еИнфo
No6 - Октомври 2013


Превземи PDF 

Содржина

GS1 DataBar насекаде низ светот

САД Канада
Велика Британија Австрија
Холандија Јужна         Кореја
Ирска Австралија
Белгија/ Луксембург Jaпонија
Полска  
 

 

Темa на бројот

Бизнис бенефити за специфични области  

Месо, живина и морска храна
Млеко и млечни производи
Производство
Книги и магазини
Фармацевтски производи
Купони
Мали производи

 

GS1 DataBar низ светот 
 
САД                                                                     


GS1 САД соработува со производителите и трговците на мало за користење на GS1 DataBar за идентификациски цели. Прифаќањето на овој стандард за скенирање на свежа храна на местото на наплата од страна на трговците на мало и користењето на GS1 DataBar-от за бар кодирање на купони се само дел од примерите како бизнисите во САД започнуваат со комплетната имплементација на GS1 DataBar стандардот. Индустрии кои имаат интерес за имплементацијата на GS1 DataBar-от пред 2014 година се: здравството, издаваштвото на книги и магазини, козметиката, изработка на накит, како и индустријата за свежа храна (месо, живина, риба, ...).
  Неодамна GS1 САД започна заедничка соработка со Grocer Kroger за два Пилот проекти базирани на имплементацијата на GS1 DataBar Еxpanded. Преку овие проекти, се започна со додавање на GS1 DataBar-от на пакувањата на месните производи со променлива тежина и приватно брендираните млечни производи. Дополнителните информации за производите кодирани во бар кодот докажаа дека нудат значајни бенефити како што се: превенцијата на продажба на производи со поминат рок на каса, анализа на “свежина” на производите кои се продадени и подобрена размена на податоци за производите при анализа и категоризација. Kroger е една од многуте американски фирми кои го вовеле GS1 DataBar-от при нивното работење и моментално ги користат бенефитите кои ги нуди овој бар код.
[почеток]

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА


GS1 Велика Британија предводи иницијатива за запознавање на индустријата на раноградинарски производи за GS1 DataBar-от пред официјал ниот датум за стартување со неговото користење во 2014 година. Како дел од оваа иницијатива е и Проектот за намалување на неискористена та храна, во кој што GS1 Велика Британија работи заедно со националните трговци на мало ASDA, Morrisons, Sainsbury’s и Tesco. Овој проект се базира на високото национално ниво на неискористена храна и други ресурси, резултантното влијание врз индустријата и општеството и несомнената потреба од мерење и намалување на ова ниво. Менаџирањето со неискористената храна е клучна компонентна во дистрибутивниот синџир во прехранбената индустрија, со одредени неопходни чекори кои се превземаат во различните стадиуми од синџирот.
  Статистиката покажува дека 1.450.000 тони храна и слични пакувања не се искористуваат на годишно ниво (се трансформираат во отпад) и тоа само во секторот на малопродажба. GS1 Велика Британија ја користи имплементацијата на GS1 DataBar-от како решение во оваа иницијатива. Воведувањето на GS1 DataBa-от во операциите во дистрибутивниот синџир нуди многу предности, вклучувајќи зголемена логистичка транспарен- тност, следливост, подобрено менаџирање на ресурсите и залихите. Употребата на GS1 DataBar-от во дистрибутивниот синџир го намалува непотребното користење на ресурсите и финансиите за производите.
  Ова е само еден пример како GS1 DataBar-от може да има значајно влијание и за трговците на мало, но и за општеството.
[почеток]

ХOЛАНДИЈА


   GS1 Холандија активно работи со компании во секторите на трговци на мало на градинарски и “направи сам” производите за да им укаже на потенцијалот од користењето на GS1 DataBar-от за идентификување на датумите на производство и употребливост. Со баркодирање на датумот на берба на градинарскиот производ му се овозможува на трговците на мало да нудат попуст на постарите производи и да овозможат нивна побрза продажба. Два од најголемите “направи сам” трговци на мало исто така ја разгледуваат можноста на користење на GS1 DataBar-от за картичките за членство.
[почеток]

