еИнфo
No16 - Октомври 2014


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

EPC/RFID

Levis Strauss & Co. – Пакет можности со GS1 EPC RFID таг

levislevis rfid

    Левис е творецот на џинс фармерките од пред 140 години. Основана е во 1852 година во Сакраменто, Калифорнија од Левис Штраус. Компанијата произведува џинс и облека за секојдневна употреба под глобалните брендови: Levis, Dockers и Denizen. Компанијата вработува приближно 5000 работници ширум светот и е директно или индиректно застапена во повеќе од 110 земји.

Можности за унапредување

    Левис Штраус во глобала ги произведува своите производи во регионите каде исто така ги промовира и ги продава. Менаџирањето на 50 производствени капацитети и дистрибуција на производите до сите 110 земји, создава прилично сложен синџир на снабдување кој што е во надлежност на оваа компанија.

    Во 2005 година Левис Штраус заклучи дека им треба поверодостоен и попрецизен метод за контрола на сопствениот инвентар, тоа подобрување всушност покрај контролата треба да доведе и до зголемување на нивото на ефикасност и нормално зголемување на профитабилноста на компанијата. За постигнување на претходно спомeнатите заложби Левис Штраус го прифати и претстави GS1 електронскиот код на продукт (EPC) RFID во своите операции.

    Компанијата донесе одлука да започне пилот проект со користење на EPC/RFID технологијата во Мексико бидејќи тука компанијата има добра структурираност и може ефикасно и навремено да ги спроведува сите чекори од пилот проектот до самиот крај, како и да изработува редовни извештаи за целокупниот напредокот на овој проект.

    Штом беше дадена дозвола од раководството на Левис Штраус, формирана e работна група којa првенствено се состоеше од луѓе од продажбата, системската архитектура и ИТ менаџментот.

„GS1 EPC RFID таговите даваат конкурентска предност и внесуваат иновативност во организацијата“ - Абел Гарција, директор на ИТ, Левис Штраус, Латинска Америка.

    После макотрпна работа и анализа на синџирот на снабдување, тимот ги откри следните работи:

  • Инвентар што стои во продавниците четири и повеќе месеци
  • Разлика од 20% во инвентарот што е физички достапен и оној што е внесен во системот
  • Некомплетни или неточни нарачки
  • Непотребни набавки кои резултираат со непотребни продукти или презаситеност со продукти кои ги има повеќе од што е потребно
  • Недостаток на детали како големини и бои во извештаите за инвентар
  • Продажбата не е во согласност со високото ниво на инвентар

Обем на пилотот

    После извршените детални анализи на синџирот на снабдување на Levis, тимот од проектот одлучи дека најголема ефикасност и бенефит од имплементирањето на EPC/RFID технологијата на почетокот ќе има во нивните продавници и таа технологија значително ќе го подобри нивното дневно функционирање. Понатаму, тимот верува дека EPC/RFID технологијата ќе овозможи попрецизна и навремена контрола на инвентарот преку поддршка на операциите за издавање на извештаи за инвентар до дистрибутивните и производствените центри. Тимот одлучи да изработи свој интерфејс за поврзување на базата на податоци со апликацијата која што е имплементирана во RPC/RFID хардверот со цел да си овозможат во иднина полесна манипулација, промена или надградба на платформата во согласност со потребите на проектот, а во зависност од етапите на проектот. Се разбира тој интерфејс е изработен во целосна согласност со GS1 EPC Стандардите.RFID на фармерки

Цели на пилотот

    Финансиски цели:

  • Намалување на складираниот количини на инвентар, најмногу до два месеци
  • Намалување на процентот на производи кои ги има а се недостапни во продавниците, поради што претходно добиените количини биле продадени
  • Точно управување со надополнувањата на количините на одредени продукти преку автоматско генерирање на барање со помош на EPC/RFID технологијата
  • Зголемување на продажбата.

    Работни цели:

  • Целосна интеграција на EPC/RFID технологијата во работењето на складовите и дистрибутивните центри
  • Имплементација на EPC/RFID технологијата и нејзините алатки при прием на роба, продажба, враќање на роба, замена и управување со инвентар.

Почетоци на пилотот

    Во втората половина на 2005, работната група го започна пилотот со јасна визија на своите целни задачи. Беше избрана продавница врз која ќе се имплементира пилотот, истата беше опремена со соодветен софтвер и сите ствари беа идентификувани со помош на EPC/RFID лабели.

    На крајот на шестиот месец од почетокот на пилотот, целите кои беа поставени на почетокот беа постигнати.

    Извршената анализа јасно покажа промена во управувањето со инвентарот: беа постигнати идеални количини на залиха врз основ на тоа кои продукти се вистински продадени и беше избегнато нарачување на непотребни продукти или големини. Во продолжение беше постигнато 40% намалување на „out-of-stock“ продуктите и беше зголемена продажбата.

    Како резултат на првичниот успех, тимот го прошири проектот на уште десет продавници, од кои три беа во склоп на трговски центри. Целта на овој дел од проектот беше да се потврдат претходно постигнатите резултати како достижни и во останатите продавници, без разлика од областа во која тие се наоѓаат, без разлика на вработените кои работат, работите кои се продаваат и други променливи.

ИНТЕГРИРАЊЕ НА EPC/RFID ВО ДЕЛОВНИТЕ ПРОЦЕСИ

    Во 2007 година врз основa на претходно добиените бенефити од користењето на EPC/RFID технологијата, Левис Штраус одлучи да од пилот проект овој проект премине во реална употреба и биде имплементиран во сите останати продавници.

