еИнфo
No24 - јуни 2015


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Саудиското регулаторно тело за Храна и Лекови (SFDA) и GS1 Саудиска Арабија потпишаа Меморандум за Разбирање

Модернизација на Синџирот на Снабдување со фармацевтски прoизводи во јавните болници во Хонг Конг

EPC/RFID го револуционизира здравството со користење на паметни хируршки елементи

Модернизација на Синџирот на Снабдување со фармацевтски прoизводи во јавните болници во Хонг Конг

Вовед

    Болничката Управа на Хонг Конг е управувачко и регулаторно тело кое управува со сите јавни болници и поврзани институции во Хонг Конг, вкучувајќки 42 јавни болници со преку 27,000 кревети, 48 специјалистички клиники и 73 општи клиники. Во 2010, Болничката Управа започна со реализација на проект за Модернизација на Синџирот на Снабување, со кој треба да се постигнат две главни цели: првата е да се овозможи влегување во трага и следење на голем број на фармацевтски производи преку усвојување на стандарди за единствена идентификација на единиците производи и протоколи за комуникација преку електронски пораки; а втората цел е да се постигне оперативна ефикасност на раководење со процесите во синџирот на снабдување.

    Овие цели, со целосна поддршка и соработка со големите фармацевтски дистрибутери, успешно се реализирани во 2013. GS1 Хонг Конг учествуваше во целиот тек на процесот на имплементацијата на проектот за Модернизација на Синџирот на Снабдување, пружајќки несебична техничка поддршка и професионални совети за воведување и користење на GS1 Стандардите.

    Проектот овозможи значително подобрување на ефикасноста на текот на работните процеси, значително подобрена следливост на фармацевтските производи и го трасираше патот за целосна безбедност на пациентите и лековите кои тие ги добиваат во текот на болничкото лекување.

Мануелните процеси создадоа предизвик

    Во 2012, во установите под јурисдикција на Болничката Управа на Хонг Конг вредноста на потрошените лекови изнесуваше речиси 4 милијарди Х.К: долари (околку 52.000.000 американски долари). Како и да е, целиот процес на управување со Синџирот на Снабдување се одвиваше преку традиционален начин на рачно водење на процедурите, односно најголемиот дел на набавките и приемот на пратки се одвиваа преку мноштво на хартиени документи. Евидентен беше недостостатокот на ефикасни и точни начини за евидентирање на движењето на производите со различни Лот броеви и рокови на траење, во и надвор од магацините на аптеките и дека токму поради тоа немаше можност да се спроведе следливост.

    За да се решат сите овие проблеми, Болничката Управа во 2010 година започна иницијатива за реализација на проект за Модернизација на Синџирот на Снабдување - Supply Chain Modernisation (SCM), за да се обезби модернизација на процесите со цел:

    Автоматска проверка на примените производи во однос на нарачаните, за да се подобри точноста и ефикасноста и Автоматско трагање и следење на фармацевтските производи од моментот и местото на прием до местото и времето на дистрибуција, со цел да се спречи лекови со истечен рок да дојдат до пациентите. Обезбедување на оперативна ефикасност и безбедност на пациентите преку усвојување на GS1 Стандардите

    Болничката Управа ги усвои следниве GS1 Стандардите за да се поттикне постигнување на целите на проектот за Модернизација на Синџирот на Снабдување за трагање и следење на фармацевтските производи :

  • Глобален Број на Трговска Единица (GTIN) за идентификација на секоја индивудуална единица пакување на фармацевстски производ;
  • Глобален Локациски Број (GLN) за идентификација на добавувачот на секој лек и на различните локации во нивните болници,
  • Сериски Код на Транспортен Контејнер (SSCC) за идентификација на логистичките единица при секоја испорака од добавувачите.

    Кога кутијата, односно збирното пакувања на производи е означена со GS1-128 Бар Код, таа се скенира од страна на болничкиот персонал на местото и времето на прием на производите, витални информации како што се GTIN-от, лот бројот и рокот на траење се добиваат по безжичен пат (WIFI) , веднаш по скенирањето. Бидејќи производите по приемот потоа се испорачуваат до различните оддели и места на користење во рамките на болничките установи, проектот за Модернизација на Синџитот на Снабдување ќе овозможи остварување на поголема точност на следењето на производите од една до друга локација преку користење на GLN броевите на секоја одделна локација.