ИРСКА


 
GS1 Ирска врши обуки на набавувачите во прехранбена та индустрија за бенефитите од GS1 DataBar-от и како може да се имплементира на свежите производи од страна на набавувачите, за да може да се користи од меѓународните трговци на мало.
  До 2014 година се очекува сите трговски партнери кои користат GS1 DataBar стандарди во бизнис околината, да може да го скенираат GS1 DataBar бар кодот и како GTIN да се процесира во базата на податоци.
  GS1 Ирска работи заедно со компании како што се Feile Foods, главен производител и трговец на месни производи за интегрирање на GS1 DataBar во нивниот дистрибутивен синџир и местото на наплата. Оваа имплементација значајно ќе ја подобри видливоста и следливоста во дистрибутивниот синџир, ќе ја зголеми ефикасноста и ќе ги намали рачните процедури. Исто така ќе им овозможи поефикасно справување на набавувачите и трговците со производите кои имаат кратко време на траење.
[почеток]

БЕЛГИЈА/ЛУКСЕМБУРГ


Повеќето дистрибутери се подготвени за GS1 DataBar-от. GS1 Белгија & Луксембург aктивно го промовираат GS1 DataBar за да им помогнат на производителите и дистрибутерите во запознавањето и користењето на GS1 DataBar-от за свежа и замрзната храна.
  GS1 Белгија & Луксембург исто така соработуваат со провајдерите на решенија (набавувачите на скенери, печатачи, ваги и софтвер) за да ги информираат за GS1 DataBar-от и ги охрабруваат да нудат материјал компатибилен со GS1 DataBar-от, за да помогнат за побрза имплементација на GS1 DataBar-от во сите сектори.
[почеток]

ПОЛСКА


  JMP (Jeronimo Martins Poland), сопственикот на Biedronka, е водечкиот трговец на мало во Полска со преку 2000 продавници во преку 750 локации. Со цел да ги задоволи растечките барања за квалитет на свежата храна од страна на потрошувачите, како и со цел да ги задоволи правните регулативи, Biedronka соработуваше со GS1 Полска и одлучи да го имплементира GS1 DataBar-от во нивната работа.
  Biedronka го имплементираше GS1 DataBar Expanded на нивните свежи месни производи, живина, свежи салати, леб, млечни производи и риба. Тие го кодираа GTIN-от, датумот на употреба, тежината и batch бројот.
  Главните цели на GS1 DataBar проектот биле да се спречи продажбата на производи со поминат рок на употреба и да се овозможат побрзи процеси на повлекување на производите, доколку тоа е потребно.
  Целосната употреба на GS1 DataBar во дистрибутивниот синџир на Biedronka ќе биде еден од најзначајните во светот. Користењето на GS1 DataBar-от на нови производи и вклучување на нови набавувачи се следните чекори за остварување на нивната цел да има повеќе од 100 производи баркодирани со GS1 DataBar (околу 10% од вкупниот број на производи).
[почеток]

КAНАДА


Трговците на мало Loblaw и Wal-Mart обезбедија поголема точност и брзина на местата на продажба, подобрена контрола на залихата и помал број на случаи на недостаток на
    GS1 Канада моментално соработува со локалните трговци на мало за да ги подготват канадските бизниси за имплементирање на GS1 DataBar-от, при што се потенцираат дополнителните бенефити, кои се добиваат со користење на овој глобален стандард.

АВСТРИЈА


GS1 Австрија соработува со трговците на мало за имплементирање на GS1 DataBar, како подготовка за датумот за старт на употребата во 2014 година. Австрискиот REWE Group го воведе GS1 DataBar-от во сите операции и го користат овој бар код за бележење на 300 различни свежи прехранбени производи. Дополнителни податоци, како што е тежината на производот и датумот на употреба се баркодирани и се покажале како многу значајни за подобрување на ефикасноста и намалување на неискористените ресурси.
  Еден од поголемите трговци на мало SPAR неодамна изјави дека стартува со Пилот програма во Австрија, која вклучува и воведување на GS1 DataBar баркодирање на нивните производи и купони.
  GS1 Австрија продолжува со поддршката на трговците на мало и е подготвена за овој значаен напредок во трговијата на мало.
[почеток]

ЈУЖНА КОРЕЈА


  GS1 Јужна Кореја започна GS1 DataBar пилот со LOTTE Mart, голем синџир на маркети; Pulmuone, водечки маркет во Ј. Кореја за тофу, соја и замрзнати тестенини и Konkuk Dairy & Ham, главен набавувач на млечни производи за LOTTE Mart.
  Овој Пилот-проект резултирал во зголемена сигурност на потрошувачите, намалена неискористеност на производите и подобрена ефикасност на местото на наплата. Двете главни цели биле да се запре продажбата на производи со поминат рок на употреба и да се овозможи автоматско обележување на производи, чиј рок на употреба е скоро истечен.
  GS1 Јужна Кореја дизајнирала систем кој што го користи GS1 DataBar-от за автоматско информирање на каса дека рокот на употреба на производот е изминат. GS1 DataBar стандардите исто така се користат и за да се овозможи автоматско дефинирање на попуст во зависност од бројот на денови кои остануваат до истекот на рокот. Овој автоматски процес на обележување, резултира во подобрена ефикасност.
  Имплементацијата на GS1 DataBar во LOTTE Mart се покажало како одличен начин за подобрување на ефикасноста, видливоста и намалување на трошоците.
  GS1 Јужна Кореја се обидува да ги презентира бенефитите од употребата на GS1 DataBar-от во компаниите од различни сектори во Jужна Кореја.
[почеток]


АВСТРАЛИЈА


  GS1 Австралија работи активно да ја зголеми свесноста за GS1 DataBar-от и бенефитите кои ги нуди за индустријата. Целта е да се подготват австралиските трговци на мало за 1 јануари 2014 година, кога GS1 DataBar-от ќе започне да се користи како отворен глобален стандард.
  GS1 DataBar е дизајниран да ги подобри операциите во дистрибутивниот синџир и да помогне да се исполнат главните и значајните предизвици во трговијата на мало. На пример, овозможува да се обезбеди следливост, со внес на повеќе информации во бар кодот, поширока и поразвиена класификација, автентификација на производите, глобална идентификација на производите со променливи мерки и полесно и поефикасно менаџирање на обележувањето. За трговци на мало, кои скенираат свежи прехранбени производи, овозможува идно процесирање на дополнителни податоци и на тој начин ќе има значајно влијание на базите на податоци на трговците на мало и системите на местото на наплата.
  GS1 Австралија, заедно со Alliance Partner провајдерите на решенија, продолжува да ги поддржува австралиските трговци на мало со имплементирањето на GS1 DataBar во дистрибутивниот синџир. GS1 моментално соработува со својот партнер, АuthenticateIT, на пилот проект за понатаможно воведување на GS1 DataBar кај австралиските трговци на мало.
  AuthenticateIT е глобален антифалси-фикаторски систем, кој што им овозможува на сопствениците на брендовите, трговците и потрошувачите да ги автентификуваат добрата во бизнис околината. Овој антифалси-фикаторски систем им обезбедува контрола на сопствениците на брендот врз испораките на нивните производи, а на трговците доверба во набавените производи. Секој производ во AuthenticateIT системот е обележан со уникатен идентификатор за да се овозможи следење.
  GS1 DataBar е одличен идентификатор, бидејќи ја има таа двојна корист. АuthenticateIT издава постоечки GS1 DataBar бар кодови, во согласност со најдобрите практики за заштита на брендот во индустријата, но им помага на производителите да се придржуваат до индустриските стандарди и дополнително да обезбедат понапредни процеси за контрола на залихата.
[почеток]


ЈАПОНИЈА


  
Во 2008 и 2009 година, јапонските трговци Bunkado и Beisia започнаа Пилот- проект за користење на GS1 DataBar Expanded Stacked бар кодовите со дополнителни податоци за производите.
  Двата пилот проекти беа успешни и резултираа со значајни бенефити за компаниите. Во Јапонија, потрошувачите се фреквентни купувачи на свежи прехранбени производи и внимаваат на квалитетот на храната. Поради тоа “датумот на употреба” на пакувањето е многу значаен за нив и токму затоа мора да се обезбеди начин тој да може да се процесира на местото на наплата.
  Двата трговци Bunkado и Beisia кодираа слични податоци во нивните пилот проекти (датум на употреба и GTIN) за идентификација на производот и негово обележување во случај на изминат рок преку употреба на GS1 DataBar. Два или три пати во денот, трговците подготвуваат прехранбени пакети (суши, сашими, сурова риба, пилешко, салати, ...) и овие пакети остануваат на рафтовите кратко време – најчесто помалку од 24 часа!
  Со употребата на GS1 DataBar Expanded може да се одреди свежината на производот и да се пресмета побрзо и поточно попустот на местото на наплата (каса).
  Двата трговци успеаа да овозможат регистрирање на производите со близок или изминат датум на употреба на местото на наплата.

Преку овие пилот проекти, GS1 DataBar беше прикажан како корисен за купувачите за обезбедување на потребните информации и услуги кои им се потребни за да веруваат во квалитетот на храната која ја купуваат.
[почеток]

 

Во наредниот број прочитајте подетално за GS1 DataBar Пилот проектот во Република Македонија.