еИнфo
No2 - Maj 2013

 


Содржина

Управниот одбор и Собранието на GS1 Македонија ја прославија 40-та годишнина на GS1

 

40 години бар кодови


Работна посета на винарската визба "Повардарие" АД Неготино

 

Новости

WCO и GS1 ги здружуваат силите во борбата против фалсификувањето и го пуштаат во употреба новиот мобилен IPM

 

Теми на бројот

 GS1 стандардите можат да им помогнат на владите да ја зголемат безбедноста на нивните граѓани  

 

Транспорт и логистика - GS1 стандардите можат да им помогнат на владите да ја зголемат безбедноста на нивните граѓани  
     Во последните неколку години, кај многу луѓе се појавија грижи дека тие ги изложуваат своите семејства и себе си на производи и храна со лош квалитет. Дали може да им се верува на играчките кои ги купиле за нивните деца, или на месните и земјоделските производи кои ги чуваат во нивните фрижидери?
   
     Неодамна Doug Bailey, претседател на Комитетот за системи за размена на податоци при трговија од САД (IDTS PIC), кој што бил креиран со цел да се идентификуваат нови начини за подобрување на ефикасноста и ефективноста во меѓунаро-дниот транспорт на производите, во врска со улогата на владите во превенција на храна и производи, кои не се безбедни или се со висок ризик изјави:
               Владите несомнено имаат одговорност да ги проверуваат набавките со цел да не се дозволат опасни производи. Но, буџетите со кои располагаат се мали, а обемот на набавки расте се повеќе, па затоа тешко можат да се направат овие проверки. Владините инспектори едноставно не можат да проверат се. Тие не се доволно бројни.
      Со цел да се овозможат брзи одлуки со зголемена доверба при прифаќањето на производите, мора да се обезбеди подобра видливост на испораките. Бидејќи Bailey претходно работел во дистрибутивните синџири во секторите на месната индустрија и живинарството, тој е запознаен со начинот на кој GS1 стандардите овозможуваат бизнисите да ја обезбедат зголемената видливост, која е потребна за нивна соработка со владите.

Потребата за инспекција и испитување на пакуваните производи при премин на граници може да се намали 80% во првата година доколку се користат GS1 GTIN-ови и GS1 Глобалната класификација на производите (GPC).
     
 Во декември 2011, ITDS PIC објави извештај со наслов “Бизнис причините за користење податоци преку e-комерција за менаџирање на про-изводите кои се пре-несуваат преку меѓу-народни граници”, во кој предлага користење на GS1 и UN стандардите на волунтаристичка основа за поголема видливост на податоците за производите. Пилот испитување во секторот на играчки и видео игри, довело до интересни заклучоци. Резултатите покажале дека 68% од играчките и видео игрите увезени во САД биле увезени повеќе од еднаш во рок од 12 месеци – во просек секоја играчка или игра била увезена повеќе од 4 пати годишно!

    Тоа значи дека 75% од играчките и игрите  кои се наоѓаат во царинските магацини имаат декларација која претходно била одобрена, а само една четвртина од нив треба да бидат проверени и одобре-ни од царинските службеници. Тука може да се овоз-можи дополнителнa заштедa и поголема ефикасност.  
       
    Сите претходно одобрени производи можат да бидат идентификувани и одобрени однапред, доколку царината го користи GS1 GTIN за идентификација на овие производи при нивниот внес во база, а царинските службеници можат да го фокусираат ограниченото време и ресурси на верификување на други производи, кои претходно не биле внесени во земјата. При проценката на просечните трошоци за испитување на производите, се утврдило дека еден набавувач на играчки може просечно да заштеди $30.000 секоја година поради помалиот број на испитувања.
      Можеби, позначајно е дека производот ќе може да биде “претходно одобрен” од страна на царината пред тој воопшто да биде доставен во земјата, што ќе води до поголема видливост и ефикасност во дистрибутивниот синџир и многу поефективен проток на добрата.  

● ● ●
“Со користење на GS1 стандардите на овој начин, владите ќе знаат на кои набавки ќе треба да се фокусираат, a на кои нема потреба да се фокусираат. Тоа е логичeн и ефикасен начин да се намалат проблемите и да се овозможи фокусирање на реалните производи со висок ризик.”
● ● ●