Успешна имплементација

    За се минимизираат ризиците кои можат да настанат од имплементацијата на проектот и за да се тестираат овие решенија, во две фази се спроведе опсежен пилот проект: Во Фазата 1, се следеше движењето на производите од дистрибутерите до болничките аптеки, додека во Фазата 2, следење на производите се вршеше од аптеките до одделенските аптеки.

    Почнувајќи од Јануари 2011, со професоиналните совети и бизнис поддшката од страна на GS1 Хонг Конг, Болничката Управа започна соработка на реализација на целите на пилот проектот за Модернизација на Синџирот на Снабдување со 13 продавачи кои се истовремено и најголемите добавувачи преку кои се остварува повеќе од 70 % од целокупните набавки. Фазата 1 на проектот успешно беше имплементирана во сите фармацевстски продавници – аптеки и во складиштата во 41 јавна болница во Хонг Конг до Јуни 2013.

    Болничката Управа потоа ангажираше нови 13 продавачи и добавувачи кои реализираат 16% од вкупниот обем на набавки. Оваа втора фаза беше завршена во Април 2014 година.

Бенефити од GS1 Стандардите

    Проектот за Модернизација на Синџирот на Снабдување беше спроведен со намера да одговори на две важни прашања во здравствената индустрија – безбедност и ефикасност. При имплементацијата на проектот, Болничката Управа направи измени на одредени процеси и процедури според GS1 Стандардите. Заедно со своите добавувачи, Болничката Управа сега има можност да добие целосна видливост на процесите во синџирот на снабдување преку користење на GS1 Стандардите: GTIN броеви за производите, SSCC на логистичките единици, GLN за локациите на испорака и електронски испратници за известувања за испорака.

    Усвојувањето на GS1 Стандардите и имплементацијата на новите процеси резултираше со остварување на голем број бенефити. Болничката Управа на Хонг Конг ја зголеми брзината на нивните операции преку промена на начинот на изведување на процесите, од мануелен во автоматизиран.

  • Болничката Управа на Хонг Конг ја подобри точноста на информациите кои се добиваат преку документите за извршените набавки во процесот на снабдување.
  • Болничката Управа на Хонг Конг ја автоматизираше валидацијата на испораката на производите и со тоа ги направи операциите побрзи и поточни.
  • Преку соодветна технолгија и системи, Болничката Управа беше и продолжува да биде способна да ги подобри квалитетот и безбедноста на здравствените услуги.

Наредни чекори

    До Април 2014, проектот опфати 86% од набавките на фармацевтски производи на Болничката Управа, со учество на 26 добавувачи. Болничката Управа сега планира да го прошири проектот за Модернизација на Синџирот на Снабдување со уште поголем број на фармацевтски производи и нови добавувачи кои ќе се приклучат на постојните.

    Бидејќи многу локални добавувачи изразија подготвеност да учествуваат во автоматизираниот процес на набавки во болниците во Хонг Конг, во соработка со GS1 Хонг Конг се организираа едукативни настани за концептот, процесите и бенефитите за користењето на GS1 Стандардите. Споделени се практични примери од одвивањето на проектот за Модернизација на Синџирот на Снабдување, како и со здравствените работници и организации од Хонг Конг и пошироко во регионот.

    На подолг рок, Болничката Управа планира да развие и воведе систем за засилена следливост на фармацевтските производи – долж целиот синџир на снабдување од производителот се до моментот на употреба за лекување на пациентите. Како и да е, за да се обезбеди непречен трансфер на релевантни информации, фармацефтските производи ќе мораат да се препакуваат и/или обележат на начин кој тоа ќе го овозможи, а тоа се информациите за идентитетот на секој единечен производ, рокот на траење, бројот на Лот, Серискиот број и во случај на потреба и некои други потребни информации. Тоа ќе обезбеди целосна следливост и безбедност на пациентите.