Прв отворен ден на GS1 Македонија – Дали сте подготвени за дигиталната ера во трговијата?

GS1 Македонија по примерот на GS1 организациите од европските земји оваа година за прв пат ќе организира отворен ден со атрактивни теми поврзани со новите трендови во електронската трговија и онлајн шопингот. Целта на собирањата од овој тип е размена на искуства и успешни практики, како и остварување и зацврстување на деловните контакти.Овој настан е од едукативна и информативна природа и истиот се планира да премине во традиционален настан на GS1 Македонија кој што ќе се одржува секоја година. За сите присутни БЕСПЛАТНИ брошури како да продавате на AMAZON и EBAY

Поддржувачи на настанот:

На првиот отворен ден на GS1 Македонија избрани се теми кои се поврзани со новите трендови во светот на трговијата. Продажбата на далечина е се повеќе застапена и прифатена од крајните потрошувачи. Овој тренд секоја година е се помасовен, а обртот на средства преку онлајн трговијата е од година во година се поголем. Овој тренд неминовно ќе ја зафати и нашата држава. Нашите производители и трговци треба да бидат подготвени да одговорат на новите предизвици со цел да го прошират својот пазар, да стекнат нови деловни партнери и потрошувачи како во Македонија така и надвор од нашите граници.

Онлајн трговијата во Македонија е во зачеток, бројот на компании и маркети кои директно ги пласираат своите производи и услуги преку интернет уште е мал.

На Првиот отворен ден на GS1 Македонија ќе дознаете како GS1 стандардите можат да Ви помогнат Вам и на Вашата компанија да ги задоволите барањата на потрошувачите на 21-виот век.

Покана

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на Првиот отворен ден на GS1 Македонија, на тема:

"Дали сте подготвени за дигиталната ера во трговијата", кој ќе се одржи на 21-ви јуни 2017 (среда), со почеток во 10:00 часот, во хотел Александар Палас,Скопје (Конгрес сала 2, приземје).

GS1 Македонија по примерот на GS1 организациите од европските земји оваа година за прв пат ќе организира отворен ден со атрактивни теми поврзани со новите трендови во електронската трговија и онлајн шопингот. Целта на собирањата од овој тип е размена на искуства и успешни практики, како и остварување и зацврстување на деловните контакти. Овој настан е од едукативна и информативна природа и истиот се планира да премине во традиционален настан на GS1 Македонија кој што ќе се одржува секоја година. За сите присутни БЕСПЛАТНИ брошури како да продавате на AMAZON и EBAY.

Факт е дека потрошувачите денес не купуваат производи само преку традиционалните продавници, туку и преку различни други канали како Интернет, апликации, радио, телевизија, социјални медиуми итн., односно преку повеќе канали кои сите заедно со едно име се вметнати во еден термин "Омни-канал" трговија.

Онлајн трговијата во Македонија е во зачеток, бројот на компании и маркети кои директно ги пласираат своите производи и услуги преку интернет уште е мал и е во зачеток. Затоа Ве покануваме да присуствувате и да ги слушнете избраните предавачи кои ќе зборуваат за влијанието на дигитализација на деловните практики и потрошувачките навики како и на растечката важност на GS1 стандардите во повеќе каналната трговијата, или Омни-канал трговијата.

На првиот отворен ден на GS1 Македонија избрани се теми кои се поврзани со новите трендови во светот на трговијата. Британски експерт за "Омни-канал" трговија Дејвид Смит ќе зборува за моменталните трендови во електронската трговија и за тоа како GS1 може да им помогне на компаниите во исполнувањето на потребите на денешните и идните потрошувачи. Продажбата на далечина е се повеќе застапена и прифатена од крајните потрошувачи, секоја година е се помасовен, а обртот на средства преку онлајн трговијата е од година во година се поголем. Овој тренд неминовно ќе ја зафати и нашата држава. Нашите производители и трговци треба да бидат подготвени да одговорат на новите предизвици со цел да го прошират својот пазар, да стекнат нови деловни партнери и потрошувачи како во Македонија така и надвор од нашите граници.

Искористете ја оваа исклучителна можност која бесплатно Ви ја нуди GS1 Македонија, збогатете го вашето знаење и бидете информирани за современите текови, технички решенија и глобални трендови во дигиталната трговија која од ден во ден станува се позастапена и несомнено во блиска иднина ќе го преземе приматот од класичната трговија.

Со почит,

Слаѓана Милутиновиќ

Извршен директор на GS1 Македонија

ПРОГРАМА

09:30 - 10:00 Регистрација на учесниците
10:00 - 10:15 Свечено отворање на настанот и обраќање на м-р Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид“ АД Скопје
10:15 - 11:15 Како GS1 помага во задоволувањето на потребите на потрошувачот во 21-виот век
(David Smith, GS1 AISBIL)
11:15 - 11:30 GS1 Каталог на артикли на македонските производи – доверлив он-лајн извор на податоци за македонските продукти
(м-р Александар Кедијоски, GS1 Македонија)
11:30-11:45 Практична примена на Глобалната класификација на продукти GPC во KPI (Key Performance Indicators) анализите
(Сергеј Зафироски, Инсајдер ИД - Скопје)
11:45 - 12:15 Кафе пауза со NESCAFFE, освежување со производите на КОЖУВЧАНКА и Прв дел наградување
12:15-12:30 Електорнска размена на документи за поголема конкурентност, ефикасност и заштеди во работењето
(Славчо Бујароски, СИГМА СБ - Скопје)
12:30-12:45 Искуства и бенефити од онлајн продажбата на Виталиа Никола ДООЕЛ - Скопје
12:45-13:00 Електронски код на продукт - EPC/RFID, имплементација и бенефити за корисниците
(Игор Илковски, Инфо-Код - Скопје)
13:00-13:15 Употреба на EDI комуникаицјата за оптимизирање на деловните процеси во НЕЛТ СТ - Скопје
(Горјан Атанасовски, Нелт-Ст - Скопје)
13:15-14:35 Дегустација на вина од винарија СТОБИ, коктел дружење и втор дел наградување на присутните учесници на семинарот со музиката на Пламенка Трајковска - мали камерни состави

Симнете ја програмата во PDF

Поддржувачи

Погледнете го албумот со фотографии од настанот со притискање на:

Документи и презентации од Првиот Отворен ден на GS1 Македонија

Презентации:

Како GS1 помага во задоволувањето на потребите на потрошувачот во 21-виот век
(David Smith, GS1 AISBIL)
GS1 Каталог на артикли на македонските производи – доверлив он-лајн извор на податоци за македонските продукти
(м-р Александар Кедијоски, GS1 Македонија)
Практична примена на Глобалната класификација на продукти GPC во KPI (Key Performance Indicators) анализите
(Сергеј Зафироски, Инсајдер ИД - Скопје)
Електорнска размена на документи за поголема конкурентност, ефикасност и заштеди во работењето
(Славчо Бујароски, СИГМА СБ - Скопје)
Искуства и бенефити од онлајн продажбата на Виталиа Никола ДООЕЛ - Скопје
(Елена Јаневска, Виталиа Никола ДООЕЛ - Скопје)
Употреба на EDI комуникаицјата за оптимизирање на деловните процеси во НЕЛТ СТ - Скопје
(Горјан Атанасовски, Нелт-Ст - Скопје)

Видео материјали користени во презентациите:

Брошури и документи:

GS1 SmartSearch

Оптимизирајте ги вашите понуди и направете истите да се претставуваат подобро на Амазон.

Оптимизирајте ги вашите листинзи и подобрете ги нивните перформанси на eBay

Брошура Инсајдер

Биографија на британскиот експер David Smith >>

Успешно реализиран Првиот Отворен ден на GS1 Македонија

[Фотографии >>] [Презентации >>]

На 21-ви Јуни 2017 година во хотелот Александар Палас – Скопје успешно за прв пат се одржа Прв Отворен ден на GS1 Македонија со наслов „Дали сте подготвени за дигиталната ера во трговијата?“. Атрактивните теми привлекоа големо внимание меѓу македонските компании. Регистрирани беа 178 учесници, а на самиот настан присуствуваа повеќе од 150 присутни.

