Настани на GS1 Македонија

Отворен ден на GS1 Македонија 2018 - Дигитализација на македонското стопанство

хотел Александар Палас 19/10/2018 10:00

GS1 Македонија по примерот на GS1 организациите од европските земји оваа година за втор пат организира отворен ден со атрактивни теми поврзани со новите трендови во електронската трговија и онлајн шопингот. Целта на собирањата од овој тип е размена на искуства и успешни практики, како и остварување и зацврстување на деловните контакти. Овој настан е од едукативна и информативна природа и истиот се планира да премине во традиционален настан на GS1 Македонија кој што ќе се одржува секоја година.
Настанот е од отворен карактер и за истиот не се плаќа котизација - потребно е само да се пријавите.
Без разлика дали сте сопственик на бренд или трговец, дигиталниот маркетинг Ви помага во зголемувањето на онлајн продажбата на Вашите продукти. Искористете ја можноста за да дознаете повеќе за GS1 Cloud новиот проект на GS1 глобалната организација за прибирање податоци за сите производи означени со бар код во светот.

Најавете се online тука .