еИнфo
No14 - Август 2014


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Посети

Конференции


Услуги

Прва регионална конференција за RFID “Back to the Future”

На 06 и 7 мај 2014 година се одржа Прва регионалана конференција за RFID насловена “Back to the Future” (Назад во иднината) во WESTIN Hotel, Загреб, Република Хрватска, во соорганизација на GS1 Хрватска. На Конференцијата присуствуваа двајца претставници од GS1Македонија: Слаѓана Милутиновиќ, извршен директор и Кирил Коровешовски, технички советник.
На конференцијата присуствуваа над 70 претставници од различни индустриски сектори поврзани со имплементацијата на RFID технологијата од Балканот.

sometext

Извршните директори на GS1 Македонија и GS1 Србија, г-ѓа Слаѓана Милутиновиќ и г-дин Мирослав Илиќ

На конференцијата свои презентации имаа 22 стручни лица и експерти од повеќе области поврзани со RFID технологијата.

sometext

Воведен говор на г-дин Вељко Битух, SELMET DOO, организатор на Конференцијата

sometext

Конференцијата беше официјално отворена од извршниот директор на GS1 Хрватска, г-ѓа Клара Кариван

Презентации одржаа:

  • универзитетски професори, кои ги запознаа присутните со клучните концепти на RFID технологијата и нејзината примена и имплементација во таговите.
  • претставници од организацијата RFID in Europe, кои одржаа презентација на која не запознаа со историјатот и активностите на организацијата, како и нејзината соработка со други непрофитни организации меѓу кои и GS1.
  • претставници на компаниите за производство на електронски уреди NordicID, NXP Semiconductors, CAENRFID, Impinj и Motorola, кои ги претставија новите технологии на кои во моментов работaт во поглед на RFID таговите, но ги наведоа и клучните предизвици со кои се соочени не само хардверските и софтверските компании, туку и корисниците на RFID таговите.
  • двајцата предавачи од GS1Хрватска ја нагласија потребата од следење на GS1 стандардите при дефинирање на податоците кои ќе се содржани во RFID таговите, како и користење на веќе предефинираните стандарди за EPC/ЕPCIS.
  • г-дин Blonk од GS1 GО презентираше како GS1 стандардите, особено EPC се користи во различни области, со посебен нагласок на употребата во текстилната индустрија (односно бутиците).
sometext

RFID технологијата, односно RFID таговите се користат во разлни области од секојдневното живеење, а за голем дел од ваквите употреби не сме свесни (клучевите за автомобили, таговите на облеката,...). Сепак постојат некои области (текстилна индустрија, транспорт и логистика, следливост на свежа храна, здравство, означување и следење на архивски документи, автоматско следење и контрола на квалитет, ...) во кои во иднина се планира дека RFID технологијата ќе успее да го револуционира начинот на деловното работење и ќе предизвика зголемен интерес кај потрошувачите за производите означени со ваквите RFID тагови. Дел од практичната примена на RFID технологијата беше презентирана од претставниците на компаниите учесници на конференцијата.

sometext

Изложбен салон со презентација на најновата технологија за RFID и фирми кои ја произведуваат опремата

Заклучокот од RFID конференцијата беше дека оваа технологија ќе биде иднината во означувањето на производите, но поради техничките ограничувања, а особено поради високите трошоци и неможноста за навремно враќање на инвестицијата (ROI), и во Хрватска и во другите земји таа најпрво би се користела за означување на контејнери, палети или други поголеми единици во хиерархијата на пакување, како и на скапи производи, а со намалување на цената би се користела паралелно со постоечкиот бар код.