Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
Во Берлин,СР Германија, од 19.05 до 23.05.2014 се одржа годишното Генералното собрание на Меѓународната GS1 организација. Во неговата работа зедоа учество и претставници на GS1 Mакедонија Слаѓана Милутиновиќ, директор, Биљана Азеска и Билјана Рембоска, советници.
Програмата за работа на Генералното собрание на GS1 се состоеше од два дела: практичен дел и пленарен дел. Практичниот дел беше спроведен со директни посети на познати фирми - членки на GS1 Германија од областа здравство, транспорт и логистиката како и големи синџири маркети, кои во своето работење го имплементирале GS1 системот на стандарди. Во пленарниот дел беа дискутирани глобални теми од кои GS1 заедницата треба да црпи идеи и инспирации за иден развој.
Генералното собрание на GS1, го отвори г-дин Tim Smucker, директор и член во УО на GS1 кој ги поздрави учесниците и ја потенцира важноста на постоењето и имплементацијата на GS1 стандардите цели 40 години особено задржувајќи се на позитивното влијание кое го следи и поттикнува GS1 стандардот особено врз развојот на дигитализацијата која се случува во светот. Претседателот на GS1 г-дин Miguel Lopera, исто така ги поздрави сите учесници истакнувајќи дека темите за овогодинешното собрание се избрани така да од нив се извлече заклучок како и кон што развојно треба да се насочи GS1 во иднина. Во работата на Генералното собрание учествуваа 300 делегати од 86 земји членки на големото GS1 семејство.
Од страна на претседателот Miguel Lopera пред собранието беше предложен дневен ред. Пред делегатите беше презентиран финансискиот извештај за 2013, а потоа поединечно од страна на директорите на секторите на GS1 Global Office пред делегатите беа поднесени детални извештаи од сите сектори и проекти на кои се заснова работењето на GS1. Исто така беше предложен бизнис план за 2014/ 2015 и најавени беа промени и идни активности со чие имлементирање се очекува развој на GS1.
Во работата на Генералното собрание на GS1, во пленарниот дел, беа вклучени и меѓународни предавачи кои пред аудиториумот ги дадоа своите видувања и мислења за најважните предизвици во светски рамки врзани со иновациите, дигитализацијата и заштеда на енергијата, кои пак индиректно влијаат на развојот и работењето на GS1 и нејзините корисници – фирми членки. Станува збор за глобални теми од кои зависат и општествените промени глобално особено лидерството, но стана збор и за тоа колку е битно при секој развој да се направи анализа за оддржливоста на иновативноста.
Кај сите присутни особен интерес предизвикаа и обраќањата на Mike McNamara, CEO на Tesco, Erik Harsch, CEO на DM-drogerie market и Stephan Fusti-Molnar Генералниот менаџер на Henkel, кои воедно се и директори во УО на GS1. Сите тројца имаа идентични ставови околу потребата и бенефитите од користењето на GS1 стандардите но нивното работење. За сите нив купувачот е многу важен. Особено е важно тој да биде услужен брзо и прецизно. Една од причините зошто ги поддржуваат GS1 стандардите е нивната практичност и транспарентност како и беспрекорната соработка што ја имаат со GS1 заедницата. Во нивните излагања особено беше потенцирана и важноста од безбедноста на потрошувачот како и видливоста низ дистрибутивниот синџир која ја нуди GS1 стандардот. Нивниот заеднички став е дека со заедничко работење на GS1 од една страна и корисниците на GS1 услугите од друга ( производители, синџири маркети, ИТ куќи...) ќе се најдат најдобрите решенија за иден развој, а во интерес на сите учесници во тој синџир, особено сега кога одиме кон дигитализација.
На Генералното собрание свои видувања каква треба да биде врската трговец – купувач во иднина имаа Dr.Gerhard Choices , CEO на GfK, Michael Kliger , CEO од eBay Enterprise, Christian Bubenheim , CEO од Amazon.de GmbH и Markus Tkotz Managing Director на MARKANT AG, сите исто така членови во УО на GS1 и во УО на GS1 Germany. Сите четворица дигитализицијата ја гледаат како основа за иден развој на GS1. Развивање на виртуелни продавници за продажба преку интернет, работа на мобилни апликации за скенирање, но да се користи една главна база која ќе биде и униформна и транспарентна. Анализите со кои излегоа се дека бројот на купувања преку интернет се зголемува и по 20% годишно. Атрибутите со кои се опишува производ според GS1 се одличен инструмент за опишување на карактеристиките на производ и така опишан производ поставен на некој web, видлив на интернет мрежа секој полесно би се одлучил да го купи.
Пленарниот дел заврши со доделување плакети за 10, 15, 20, 25 и 30 години од членување во GS1 на организациите членки од сите земји ви светот. Оваа година GS1 Македонија ја доби плакетата за 20 години континуирано членство и придонес во развојот на GS1 системот. Плакетата свечено и беше врачена на директорката Слаѓана Милутиновиќ.
Настани
Новости