RFID во магацин

    Со интеграцијата на GS1 EPC/RFID решенијата во деловните процеси во продавниците, дистрибутивните центри добиваа нарачки само за робата која навистина им е потребна. Во десет од вкупно 25 дистрибутивни центри обележувањето со EPC/RFID тагови беше единствен начин на обележување на ниво на единичен продукт и на ниво на збирно пакување, истовремено.

    За валидација на испораките, инсталиран е RFID портал на мерната станица каде информациите вклучени во EPC/RFID таговите на амбалажата од збирното пакување и на секој поединечен продукт се читаат, со цел да се потврди содржината во пратката со нарачката за таа испорака. Доколку податоците од RFID скенирањето се совпаѓаат со нарачката, истата е спремна за испорака.

    Така нареченото предвремено известување стигнува до продавницата пред да стигне пратката со нарачаните продукти. По приемот на пратката, со мобилен RFID читач се потврдува содржината на пратката. Овој мобилен уред им овозможува на продавниците да ја верификуваат содржината на пратките без потреба секоја од нив посебно да се отвора. Податоците форматирани по GS1 стандард кои се прочитани од уредот се споредуваат со податоците од ASN, штом се изврши оваа проверка, податоците автоматски се префрлаат во базата на податоци со инвентар.

„Со имплементацијата на оваа напредна технологија, ние постигнавме висока контрола во управувањето со инвентарот до тој степен што денес ние сме во состојба навремено да ги имаме сите потребни продукти кои им се потребни на корисниците во секој момент“ - Абел Гарција, директор на ИТ, Левис Штраус, Латинска Америка.

    За маркетинг потребите и комуникација со потрошувачите изработена е маркетинг алатка – апликација наречена „паметно огледало“. Имено оваа апликација со читање на EPC/RFID тагот на продуктот или продуктите кои ги има потрошувачот, на потрошувачот му нуди низа на опции кои можеби првенствено не биле разгледани како различна боја, големина, комбинации, додатоци и мислења од експерти, сето ова позитивно влијае врз потрошувачите зголемувајќи го нивното позитивно искуство од пазарењето во продавниците на Левис.

РЕЗУЛТАТИ ОД EPC/RFID ИНТЕГРАЦИЈАТА

Инвентар во продавница
- Намалување на инвентарот во продавниците за чување на залиха од четири на два месеца. Подобрување на точноста на инвентарот до 99 проценти кога се врши споредување на реално достапните количини на инвентар со количините пријавени во системот на компанијата
- Повлекување на неактивните продукти
- Консолидација на хипотетичниот и „на полица“ инвентарот преку контрола на секои четири часа со маргина на грешка од 1%
- Нуди подетален и покомплетен преглед на инвентарот
Продажба
- Зголемување на продажбата за 11%
- Зголемување на достапноста на продуктите вклучувајќи ги и оние кои најмногу се бараат
- Подобрување на купувачките искуства на потрошувачите
„Out-of-Stocks“
- Намалување на загубите до 40% како резултат на немање на продукти на залиха
Надополнување на продавниците
- Зголемена ефикасност преку целосно автоматизиран систем на надополнување
- Зголемена продажба преку зголемување на достапното време за функционирање на продавниците за продажба на продукти преку намалување на времето потребно за надополнување и вршење попис на инвентар
- Попрецизна контрола на работата на магацинот
Финансии
- Намалување на транспортните трошоци, вообичаено класификувани како „време на чекање“
- Оптимизирање на логистичките операции, постигнато преку дистрибуција на продукти до поголем број на продавници во текот на денот
- Зголемена ефикасност во дистрибутивните центри
Интеграција на RFID во операциите
-  Автоматско управување со надополнувањата преку систем
- Елиминирање на рачни процеси
- Зголемување на достапноста на вработените за подобрување на сервисите кои им се даваат на потрошувачите
- Зголемување на продуктивноста, бидејќи вработените не треба повеќе да памтат кодови
- Високо ниво на прифаќање на новите EPC/RFID новитети од страна на вработените
- Овозможено следење на продуктите со што се овозможува идентификација на можните тесни грла во системот на снабдување.

 

СЛЕДЕН ЧЕКОР

    Во моментот Levis Strauss се подготвува за имплементирање на EPC/RFID во своето линиско производство, вклучувајќи ги производствените погони, дистрибутивните центри и продавниците. Ова значи означување на сите поединечни ствари со EPC/RFID лабели за зголемување на ефикасноста и следливоста во синџирот на снабдување, гледано од точката на производство до продавницата.

ЗАКЛУЧОК

  • Од искуството во имплементирањето на EPC/RFID технологијата, Levis Straus советува да при имплементација на нова технологија од голема полза е првично целосно да се разберат внатрешните процеси и слабите точки во самата организација, за потоа истите тие да станат цел на подобрување со новата технологија. Следејќи го овој чекор Levis беше во можност да ги открие главните бенефити од употребата на EPC/RFID технологијата на ниво на продавници, а подоцна и во дистрибутивните центри како што и првично беше планирано.
  • Со намалување на неактивниот инвентар, Levis Straus беше во можност да го намали и својот работен капитал, односно во превод успеа да го зголеми буџетот за инвестирање во унапредување на продажбата.
  • Компанијата откри дека усогласеноста и соработката помеѓу различни оддели како продажба и логистика се клучни во обезбедувањето на добри резултати

„Технологијата како алатка, сама по себе, реално не прави ништо. Вие мора ефикасно да ја интегрирате EPC/RFID технологијата во работењето на продавниците за истата да биде корисна“ - Абел Гарција, директор на ИТ, Левис Штраус, Латинска Америка.