Open Day 2017

Настанот беше поддржан од 19 компании членки на GS1 Македонија од кои винарија СТОБИ организираше дегустација на своите вина, Алма-М со НЕСКАФЕ се погрижи за кафе паузата, а Кожувчанка со своите безалкохолни пијалаци ги освежуваше присутните за време на кафе паузата и организираниот коктел. Вредни награди за време на настанот преку учество во лотарија обезбедија: Алкалоид, Витаминка , Даути Комерц, Макпромет, Веропулос, Зегин, Реплек Фрам, Нелт Ст, Орбико, Тргопродукт Тинкес, Свислион, Виталиа, Зоралек и Кенди . Додека Инфоркод технички го поддржа настанот со изработка на ИД картички и обезбедување на опрема за читање на бар кодови.

Самиот настан побуди голем интерес меѓу македонските медиуми кои пред почетокот на настанот учествуваа на пресот во голем број.

Настанот го отвори м-р Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид“ АД Скопје кој ја нагласи потребата од имплементирање на глобални стандарди во работењето на компаниите во Република Македонија вклучувајќи ги и GS1 стандардите. „Алкалоид“ АД Скопје е прва компанија која што е зачленета во GS1 Македонија.

Open Day 2017 Кратко обраќање на настанот имаше и директорот на GS1 Македонија, г-ѓа Слаѓана Милутиновиќ, која ја објасни идеата и потребата од организирање на овој настан во Република Македонија.

Open Day 2017

Британски експерт за "Омни-канал" трговија Дејвид Смит од Глобалната GS1 канцеларија во Брисел, зборуваше за моменталните трендови во електронската трговија и за тоа како GS1 може да им помогне на компаниите во исполнувањето на потребите на денешните и идните потрошувачи.

Open Day 2017

Продажбата на далечина е се повеќе застапена и прифатена од крајните потрошувачи, секоја година е се помасовен, а обртот на средства преку онлајн трговијата е од година во година се поголем. Овој тренд неминовно ќе ја зафати и нашата држава. Нашите производители и трговци треба да бидат подготвени да одговорат на новите предизвици со цел да го прошират својот пазар, да стекнат нови деловни партнери и потрошувачи како во Македонија така и надвор од нашите граници.

Open Day 2017

М-р Александар Кедијоски од GS1 Македонија одржа презентација за повеќе годишниот проект на GS1 Македонија за создавање на национален каталог со производи на македонските компании во кој на едно место крајните потрошувачи, трговците и дистрибутерите ќе можат да пронајдат информации за македонските производи и нивните производители.

Open Day 2017

Првиот дел од предавањата заврши со презентација на г-дин Сергеј Зафироски од Инсајдер ИД – Скопје. Со својата презентација „Практична примена на Глобалната класификација на продукти GPC во KPI (Key Performance Indicators) анализите“ покажа како практично може да биде применета Глобалната класификација на продукти на GS1 при KPI анализите и како оваа алатка може да помогне во зголемувањето на профитот на трговците.

Open Day 2017

На кафе паузата се одржа и првото извлекување на наградите. Без извлечени 10 добитници на богати пакети од поддржуваните на настанот. Додека траеше извлекувањето, гостите се освежуваа со различните вкусови на Нескафе и безалкохолните пијалаци на Кожувчанка.

Вториот дел на настанот како надополнување на првите три презентации од првиот започна со презентација на г-дин Славчо Бујароски од СИГМА СБ – Скопје. СИГМА СБ е првиот и единствен македонски EDI провајдер кој функционира во Македонија но и надвор од нејзините граници. Со својата презентација „Електорнска размена на документи за поголема конкурентност, ефикасност и заштеди во работењето“ покажа како да се зголеми ефикасноста, добие конкурентска предност и подобрат перформансите на компаниите кои одлучиле или ќе одлучат да имплементираат EDI во своето работење и комуникација со своите деловни партнери.

Open Day 2017

Г-ѓа Елена Јаневска од Виталиа Никола ДООЕЛ – Скопје ги сподели искуства и бенефити од онлајн продажбата на веб продавница на Виталија и ја нагласи потребата од следењето на моменталните и идните трендови во трговијата, како и однесувањето и барањата на крајните потрошувачи.

Open Day 2017

Вториот дел заврши со презентација на г-дин Горјан Атанасовски од НЕЛТ-СТ со практична презентација на употреба на EDI комуникацијата во оптимизирање на деловните процеси во Нелт-СТ.

Open Day 2017

На крај од настанот се одржа коктел со дегустација на вина од винарија СТОБИ, музички настап на Пламенка Трајковска - мали камерни состави и беа извлечени останатите добитници на дополнителните 65 награди.