еИнфo
No20 - февруари 2015


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Внесен 2000-тиот производ во GS1 Каталогот

Податоци надвор од етикетата: Обезбедување дигитални информации во кои потрошувачите може да веруваат

Внесен 2000-тиот производ во GS1 Каталогот

GS1 Каталог

    Новиот проект на GS1 Македонија – електронскиот каталог на производи означени со македонски бар код ја достигна својата првична цел – внесувањето на над 2000 производ. По првичната тест фаза, проектот започна со својата имплементација во септември 2014 година и за само 4 месеци успеа да ја достигне бројката од 2000 производи.

    Благодарение на посветеноста на над 200 македонски компании, беа внесени опширни податоци за нивните бренд производи следејќи ги меѓународните GS1 стандарди и се овозможи подигнување на GS1 стандардите на повисоко ниво во сопствените држави.

    Освен основните податоци за производот (бар кодот, производителот, името на производот, слика), следејќи ги меѓународните GS1 стандарди и ЕУ регулативите, во каталогот се содржат дополнителни податоци за производот како што се:

  • рок на употреба
  • состојки
  • нутритивен состав
  • алергенси
  • упатства за употреба, користење и припрема
  • димензии и тежини на производот
  • класификација на производот по меѓународниот систем на класификација на производите GPC (Global Product Classification)

    Секој заинтересиран купувач може да пристапи до податоците за производите преку: http://www.gs1katalog.mk

    Се повикуваат сите компании, членки на GS1 Македонија, да ја искористат оваа шанса за промоција на своите производи и да започнат со внесувањето на податоците уште денес.

    Од проектот се очекуваат бенефити за сите учесници во него – почнувајќи од производителите до крајните потрошувачи:

  • Компаниите без разлика на својата големина (мали и големи) ќе може да ги популаризираат своите производи и да ја зголемат видливоста на своите производи, кои ќе бидат опишани по признати светски GS1 стандарди;
  • Извозните компании (особено компаниите кои извезуваат во земјите од Европската унија) ќе може да го користат каталогот како начин за исполнување на EU 1169/2011 регулативата, која ќе биде задолжителна од 2015 година;
  • Малите компании без информациони системи, ќе може да го користат електронскиот каталог за менаџирање на податоците за своите производи;
  • Дистрибутивните куќи и маркетите ќе можат да ги добиваат податоците за сите нови производи во структуриран начин и истите да ги користат автоматски во нивниот систем;
  • Податоците остануваат во сопственост на GS1 организациите, а не во сопственост на IT куќа – провајдер;
  • Крајните потрошувачи ќе имаат пристап до точни и ажурирани податоци преку дигиталните канали за комуникација.