Десет чекори при имплементација на GS1 EDI

 
  1. Идентификувајте ги бизнис процесите во кои сакате да ги имлементирате GS1 EDI стандардите.

  2. Бидете сигурни дека во спроведувањето на примената на GS1 EDI стандардите ќе се вклучи менаџментот на вашата компанија.

  3. Контактирајте ја вашата национална GS1 организација.

  4. Информирајте се дали вашата компанија е акредитирана членка на GS1 и дали има компаниски префикс.

  5. Информирајте се за GS1 EDI стандардите.

  6. Проверете кој стандард Ви е потребен.

  7. Проверете во вашата национална GS1 организација, дали постои шема на пораки за вашата земја или сектор.

  8. Направете споредба меѓу податоците кои Ви се потребни во електронската размена и содржината на стандардната порака или шема.

  9. Усогласете ги основните податоци со своите партнери.

  10. Започнете со размена на податоци со користење на GS1 EDI стандардите.

Чекор 1: Идентификувајте ги бизнис процесите во кои сакате да ги имлементирате GS1 EDI стандардите



GS1 EDI стандардите поддржуваат различни бизнис процеси во синџирот на снабдување: од правење нарачka, преку испорака, до плаќање. За секој од овие процеси потребна е различна група на пораки.


Затоа, пред да започнете со имплементацијата на GS1 EDI стандардите, потребно е да одговорите на следниве прашања:


  1. Кои бизнис процеси ќе бидат опфатени со GS1 EDI стандардите?

  2. Кои податоци ќе се разменуваат во овие процеси?

  3. Кои деловни партнери ќе ги испраќаат односно примаат овие информации?

GS1 EDI стандардите овозможуваат решенија за различни области преку користење на GS1 EDI пораките. Ова се постигнува со користење на шеми кои се применуваат врз општите GS1 EDI пораки, на пример во прехранбената индустрија, индустријата за забава, кај канцелариското снабдување или текстилната индустрија. Затоа, треба да се земат в предвид специфичностите на одредени области при спроведувањето на анализа на бизнис процесот.


Во некои земји, кориснички групи креираат шеми на пораки кои се потпираат на регионалнате практики во спроведувањето na GS1 EDI во одредени области и бизнис процеси. (видeте: Чекор 7).


[На почеток]

Чекор 2:Бидете сигурни дека во спроведувањето на примената на GS1 EDI стандардите ќе се вклучи менаџментот на вашата компанија.



Ова е од суштинско значење за спроведување на успешна подготовка, бидејќи тоа е од суштинско значење менаџментот да ги обезбеди потребните човечки и финансиски ресурси.


Менџментот треба да ги разбере основните принципи и придобивки од примената на GS1 EDI стандардите. Треба да бидат свесни дека со примената на GS1 EDI стандардите можат да се подобрат услугите кон партнерите кои ќе бидат позадоволни, но и ефикасноста во синџирот на снабдување, намалување на трошоците и оптимизирање на средствата.


[На почеток]

Чекор 3:Контактирајте ја вашата националната GS1 организација



Стапете во контакт со вашата национална GS1 организација. Повеќето од националните GS1 организации имаат експерти за одредени технички области, а исто така и за GS1 EDI.


Во врска со GS1 EDI можете да побарате помош при примената на стандардите в овашата нацонална GS1 организација. Доколку нејзините експерти не се во можност да Ви помогнат директно, тие имаат пристап до глобалната мрежа на експерти од другите национални GS1 организации и компании корисници на GS1 EDI. Меѓународната GS1 има повеќе од 108 национални организации-членки и услужува повеќе од еден милион компании во повеќе од 150 земји.


Компаниите кои се наоѓаат во земјите каде непостои национална GS1 организација можат директно да контактираат со GS1 Global Office.


[На почеток]

Чекор 4:Информирајте се дали вашата компанија е акредитирана членка на GS1 и дали има компаниски префикс



GS1 идентификационите клучеви се користат во сите GS1 стандарди, во физичкиот тек на робата, на пример, кодирани со бар кодови и во текот на информациите односно деловните податоци. Без нив, невозможно е да се користи GS1 EDI.


GS1 идентификационите клучеви се користат преку употреба на GS1 компаниски префикс кој може да се добие од страна на GS1 националната организација во вашата земја.


