Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
Тимот на GS1 Македонија на 8 декември 2022 година оствари средба со GS1 Глобалната организација со цел да се запознае подетално со начините како да се овозможи имплементирање на проектот GS1 Аctivate во нашата земја. GS1 Activate e глобална алатка преку која се овозможува прибирање на 7-те основни податоци за производите: бар код, име на бренд, име на производ, класификација, нето содржина, слика, земја на продажба и нивно директно синхронизирање во рамките на глобалниот GTIN регистар.
Во моментов GS1 Македонија нуди online алатка за активирање на бар кодовите од страна на нашите членки, со примарна цел да се отпочне процесот на дигитализација, но воедно и да се решат дел од проблемите кои ги имаа членките во минатото немајќи конкретен преглед на искористеноста на бар кодовите. Овој проект функционира во GS1 Македонија од 2017 година и е успешен со над 70.000 внесени бар кодови. Поради тоа, сметавме дека сме подготвени за наредната етапа на поврзување на овие податоци во глобалниот систем на податоци и со таа цел се сретнавме со тимот задолжен за дигитално прибирање на податоците за производите во рамките на GS1 глобалната организација:
Во текот на средбата беше презентиран нашиот систем за прибирање на податоците преку myGS1 алатката за директно активирање на бар кодот преку внес на името на брендот и производот – алатка која е задолжителна за секоја наша членка после 2017 година и GS1 Каталогот, преку кој се овозможува подетално опишување на производите преку внес на голем број нивни параметри: нутритивни факти, алергенси, состојки, декларации, слики.
Тимот на GS1 Глобалната организација ги презентираше двата начини како да се постигне следниот чекор на глобална синхронизација:
Naoki и George детално го објаснаа целиот процес и ни овозможија приказ на демо користење на апликацијата и разменаа идеи и искуства при работата со голем број други национални организации кои се блиски со големина и ресурси како нашата.
Конечната одлука околу начинот на кој што ќе се изврши синхронизацијата ќе биде донесена откако предлозите ќе бидат презентирани пред Управниот одбор на наредната седница и преку заедничка дискусија ќе биде избрана една од овие алтернативи.
Најзначајно за нас е дека времето е адекватно за конечно вклучување во овој процес – не сме ни прерано, ни предоцна и имаме доволно добра основа за било кој од двата начини.
Во текот на состанокот начнавме и други теми како што се миграцијата од 1D во 2D бар кодови, што веројатно ќе биде и една од главните теми на претстојниот Глобален форум и која се очекува да ја достигне својата кулминација во 2027 година како рок до кога се очекува голем дел од скенерите во супермаркетите веќе да се оспособени за 2D читањето. Најважно е дека веројатно трошоците нема да бидат големи, бидејќи ќе се работи за софтверско ажурирање, а не за замена на технологиите, односно скенерите и придружната опрема.
GS1 глобалната организација секогаш била и ќе биде достапна за своите членки и ќе продолжи да работи на проекти кои се од интерес не само за GS1 организациите и GS1 стандардите, туку на проекти кои се од интерес на компаниите секаде во светот и ќе овозможи стандардизација преку која компаниите ќе може да го зголемат своето влијание и својот раст.
Настани
Новости