GS1 SmartSearch

Дали имате направено се за вашите потенцијални потрошувачи да го најдат вашиот продукт? Без разлика дали сте сопственик на бренд или трговец, доколку не го користите GS1 SmartSearch стандардот, вие ќе губите продажба едноставно бидејќи потрошувачите не можат да ги пронајдат вашите продукти или не им веруваат на податоците кои ги гледаат.

GS1 SmartSearch - Нов веб стандард за поддршка на електорнската комерција и онлајн продажбата

Веб страниците имаат многу поголема содржина и сложена структура споредено со она што секој од нас секој ден го пребарува на интернет и чита на избраните веб страни. Финалниот приказ со текст, слики, графика и видео е наменет и фокусиран на нас - луѓето. Ние сме во можност да го гледаме, читаме и да го разбереме контекстот на содржината потставена на веб страните. Машините ја немаат оваа можност.

За една веб страна да биде прикажана во резултатите од одредено пребарување на интернет пребарувачите таа треба да биде посетена од веб робот и потоа индексирана од страна на интернет пребарувачите. За одредена веб страна да биде поврзана со одредено пребарување веб роботот мора да ја разбере нејзината содржина и да ја идентификува истата како доверлива страна. За да се постигне ова, веб програмерите и лицата задолжени за оптимизирање на резултатите од интернет пребарувањата (Search Engine Optimizers – SEOs) користат различни сигнални кодови со цел да можат да ги информираат веб роботите за содржината на одредена веб страна.

Како што интернет пребарувачите и нивните веб роботи се развиваат и стануваат се попаметни, така и SEO вработените и веб програмерите мора да бидат во тек со промените, да им даваат јасни сигнали на интернет пребарувачите и веб роботите, да го подобруваат пребарувањето и да ја зголемуваат употребливоста на веб страните за кои тие се задолжени.

Една таква промена, односно иновативност е претставена во полето на структурираните податоци кои им овозможуваат на веб роботите лесен начин на сигнали за содржината на милиони веб страници кои тие ги поврзуваат со интернет пребарувањата кои ги прават посетителите на нивните страни. Лицата задолжени за дигитален маркетинг сега имаат алатка со која можат да ги означуваат своите страни со листа на атрибути, да доделуваат вредност на тие атрибути за да веб роботите на интернет пребарувачите полесно и порелевантно ги индексираат овие страни.

Како резултат од заедничката работа со наголемите интернет пребарувачи, W3C и Schema.org, GS1 го разви и претстави новиот отворен стандард за структуриран приказ на податоците на интернет, познат како GS1 SmartSearch. Вклучувањето на употребата на Глобалниот број на трговска единица – GTIN, во веб сајтовите преку GS1 SmartSearch им овозможува на брендовите и трговците обезбедување на порелевантни податоци за нивните физички производи во дигиталниот свет и пресликување на содржината од физичките производи во дигитални податоци кои се лесно разбирливи за интернет пребарувачите.

Зошто GS1 е вклучен во ова?

GS1 го дефинира речникот кој трговците го користат за опис на своите продукти. Описот потоа се врзува со уникатниот идентификатор на продуктот, кој што се нарекува Глобален број на трговска единица или GTIN – тоа е бројот што се наоѓа под бар код симболот, а во Македонија го издава GS1 Македонија. Повеќе од 40 години овој број овозможува продуктите во физичкиот свет бидат точно идентификувани и опишани.

Со GS1 SmartSearch податоците за физичките продукти можат точно и детално да се претстават во дигиталниот свет во јазик разбирлив за интернет пребарувачите. На овој начин GS1 обезбедува дигитален стандард за идентификација на продуктите и податоците поврзани со нив на исто така добар начин како што тоа го прават бар кодовите во физичкиот свет.

Зошто е потребен GS1 Smart Search стандардот?

Денес повеќе од 70% од продажбите се остварени како резултат од информациите добиени од Интернет, а 80% од потрошувачите кои бараат информации на интернет пребарувањето го прават на GOOGLE. Податоците за продуктот кои се претставени на структуриран начин им ја олеснуваат работата на GOOLGE и другите Интернет пребарувачи бидејќи истите се лесни за читање од нивните веб роботи, лесно се разбирливи и истите се индексираат многу попрецизно.

Овој стандард звучи премногу технички, што се точно структурираните податоци и зошто се толку добри?

Структурираните податоци се текст кој ги претставува податоците во форма која што е лесно разбирлива за компјутерите. Оваа форма ја нарекуваме „машински разбирлива“ форма. Веб страниците на кои се опишани продуктите се наменети за луѓето. Ова претставува предизвик за машините кои треба да ги прочитаат податоците за даден продукт. На пример, опишана е машина за перење со вредност 1500rpm, луѓето знаат што значи овој податок, но веб роботите на Интернет пребарувачите кои ги индексираат податоците од веб просторот не знаат и не можат да ја разберат оваа вредност.

