Работилница “Анализа на текот на имплементацијата на GS1 стандардите во започнатиот пилот проект во болницата Филип Втори – Скопје“

На 07.03.2014 година во просториите на специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори” –Скопје, тимот на GS1 Македонија одржа работилница со тема “Анализа на текот на имплементацијата на GS1 стандардите во започнатиот пилот проект во болницата Филип Втори – Скопје”.

На работилницата, освен тимот на GS1 Македонија учествуваше тимот одговорен за имплементацијата на GS1 стандардите во магацинското и деловното работење на болницата, предводен од фармацевт Бојана Филипоска и претставници од софтверската куќа “Логин системи” – Скопје, одговорни за софтверското решение во “Филип Втори”.  

Работилница ја отвори директорката на GS1 Македонија, г-ѓа Милутиновиќ, која истакна дека специјалната болница “Филип Втори” е вистински лидер не само во модерното здравство во Република Македонија, туку и во прифаќањето на европските и светските стандарди, меѓу кои и GS1 стандардите.
На состанокот беа презентирани извршените заеднички активности на тимот на “Филип Втори” и “Логин системи” во имплементирањето на GS1 стандардите во интегрираниот информационен систем во болницата, како и во секојдневното магацинско и деловно работење:

  • извршена идентификација на постоечките материјали и нивно етикетирање со GS1 бар кодови (GS1 DataMatrix и GS1 -13)
  • изработена мобилна апликација за внес на постоечките бар кодови и автоматско генерирање на GS1-13 бар кодови за лековите кои не се етикетирани по GS1 стандарди
  • десктоп и мобилна апликација за печатење на новогенерираните етикетите
  • мобилна апликација за прием на лековите (само по GTIN, или доколку е означен лекот со GS1-128 или GS1 DataMatrix и останатите податоци за лековите – batch/lot број, сериски број, датум на употреба, ...)
  • електронска кошничка за следење на терапијата и лековите за секој пациент, со автоматско намалување на количините на материјалите по нивното аплицирање
  • означување на документите по GS1 стандарди и намалување на времето и грешките при пренос на податоците преку документите
  • означување на вработените со GLN бар кодови

На крајот, трите тима разменија одредени мислења и ставови и ги дефинираа идните стратегиски цели и активности за конечното финиширање на имплементацијата на GS1 стандардите во болницата “Филип Втори”.

Корисни линкови