400 милиони потрошувачи во Кина ќе имаат пристап до детални информации за продуктите што ги купуваат

Заедничко соопштение на групацијата Алибаба, GS1 и GS1 Кина за започнатиот GDSN проект

Alibaba&GDSN

Групацијата Алибаба е светски најголем онлајн и мобилен пазар, кој покрива различни онлајн и мобилни платформи кои покриваат малопродажба, големопродажба и cloud сервиси, со што на корисниците, трговците и другите учесници во трговијата им нуди технологии и сервиси за комерцијални активности во е-бизнис екосистемот. До март 2016 година вкупно 423 милиони активни купувачи во Кина ги користат платформите на групацијата Алибаба. Тргнувајќи од овој податок групацијата Алибаба сака да ги прошири и да создаде дополнителни вредности за трговците и потрошувачите од една страна и светските брендови од друга страна.

Соопштение за медиумите - Брисел, Белгија, 19 септември 2016

Групацијата Алибаба ги повика сите сопственици на брендови да ги прифатат GS1 стандардите за управување со информациите за продуктите и да го користат Глобалниот број на трговска единица (GTIN) за уникатна „идентификација“ на своите продукти во глобалната електронска трговија. Сите корисници се охрабруваат да се приклучат кон Глобалната Мрежа за Синхронизирање на Податоци (GDSN®) за електронска размена на информации за продукти. Ова ќе им овозможи на сопствениците на брендови поефикасно управување со својот синџир на снабдување, ќе им помогне да ги обезбедат информациите за продуктите кои се бараат со одредени закони и регулативи и ќе им даде алатка за исполнување на барањата за транспарентност од страна на потрошувачите. Ние веруваме дека GDSN® и GS1 стандардите ќе обезбедат точни и комплетни информации за продуктите и за компаниите што се добавувачи и за компаниите што се продавачи на продукти и/или сервиси. GDSN® ќе им обезбеди на потрошувачите пристап до автентични и богати информации за продуктите, а тоа ќе помогне во популаризацијата на брендовите и ќе го зголеми задоволството на потрошувачите кои денес ги користат услугите на глобалната е-бизнис индустрија.

Алибаба ќе го имплементира GDSN во повеќе фази

За промоција на стандардизацијата на информациите за продуктите, групацијата Алибаба планира имплементацијата на GDSN® проектот да се одвива во фази. Во првата фаза за партиципација во проектот ќе бидат повикани сопствениците на брендови кои произведуваат здрава храна, производи за мајки и деца, производи за разубавување и шминка, производи за лична хигиена. Групацијата Алибаба ќе ги идентификува продуктите со GTIN броеви за добивање на информациите на продуктите од интернационалните сопственици на брендови, а потоа GTIN ќе се прошири на сите пакувања на продуктите. GS1, GS1 Кина и групацијата Алибаба заедно ја покануваат и Вашата компанија да се приклучи кон проектот и со употреба на GS1 стандардите, да му помогнете на вашето претпријатие да обезбеди високо квалитетни податоци за потрошувачите и потврда на веродостојноста на информациите од производителот/сопственикот на брендот, а со тоа ќе ја подобрите целокупната слика за Вашиот бренд и интернационално влијание.

Сите платформи на Алибаба ќе ги имплементираат GS1 стандардите

Alibaba&GDSN

Сите е-бизнис трговски платформи на групацијата Алибаба ќе ги прифатат и имплементираат GS1 стандардите и ќе го прифатат GTIN бројот, како единствен уникатен идентификатор на продуктите. Овој потег ќе им обезбеди на сопствениците на брендови неколку клучни врски (зголемена видливост на продуктите, лесна достапност до информациите за продуктот, потврда на квалитетот, шопинг искуство итн.). Групацијата Алибаба ќе им понуди на сопствениците на брендови и повратни клучни статистички информации, за да бидат сигурни дека потрошувачите се задоволни од директното купување преку O2O скенирање на кодови и дека ги добиле најточните податоци за продуктите. Со овие промени, сопствениците на брендовите ќе добијат побрзо листење на нивните продукти и подобра изложеност (видливост) на различните платформи на групацијата Алибаба.

Соработка меѓу GS1, Алибаба и GS1 Кина

Alibaba&GDSN

GS1 е неутрална, непрофитна, глобална организација што го развива и одржува светски најраспространетиот систем на стандарди кои се применуваат во различните синџири на снабдување. GS1 Кина е одговорна за управување со GS1 системот и GS1 стандардите на територијата на Н.Р. Кина и е единствена што поседува GS1 сертифицирани податочен базен во Кина. Во Кина, групацијата Алибаба и GS1 Кина успешно ги поврзаа бар кодовите на кинеските продукти со нивните производители/информации за продуктите и постигнаа огромна соработка на сите е-бизнис платформи на групацијата Алибаба. И двете страни ги задоволија барањата на потрошувачите за информации за кинеските локални продукти. Проектот сега ќе се прошири и на увозните продукти за кои информациите за продуктите и повратниот одговор ќе се добиваат преку GDSN® мрежата сертифицирана од GS1.

GDSN® во моментот се состои од 33 сертифицирани податочни базени кои се наоѓаат ширум светот. (целата листа е дадена на: http://www.gs1.org/gdsn/certified-data-pools).

GS1 Македонија со својот GS1 Каталог кој е БЕСПЛАТЕН за сите членки на GS1 Македонија создава македонски податочен базен на точни информации за продуктите на македонските компании. Каталогот е целосно изработен во согласност со GS1 стандардите и ја зголемува видливоста на македонските производи на интернет. Целта на GS1 Македонија е што поскоро овој наш каталог да се синхронизира со еден од светските сертифицирани каталози и на тој начин македонските производи да станат директно видливи за повеќе од 1 000 000 компании ширум светот. Во моментот нашиот каталог е веќе синхронизиран со сличен на него во Русија, со што сите продукти внесени во каталогот се видливи за 11 600 руски компании (производители, маркети, дистрибутери). GS1 Македонија заедно со GS1 активно работи на создавање на еден голем регионален податочен базен со информации за продуктите од регионов и негово приклучување во GDSN мрежата.

Корисни линкови