GS1 идентификационите клучеви кои се креираат со употреба на GS1 компанискиот префикс се:


  1. GLN - Глобален Локациски Број, ја идентификува локацијата и се користи во сите GS1 EDI пораки.

  2. GTIN - Глобален Број на Трговската Единици, ги идентификува робата и услугите и се користи во сите GS1 EDI пораки.

  3. Други броеви за специфични апликации, за пример за идентификација на логистичките единици или средства.

Ако не сте сигурни дали вашата компанија е членка на GS1 и дали веќе имате компаниски префикс, Ве молиме контактирајте ја вашата национална GS1 организација за да ги дознаете потребните информации.


[На почеток]

Чекор 5:Информирајте се за GS1 EDI стандардите



GS1 нуди различни едукативни материјали во врска со GS1 EDI стандардите. Повеќето од нив, вклучувајќи ги и on-line курсевите за обука, достапни Ви се преку вашата национална GS1 организација кои, исто така, организира и класична обука на локалниот јазик.


[На почеток]

Чекор 6:Проверете кој стандард Ви е потребен



GS1 нуди две групи на GS1 EDI стандардите:


  1. GS1 EANCOM® - e GS1 стандард за "класичeн" EDI, едноставno подмножество на UN/EDIFACT

  2. GS1 XML - Користи XML за размена на деловни документи преку Интернет

На новите корисници на GS1 EDI, GS1 им препорачува користење на GS1 XML, но ако вашиот партнер е веќе корисник на GS1 EANCOM®, може да биде побарано од вас да го следите нивниот избор.


GS1 EANCOM® има огромна база на клиенти од целиот свет кои треба да бидат земени во предвид при изборот на групата GS1 EDI стандардите. Треба да се има на ум дека нема да го GS1 поддржува GS1 EANCOM® многу долго во иднина.


[На почеток]

Чекор 7:Проверете во вашата национална GS1 организација, дали постои шема на пораки за вашата земја или сектор



Бројни GS1 национални организации соработуваат со своите компании членки во процесот на создадавање на шеми на GS1 EDI стандардните пораки за одредени области во нивните земји, a primer za toa е областа "направи сам" во Холандија.


Шемите се подгрупа на пораки во целост компатибилни со "главниот" стандард. Тие се усвоени за потребите на корисничките групи, на пример, се избираат само одредени опции на компоненти на пораката. Документација од овие шеми често содржи препораки за примена во конкретни области или групи на корисници и се повикува на Упатставата за примена на пораките.


Корисничките групи можат да создадат шеми на меѓународно ниво за секоја област, на пример, “Upstream”, група за развој на GS1 стандардите за интеграција во синџирот на снабдување меѓу производителите и нивните добавувачи на суровини.


Исто така постои и упатство за примена на општите GS1 EDI (EDI) пораките.Најдобар начин да се провери кој тип на документација веќе постои за вашата област / држава / избрани технологии, е да ja контактирате вашата национална GS1 организација Членка.


[На почеток]

Чекор 8:Направете споредба меѓу податоците кои Ви се потребни во електронската размена и содржината на стандардната порака или шема



GS1 EDI стандардите се развиени врз основа на реални барања на корисниците и анализите направени од страна на компаниите корисници, така што тие ги покриваат сите или повеќето информации кои се разменуваат меѓу партнерите. Ако постојат некои разлики меѓу барањата на корисниците и податоците кои се опфатени со одредена порака, треба да се смени стандардот.


Важно е да се нагласи дека бизнис термините кои се користат во вашата компанија и GS1 можат да бидат различни, но од семантички аспект, содржината на елементи на податоците е идентична. Поради тоа, треба да се направи споредба помеѓу дефинициите на податоците, а не само меѓу бизнис термините.


Definiciite na podatocite можat да се најдат во Глобалниот речник на податоци (Global Data Dictionary - GDD).


Ако идентификувате разлики меѓу податоците кои Ви се потребни и тие кои се опфатени со GS1 EDI (EDI) пораките, треба да поднесете барање за измена (Change Request - CR) до GS1, дел од услугата која се вика Глобални стандарди за управување со процесите (Global Standards Management Process - GSMP), за промена на пораката или барање за креирање на нова порака. Барањето за промена може да се направи и директно на страницата GSMP, но Ви препорачуваме да се обратите до вашата национална GS1 организација за помоќ при составувањењето и испраќањето на барањето за промена.


Ако промените треба да се применуваат на локално ниво, барањето за промена треба да се поднесе до националната GS1 организација која ќе го процесира ова барање.