Форматот на структурирани податоци создава „парови од име и вредност“. Ако се вратиме на примерот со машината за перење, ние може да доделиме атрибут за брзината на вртење со вредност 1500rpm. Во овој случај кога веб роботот ќе ја посети страната, ќе ја разбере вредноста и ќе знае со што да ја поврзе. Со оваа додадена содржина на вредноста, веб роботот ќе го индексира правилно опишаниот продукт и при пребарување ќе прикаже порелевантни резултати.

Доколку додадам структурирани податоци на мојата веб страна тоа ќе им помогне на Интернет пребарувачите подобро да ги индексираат моите веб страни. Ова го разбирам, но каква ќе биде страната кога ќе ја посетата луѓе? Нема да биде неразбирлива и неуредена?

Структурираните податоци не се видливи за веб пребарувачот што го користат посетителите за сурфање по интернет. Со користење на скрипта позната како „JavaScript Object Notation“ веб дизајнерите можат да создадат одлични веб страници за посетителите без да влијаат врз рејтингот на Google. Веб роботите (пајаци) ќе ги забележат структурираните податоци и истите ќе ги индексираат само нив.

Во ред, но се уште сето ова звучи премногу технички! Дали на трговците и компаниите ќе им бидат потребни веб програмери за да ги додадат структурираните податоци на своите веб портали?

Да, потребни се технички лица, но во пракса, компаниите веќе имаат такви лица или плаќаат на надворешни компании кои можат да помогнат во имплементирањето на GS1 Smart Search стандардот. Веб програмерите или веб дизајнерите се доволно компетентни да ја завршат оваа работа без проблем. Нема потреба од промени на платформата за електронска комерција која што веќе ја имате. Имплементирањето на структурираните податоци е лесно и едноставно

Значи сепак има и техничка работа која може да повлече дополнителни трошоци. Па кои се бенефитите за сопствениците на брендови и трговците?

Производителите, односно сопствениците на брендови можат да направат GS1 SmartSearch форматирани описи за своите продукти кои ќе ги споделат со своите деловни партнери (трговци), овозможувајќи им ним посед на податоци кои се точни и релевантни за нивните веб продавници.

Трговците можат да направат веб страни со подобар изглед, без да го нарушуваат рејтингот на веб страните кои веќе се поставени на интернет, со користење на податоците добиени од производителите или сопствениците на брендот. Трговците можат дополнително да додадат свои сопствени податоци како цена, понуда, достапност па и говорна порака во описот на продуктот што го нудат.

Во ред, но дали имплементацијата на овој стандард ќе ја зголеми продажбата на моите продукти?

Да. Потрошувачите полесно ќе доаѓаат до вашите производи преку порелевантни резултати од пребарување на интернет, а со тоа се зголемува можноста точно вашиот продукт да биде оној за кој што тие ќе се одлучат да го купат. Затоа овој стандард не само што ќе го зголеми интернет сообраќајот на вашата страна, туку ќе ја зголеми и продажбата на вашите продукти.

Во ред, но што е со враќањето на купените продукти како резултат на рекламација на истите?

Подобрената контрола и точните податоци кои се поставуваат на интернет со користење на овој стандард водат кон подетален опис на продуктот. Па подобро информиран потрошувач потешко може да се разочара од купениот продукт и да побара негово враќање.

Значи со имплементирање на GS1 SmartSearch на мојот портал за онлајн продажба ќе привлече повеќе потрошувачи?

Како и кај повеќето иновации, раната имплементација ви дава конкурентска предност пред останатите трговци. Со имплементирањето на GS1 SmartSearch вашите продукти ќе се покажуваат на повисоки позиции на Интернет пребарувачите, но тоа не е се, не само што овој стандард ќе привлече повеќе луѓе на вашиот веб портал, туку ќе донесе потрошувачи кои навистина се интересираат за вашите продукти и ќе ги купат истите од вашата продавница.

Во ред, но јас не поседувам портал за онлајн продажба на мои продукти, на мојот портал вршам само презентирање на прокудите кои ги продавам и произведувам. Дали можам и јас да имплементирам GS1 SmartSearch?

Да, без разлика дали продавате или само презентирате производи на вашите портали, GS1 SmartSearch ќе ја зголеми видливоста на вашите продукти на Интернет, а самото тоа ќе доведе до зголемување на веб сообраќајот и на вашата продажба – без разлика дали продавате онлајн или преку класични канали.