалитет на податоци.

Data storage (Зачувување на податоци)

Централизираната база на податоци за продуктите се планира да содржи повеќе од 100 милиони GTIN-ови. На почеток базата на податоци ќе содржи седум атрибути и тоа:

  1. GTIN
  2. Бренд
  3. Опис на декларација
  4. URL на слика со средна резолуција
  5. Целен пазар
  6. Име на компанија
  7. Класификација на Производ

Data access (Пристап до податоци)

Податоците за GS1 Cloud ќе бидат достапни за трговците, електронските продавници и маркети, софтверските компании, сопствениците на брендови и производителите преку онлајн портал и преку API интерфејс за автоматско преземање на податоците. Податоците ќе се користат и од различните информативни канали кои се насочени кон крајните потрошувачи и истите ќе им помогнат на потрошувачите во процесот на одлучување при купување. Податоците ќе бидат анализирани дали го исполнуваат квалитетот на податоци за дигитална употреба. Сите корисници на податоците кои сакаат да добијат пристап до GS1 Cloud платформата мора да бидат членки на GS1 Македонија. Компаниите кои немаат потреба од бар кодови за означување на продукти и сервиси, пристап до оваа платформа ќе добијат со добивање на GLN број за одреден надомест од GS1 Македонија.

Бенефити за засегнатите страни

GS1 Cloud нуди бенефити за сите учесници во екосистемот на информациите за производите – особено за крајниот корисник на податоците: потрошувачот.

Сопственици на брендови и производители

GS1 Cloud на сопствениците на брендови и на производителите им овозможува глобална достапност на податоците од доверба за нивните производи кои доаѓаат до крајните потрошувачи. Тие ќе можат да ги видат и валидизираат сопствените податоци за производите, а новите производи преку внесување во GS1 Cloud веднаш ќе станат видливи за потенцијалните потрошувачи ширум светот. Корисниците на податоците, започнувајќи од трговци, електронски продавници и пазари до софтверските компании, ќе бидат сигурни дека податоците кои ги добиваат и користат се точни и ажурни. Достапноста на податоци од доверба за производите директно од сопствениците на брендови или производители, резултира со здобивање на поголема доверба, поголемо задоволство и лојалност од страна на потрошувачите.

Трговци на мало, електронски продавнци и пазари

GS1 Cloud платформата им овозможува на трговците на мало, електронските продавници и пазари, едноставна проверка на листите со производи во нивните бази на податоци за тоа дали производите се правилно идентификувани со валидни GTIN броеви. Правилната идентификација со валиден GTIN е клучен фактор во управувањето со квалитетот на податоците. Компаниите од погоре спомнатите сектори, ќе добијат брз и едноставен пристап до податоци од доверба за производите кои потекнуваат директно од производителите и сопствениците на брендови, а исто така ќе добијат и алатка со која ќе може да пребаруваат нови производи за своите продавници, од било кој производител во светот и за било кој целен пазар.

Користењето на оваа платформа од доверба во која се содржат основните податоци од доверба за сите производи означени со GTIN ширум светот, значително ќе ги намали времето и трошоците поврзани со собирање и верификување на податоци. На крај најважно е што оваа платформа им овозможува на компаниите од претходно спомнатиот сектор креирање на богато потрошувачко искуство за своите потрошувачи преку испорака на податоци од доверба за производите кои ги продаваат,а тоа искуство ќе ја зголеми довербата, задоволството, лојалноста и во крајна линија ќе ја зголеми конкурентноста и растот на нивните бизниси.

Програмери на апликации и провајдери на решенија

Компаниите од овие сектори се задолжени за постојан развој на нови апликации и решенија кои се богати со информации и ги поврзуваат потрошувачите со сопствениците на брендови или производителите. Преку апликациите потрошувачите споделуваат искуства за купените производи, разменуваат мислења и ги добиваат потребните информации пред да се одлучат дали да купат или не одреден производ. До сега најголем проблем за компаниите од овој сектор беа податоците кои тие самите ги собираа од различни извори кои често имаат сомнителен квалитет на податоците за производите.

GS1 Cloud на програмерите на апликации и на провајдерите на решенија им овозможува од едно место да пристапат до податоци од доверба за производите и со тоа да обезбедат квалитетни податоци за своите апликации кои пак го зголемуваат задоволството на потрошувачите при нивно користење. GS1 Cloud лесно се интегрира во мобилните апликации преку посебен API интерфејс така да протокот на податоци меѓу GS1 Cloud, апликациите и системите на компаниите е лесен и автоматски. Поседувањето на податоци од доверба на програмерите на апликации и на провајдерите на решенија им помага во зголемувањето на позитивното искуство кај нивните корисници. Кога податоците се точни, потрошувачите можат лесно да го најдат и купат она што е потребно, а програмерите на апликации и провајдерите на решенија може да се концентрираат на развој на нови апликации и решенија без да се грижат за квалитетот на податоците.

Регулатори

Глобалната видливост на податоците им олеснува на сите кои ја вршат својата улога во заштитата на безбедноста на потрошувачите. GS1 Cloud ги прави податоците кои доаѓаат од брендовите поедноствани за размена и пристап – на тој начин регулаторите можат подобро да управуваат со проценката на ризикот на државните границите и поефикасно да ги процесираат производите во царинските постапки за да се овозможи навремена испорака на стоките. Податоците од доверба за производите, исто така се во интерес на бројните владини иницијативи како што се на пример хуманитарните напори.

Видео