Работна посета на „Престиж“ ДОО - Виница

На 23.07.2013 тимот на GS1 Македонија реализираше посета на компанијата Престиж ДОО Виница, членка на GS1 Македонија од 10.01.2011 година. Специфичните производи од пластични маси со прекрасен дизајн кој Престиж ДОО ги означува по GS1 стандард, беа повод тимот на GS1 Македонија да ја посети компанијата и одблизу се запознае со технологијата на производство и степенот на имплементација на GS1 стандардите.

Фирмата Престиж ДОО е основана во 2003 и веќе десет години успешно настапува на македонскиот пазар. Основна дејност на фирмата е трговија на големо. Од 2004 година Престиж ДОО се јавува како ексклузивен застапник на фирмата Рото-М ДОО и е одговорна за целокупниот пласман и дистрибуција на производите на Рото-М ДОО за територијата на Република Македонија. Фирмата Рото-М ДОО е дел од словенечката групација Рото, односно 80% од капиталот на Рото-М ДОО е словенечки, а 20% е македонски капиталал во сопственост на г-дин Зоран Ефремов кој е воедно и сопственик и основач на Престиж ДОО.

    

При посетата на производниот погон, тимот на GS1 Македонија имаше можност одблиску да се запознае со посебен вид на технологија на производство на пластични маси и изработка на украсни предмети и саксии со висок квалитет. Главна суровина која се користи во процесот на производство е ПЕ полиетилен во прав и истата суровина е со сертификат за прехрана. Производството се одвива врз база на производствениот процес Рото мулдинг.

       

Целокупната производствена програма, која што фирмата Престиж ДОО успешно ја пласира на домашниот пазар ги опфаќа следниве групи производи:

  • резовоари за нафта и вода;
  • резервоари за вино;
  • саксии за цвеќе;
  • фигури за дворно уредување;
  • пречистителни станици;
  • сепаратори за масло.

       

Освен на домашен пазар, поради високиот квалитет и прекрасниот дизајн производите се дистрибуираат и на пазарите на Словенија, Србија, Грција, Албанија, Косово, Бугарија, Турција и Израел. Визијата на компанијата е дека само со максимална посветеност во работењето, со висок квалитет на производите и со имплементацијата на GS1 стандардите, ќе успеат во освојување и на други европски и светски пазари.




Корисни линкови