Oтворен ден на GS1 Македонија 2019 – Со GS1 стандардите за менаџмент во транспортот и логистиката до зголемена конкурентност, бизнис раст и дигитализација

GS1 Македонија по трет пат организира отворен ден за бизнис зедницата со атрактивни теми, оваа година поврзани со новите трендови и иновации во областа на транспортот и логистиката. Целта е размена на искуства и успешни практики, како и остварување и зацврстување на деловните контакти. Овој настан е од едукативна и информативна природа, се одржува еднаш годишно и на него без надокнада може да присуствуваат сите заинтересерани компании.

Шпедитерите и логистичките компании во светот работат во динамично опкружување кое поставува високи барања за економска, еколошка и социјална одржливост. Дигитализацијата го менува однесувањето на потрошувачите, како и производствените и продажните стратегии на индустријата и трговијата. Како резултат на иновациите во процесите и технологијата, се креираат нови логистички решенија. Истовремено иновациите доведуваат и до прегрупирање на учесниците на пазарот, но и на самите пазари.

Нашите компании заслужуваат да бидат подготвени да одговорат на новите предизвици со цел да го прошират својот пазар, да стекнат нови деловни партнери и потрошувачи како во Републиката така и надвор од нашите граници.

Покана

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на Oтворениот ден на GS1 Македонија 2019, на тема:

"Со GS1 стандардите за менаџмент во транспортот и логистиката до зголемена конкурентност, бизнис раст и дигитализација ", кој ќе се одржи на 28-ми ноември 2019 (четврток), со почеток во 10:00 часот, во хотел Александар Палас (Конгрес сала 2).

GS1 Македонија по трет пат организира отворен ден за бизнис зедницата со атрактивни теми, оваа година поврзани со новите трендови и иновации во областа на транспортот и логистиката. Целта е размена на искуства и успешни практики, како и остварување и зацврстување на деловните контакти. Овој настан е од едукативна и информативна природа, се одржува еднаш годишно и на него без надокнада може да присуствуваат сите заинтересерани компании. GS1 Македонија обезбедува за сите присутни БЕСПЛАТНА брошура "GS1 стандарди за менаџмент во транспорт и логистика".

Шпедитерите и логистичките компании во светот работат во динамично опкружување кое поставува високи барања за економска, еколошка и социјална одржливост. Дигитализацијата го менува однесувањето на потрошувачите, како и производствените и продажните стратегии на индустријата и трговијата. Како резултат на иновациите во процесите и технологијата, се креираат нови логистички решенија. Истовремено иновациите доведуваат и до прегрупирање на учесниците на пазарот, но и на самите пазари.

Нашите компании заслужуваат да бидат подготвени да одговорат на новите предизвици со цел да го прошират својот пазар, да стекнат нови деловни партнери и потрошувачи како во Републиката така и надвор од нашите граници.

На вториот отворен ден на GS1 Македонија избрани се теми кои се поврзани со новите трендови во светот на трговијата. Американскиот експерт за дигитализација Роберт Бајдеман, директор на секторот за иновации во GS1, ќе зборува за најновиот проект на GS1 – GS1 Cloud со кој им се овозможува на компаниите во исполнувањето на потребите на денешните и идните потрошувачи. Продажбата на далечина е се повеќе застапена и прифатена од крајните потрошувачи, секоја година е се помасовен, а обртот на средства преку онлајн трговијата е од година во година се поголем. Овој тренд неминовно ќе ја зафати и нашата држава. Нашите производители и трговци треба да бидат подготвени да одговорат на новите предизвици со цел да го прошират својот пазар, да стекнат нови деловни партнери и потрошувачи како во Македонија така и надвор од нашите граници.

Затоа Ве покануваме да присуствувате и да ги слушнете избраните предавачи кои ќе ги изнесат своите искуства во секојдневното работење во областите на транспортот и логистиката, обезбедување на процесот на следливост како неизоставен дел од логистичките процеси, овој пат специфично во фармацевтската индустрија, да понудат софтверски решенија за дигитализација на бизнисот. Ќе бидат презентирани резултатите од бизнис анализата на овие сектори. Искористете ја оваа исклучителна можност која бесплатно Ви ја нуди GS1 Македонија, збогатете го Вашето знаење и бидете информирани за современите текови, задолжителната следливост, техничките решенија и глобалните трендови во транспортот и логистиката и уверете се како може користењето на светските, отворени GS1 стандарди да Ви помогнат во зголемување на ефикасноста, конкурентноста и дигитализацијата на бизнис процесите.

Со почит,

Слаѓана Милутиновиќ

Извршен директор на GS1 Македонија

ПРОГРАМА

09:30 - 10:00 Регистрација на учесниците
10:00 - 10:10 Отворање на настанот и обраќање на заменик министерот за економија - г-дин Кирил Колемишевски
10:10 - 10:20 Поздравен говор на директорката на GS1 Македонија и претставување на предавачите - г-ѓа Слаѓана Милутиновиќ
10:20 - 10:40 GS1 стандардите како интегрален дел на процесите на следливост, транспортот и логистиката – г-дин Срѓан Милутиновиќ, GS1 Македонија
10:40 - 11:00 Слеедливост и придобивки од GS1 стандардите во фармацевтска индустрија - г-дин Никола Димовски, директор на ИТ&Т, АЛКАЛОИД АД, Скопје
11:00-11:20 Бизнис анализа на секторите Транспорт, Логистика и Пошти – г-дин Огнен Огненоски, генерален менаџер, ТАРГЕТ ГРУП ДОО, Скопје
11:20 - 11:40 Имплементација на GS1 стандардите во софтверските решенија - г-дин Славчо Бујароски, директор, СИГМА-СБ, Скопје
11:40-12:00 Практична примена на GS1стандардите во оптимизација на процесите на работа во магацинот, логистиката и транспортот - г-дин Горјан Атанасовски, супервизор за логистика НЕЛТ СТ ДООЕЛ, Скопје
12:00-12:20 Успешни приказни во делот на логистиката при примена на WMS решение - г-ѓа Ана Јанкулова, директор на логистика и проект менаџер,КВЕНБЕРГЕР ЛОГИСТИК МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ, Скопје
12:20-12:40 Дискусија
12:40-14:00 Коктел дружење со вмрежување на учесниците

Симнете ја програмата во PDF

Отворен ден на GS1 Македонија 2019

На 28-ми ноември 2019 година во хотелот Александар Палас – Скопје по трет пат се одржа Отворениот ден на GS1 Македонија со наслов “Со GS1 стандардите за менаџмент во транспортот и логистиката до зголемена конкурентност, бизнис раст и дигитализација”. Темите на презентациите на настанот беа поврзани со начините како стандардизацијата во секторот транспорт и логистика може да ги трансформира сите бизнис процеси во рамките на компанијата и да води до подобра позиција во однос на конкурентноста и побрз бизнис раст на компанијата, што предизвика голем интерес кај македонските компании. Како потврда на тоа се над 140 регистрирани учесници и над 160 присутни учесници од сите сегменти на македонското стопанство (производители, дистрибутери, софтверски провајдери, маркети), како и голем број национални медиуми кои известуваа за важноста на овој настан.

Настанот го отвори г-дин Кирил Колемишевски, заменик министер за економија, кој укажа на важноста од постоењето на GS1 организацијата и GS1 стандардите како основа на која може да се воспостават темелите на електронската комерција и дигитализацијата во рамките на компаниите. Воедно даде и свое видување за новите проекти на кои се работи во моментот во Министерството за економија и за состојбата на македонските компании во однос на имплементацијата на дигитализацијата, начините како македонските компании би можеле да ја искористат оваа шанса и да станат конкурентни на дигиталните пазари на кои не постојат физички граници и претставуваат одлична можност за продир на македонските производи на странските пазари. Воедно ја нагласи важноста на GS1 Македонија, која успева секоја година да ги организира ваквите настани и испрати пофалби до самите присутни компании за нивниот интерес.

Кратко обраќање на настанот имаше и директорот на GS1 Македонија, г-ѓа Слаѓана Милутиновиќ, која даде краток осврт на моменталната состојба со GS1 стандардите во транспортот и логистиката и нивното влијание на електронската трговија, на досегашните иновации и проекти на кои работат GS1 Македонија и GS1 глобалната организација и ја потенцираше важноста на ваквата тема во денешната ера на е-комерција, како и нејзината желба македонските компании што поскоро и во голем број да ги прифатат GS1 стандардите во секторот транспорт и логистика и на тој начин да станат поконкурентни со светските "играчи" на интернационалните пазари.

Г-дин Срѓан Милутиновиќ, GS1 Македонија, во својата презентација ги презентираше GS1 стандардите во овој сектор, како и важноста на GS1 стандардизацијата и бенефитите кои ги имаат компаниите во светот, но и да укаже на можностите за македонските компании за намалување на трошоци и зголемување на профитот.

Во текот на презентацијата беше прикажана GS1 логистичката етикета и GS1-128 бар кодовите, како основа за воспоставување на следливост во компаниите и дигитализација на интерните и екстерните процеси во компаниите. Воедно беа презентирани и услугите, кои ги нуди GS1 Македонија во овој, но и во останатите сектори за своите членки компании.

Г-динот Никола Димоски, Алкалоид АД – Скопје, ја презентираше нивната имплементација на софтверското решение и GS1 стандардите во нивното работење. Во текот на презентацијата беа прикажани чекорите кои биле превземени во Алкалоид АД Скопје за имплементација на GS1-128 и GS1 логистичка етикета на различните нивоа во хиерархијата на пакувањето, како и софтверските промени.

Г-дин Огнен Огненоски, Таргет Груп ДОО - Скопје, ја презентираше направената бизнис анализа на секторите транспорт, логистика и пошти, изработена специјално за потребите на настанот. Во рамките на презентацијата присутните имаа можност да ја увидат процентуалната застапеност и типот на компании кои работат во овој сектор, како и да ги увидат различните карактеристики на компаниите во однос на низа параметери.

Г-дин Славчо Бујароски, СИГМА СБ - Скопје, преку видео врска од Њујорк ги презентираше двете негови софтверски решенија за EDI и WMS, во кои ги има имплементирано GS1 стандардите и кои веќе се употребуваат од голем број компании. За време на презентацијата беше ставен акцент како преку воведувањето на GS1 стандардите успешно се автоматизираат одредени процеси при дигитализацијата на компаниите.

На крајот на Отворениот ден, присутните имаа прилика да се запознаат со најдобрите практики од имплементацијата на GS1 стандардите во секторите на транспорт и логистика во двете македонски бренд компании НЕЛТ СТ и КВЕНБЕРГЕР ЛОГИСТИК.

Претставникот на НЕЛТ СТ, г-дин Горјан Атанасовски го презентираше процесот на воведување на GS1 стандардите и начините на кои овие стандарди им помагаат во процесот на транспорт и логистика. Преку примери од реалното работење успеа да им долови на присутните како GS1 стандардите успеале да ги револуционизираат процесите во НЕЛТ СТ.

Претставникот на КВЕНБЕРГЕР ЛОГИСТИК, г-ѓа Ана Јанкулова имаше можност да ги претстави GS1 стандардите кои ги имаат воведено не само во секторот на дистрибуција, туку и при означувањето на пратките и документите.

По завршувањето на настанот присутните имаа можност да извршат вмрежување и меѓусебни бизнис средби.