Настани на GS1 Македонија

Повик за учество на XIV Генерално Собрание на GS1 Македонија

ХОТЕЛ ХИЛТОН, бул. АСНОМ бр. 17, Скопје 10/07/2019 11:00

Почитувани.
Ценејќи го Вашиот придонес во имплементацијата на ГС1 стандардите и досегашното активното учество во органите на ГС1 Македонија, со особена чест и задоволсто Ве покануваме да присуствувате на Четиринаесетата седница на Генералното Собрание, која ќе се одржи на 10. Јули (среда), со почеток во 11:00 часот, во ХОТЕЛ ХИЛТОН, Бул. АСНОМ, бр.17 Скопје.

Потребно е Вашата фирма да одреди еден претставник за седницата и да го пополни документот "ПОЛНОМОШНО" кое Ви го доставуваме во прилог на овој маил.
По завршување на седницата, Ве покануваме на коктел.

Комплет материјалите се достапни за разгледување во деловните простории на ГС1 Македонија на ул. Даме Груев бр.5, Скопје, секој работен ден од 8:00-16:00 часот, а сите заинтересирани ќе ги добијат и на сопствените маил адреси.

На самата седница на присутните ќе бидат предадени отпечатените материјали.

Ве молиме да не известите по е-маил за учество на Ваш претставник најдоцна до 3 јули 2019, со испраќање на пополнетата форма ПОЛНОМОШНО.

Со почит,
Слаѓана Милутиновиќ
Извршен директор на GS1 Македонија

Најавете се online тука .