Бројот на потребните бар кодови го одредувате според бројот на производи кој го
имате и варијантата на истите.
Пример:
Доколку произведувате три производи, кравји кашкавал, овчи кашкавал и мешан кашкавал
и од секој од нив имате пакување од 500 гр, 1 кг и пита од 4 кг тогаш вас ќе ви
бидат потребни 9 бар кодови. Односно за кравји кашкавал три различни бар кодови
по еден за 500 гр, 1 кг и 4кг, за овчи кашкавал три различни бар кодови по еден
за 500 гр, 1 кг и 4кг и за мешан кашкавал три различни бар кодови по еден за 500
гр, 1 кг и 4кг.