Што е верификатор? Како се разликува од скенерот?

Верификатор на производствена линија

Верификаторот може да се смета за "многу паметен" скенер. Тој е инструмент дизајниран да обезбеди конзистентно, прецизно и повторливо мерење на бар код симболите и анализа на овие мерења врз основа на очекуваните перформанси при скенирање на бар кодот во тие услови. На тој начин, се овозможува не само скенирање на бар кодот, туку и анализа на сите аспекти на димензиите и нивните рефлектирачки својства, како и оценка на овие својства врз основа на ISO/IEC 15416 стандардот за линеарните кодови и ISO/IEC 15415 стандардот за дводимензионалните кодови.

Бар код скенерот едноставно го декодира бар код симболот (шаблонот од прегради и празни простори) во соодветните податоци кои биле кодирани во него. Тој не ги мери параметрите кои влијаат на декодирањето на бар кодот.

Зошто да не се користи скенер за да се провери читливоста?

Верификатор на GS1 Македонија за верификација на 2D кодови

Обичните скенери не се сите исти. Оптичките параметри на скенерите се разликуваат значително, во зависност од тоа дали се работи за светлосно пенкало или стапче за CCD скенерите или се работи за рачни ласерски скенери.

Со цел да се максимизираат нивните перформанси, производителите на бар код читачи вклучуваат секаков вид на паметни карактеристики во нивниот алгоритам за декодирање за да се овозможи опремата да ги декодира бар кодовите со лош квалитет со поголема точност и побрзо. Сепак, не сите читачи работат на ист начин и тие можат да имаат различен успех за декодирање на ист бар код. Тестирајќи го бар кодот, на пример со светлосно пенкало нема да даде индикации дали ќе може да биде прочитан од ласерски скенер, или дали ќе може да биде прочитан од друг скенер со светлосно пенкало.

Верификаторот ја базира проценката врз основа на користењето на стандарден референтен алгоритам за декодирање, кој што се базира на спецификацијата на симбологијата, како и врз основа на калибрацијата од оптичкиот одговор. Двете карактеристики обезбедуваат конзистентна и објективна проценка на квалитетот, без разлика на скенерот кој што се користи.

Рачен скенер на бар кодови