еИнфo
No11 - Март 2014


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Семинари

Презентации


Работилници


Форум


Едукација

Едукација во GS1 глобалната канцеларија во Брисел со наслов:„GS1 DataMatrix работилница за експерти“

   Во организација на GS1 GO (GS1 Global Office), во Брисел на 11 и 12 Март 2014, беше организиран работилница со наслов „GS1 DataMatrix работилница за експерти“

   На работилницата учествуваа вкупно 11 претставници и тоа од Белгија и Луксембург, Данска, Македонија, Египет, Монголија и од Глобалната канцеларија на GS1 во Брисел. Тренер беше Ilteris Oney – проект менаџер од GO, Брисел.

   Претставникот од GS1 Македонија, М-р Александар Кедијоски, со сите претставници размени контакти кои можат да се искористат за идна соработка или добивање на потребни информации од горенаведените земји за имплементација на GS1 стандардите и се стекна со дополнителни знаења кои ќе послужат за идните едукативните активности за членките на GS1 Македонија. Работилницата траеше два дена.

    Прв ден (11 Март 2014) – запознавање со структурата на GS1 DataMatrix, изработка, печатење и воспоставување на верификациони сервиси за 2D симболите

    Првиот ден беа обработени следните содржини:
  • Вовед во бар-кодови и скенирање,
  • GS1 DataMatrix структура,
  • Micro scan презентација,
  • Креирање и печатење на DataMatrix и дискусија на шаблон документот за верификација.

   Втор ден (12 Март 2014) – споредба на GS1 DataMatrix и GS1 QR Code, решавање на гранични оцени од верификација, примена на GS1 DataMatrix и сертификација

    Вториот ден беа обработени следните содржини:
  • Верификација на креираниот DataMatrix со LVS верификатор и дискусија за параметрите добиени од верификацијата,
  • Споредба на GS1 DataMatrix и GS1 QR Code
  • Примена на GS1 DataMatrix (Здравство, Нова генерација на PID)
  • Тестирање и сертификација

   Целта на GS1 е во наредните 10 години целосно да се премине кон примена на претходно наведени бар код симболи, тоа ќе го прават преку пилот проекти, а каде што може ќе интервенираат тоа да се стави во закон.

   Тестирање и сертификација
На крајот од оваа сесија се спроведе тест и сите учесници се стекаа со „GS1 Сертификати за DataMatrix експерти“.