Кога на Вашиот Единствен Матичен GS1 број се придодаде префиксот на националната GS1 организација, се формира GS1 број (Company Prefix) којшто, не само во национални, туку и во меѓународни рамки е единствен и резервиран само за Вашата компанија. Во зависност од резервираниот капацитет за баркодирање, доделениот GS1 број е составен од 7 бројки (за 100,000) артикли до 10 бројки ( за 100 артикли). Меѓународниот префикс на Македонската асоцијација за нумерирање на артиклите GS1 Македонија е 531, доделен од Меѓународната GS1 организација.