[На почеток]

Чекор 9:Усогласете ги основните податоци со своите партнери



Усогласувањето на основните податоци е неопходен чекор во примената на EDI, бидејќи основните податоци не се повторуваат во трансакциските пораки. На нив, едноставно упатуваат стандардните идентификациони клучеви. На пример, името и адресата на купувачот или продавачот не се наведени во документот испратница, но на нив упатуваат глобалните локациски броеви (GLN).


Овој пристап овозможува да се отстрани вишокот на податоци од трансакциска пораки, со што се обезбедува ефикасен проток на информации и значителни заштеди, како и интеграцијата на електронски пренос на податоци со физичкиот проток на стоки.


GS1 нуди стандарди за размена на основните информации. Постојат три основни начини за размена на основни информации:


  1. Во својот наједноставен облик, основните податоци може да бидат испратени преку e-mail или по факс. Ова решение може да им одговара на компании кои немаат искуство во користењето на EDI стандардите. Во подоцнежните фази на имплементацијата, кога компанијата веќе има vospostavena инфраструктура за EDI, треба да ги користат стандардите за основните информации.

  2. Размена на пораки со основните податоци на билатерално ниво, меѓу партнерите кои се учесници во размената на EDI подразбира дека кога се врши размена на одредени информации, треба повторно да се испрати порака, вклучително и исмените.

  3. Билатералната размена функционира многу добро за ограничен број на партнери, но кога бројот на партнери ќе се зголеми, тоа станува се потешко. GS1 нуди решение во вид на Глобална мрежа за синхронизација на податоци каде партнерите можат да ги објавуваат своите информации. Нивните партнери ќе бидат автоматски известени за настанатите промени.

[На почеток]

Чекор 10:Започнете со размена на податоци со користење на GS1 EDI стандардите



Пред да почнете размена на GS1 EDI пораки, треба да направите некои технички подготовки:


  1. Прво, вашата компанија треба да поседува софтвер или да обезбеди сервис кој поддржува GS1 EDI стандарди коj можe да одговорi на вашите потреби. GS1 не препорачува одреден производ, бидејќи на пазарот неутралностa е една од неговите основни принципи, но вашата национална GS1 организација може да ви препорача листа на компании кои ги нудат овие производи и услуги.

  2. Кога ќе го инсталирате софтверот, внесете податоци во вашата внатрешна база на податоци, на пример во ERP (Enterprise Resource Planning) софтверот за внатрешни податоци, кој овозможува автоматизација на основните бизнис процеси. Со други зборови, со користење на технологија која ги интегрира информациите од сите клучни деловни функции се олеснува нивниот тек во рамките на организацијата.

  3. Податоците извлечени од ERP се користат за EDI пораките. ERP може да биде многу софистициран инструмент кој во својата работа вклучува автоматизирано производство, сметководство, дистрибуција, управување со процесите во синџирот на снабдување и човечките ресурси. Има некои релативно едноставни ERP алатки кои се користат за back-end системи за мали и средни компании, софтвер кој го поддржува GS1 EDI.

  4. Вашите бизнис партнери треба да знаат кои технички барања се неопходни за размена на податоци со вашата компанија. Оваа информација може да се разменуваат во форма на договор за размена. Ова е многу важен чекор, разни стандарди организации за да обезбедат посебни упатства за ваквите форми на споделување и договор за размена. Примери можат да се најдат преку следниве линкови:
    http://www.unece.org/fileadmin/DAM/cefact/rEDImendations/rec26/rec26_1995_r1133rev1.pdf
    http://www.unece.org/trade/untdid/download/99cp5r1.pdf
    Овие модели ги покриваат општите деловни ситуации, и можат да се прилагодат на специфичните потреби на вашата компанија.

Откако ќе се постигне договор меѓу партнерите потребно е да се тестира вашата инфраструктура. Треба да се тестира и содржината на пораките и комуникацијата. Многу национални организации GS1 нудат различни услуги во врска со GS1 EDI апликацијата, на пример, тест пораки, сертификација, GS1 EDI инфраструктура за пренос на мал број на пораки, итн. Запознавањето со овие услуги ќе Ви помогне во имплементацијата.


Кога резултатите од сите тестови позитивни, подготвени сте да започнете со размена на пораки и да уживате во бенфитите овозможени од примената на GS1 EDI.


[На почеток]