Тековни проекти на GS1 Македонија

Почеток на проектот: 01.01.2012

Крај на проектот: во тек

GS1 Македонија изврши промоција на Пилот-проектот „Со GS1 DataBar -от обезбедена следливост на производите до самото наплатно место“ на 11.12.2013 година. Со тоа, за прв пат во Република Македонија и во поширокиот регион, беше направена демонстрација низ практични примери како може со примена на GS1 системот на стандарди, без големи финансиски трошоци...

Корисни линкови:

Почеток на проектот: 01.06.2011

Крај на проектот: во тек

Со имплементацијата на GS1 стандардите во болницата "Филип Втори" - Скопје се добиваат следните бенефити: подобрена следливост, обезбедување на 5-те права на пациентите, усогласување со бараните здравствени стандарди за меѓународна акредитација на болницата, зголемување на продуктивноста, намалување административни трошоци, елиминирање грешките.“ Стручниот тим во "Филип Втори" кој директно е вклучен во реализација на Пилот проектот, ги изнесе и следните придобивки од баркодирањето - рационализација на целокупното работење, што подразбира: оптимизација на залиха, контрола на потрошувачка, намалување на време на работа, намалување на грешки од човечки фактор во целокупното работење на болницата.

Корисни линкови:

Почеток на проектот: 01.01.2011

Крај на проектот: во тек

На 23.11.2012 во организација на GS1 Македонија, ИНФО-Биро Охрид и Panteon Group® Словенија се одржа Форум под наслов “EDI – унапредување на деловните процеси по GS1 стандарди - Примери од пракса во македонското стопанство” на кој беше одбележан стартот на електронската размена на деловни пораки - EDI (Electronic Data Interchange) во Република Македонија.

Корисни линкови:

Почеток на проектот: 01.01.2007

Крај на проектот: во тек

Во текот на 2007 година ГС1 Македонија постигна исклучителни резултати, ги надмина планираните развојни цели и финансиски резултати, воведе нови услуги за своите членки и уште повеќе се приближи до бизнис- заедницата.

Корисни линкови: