еИнфo
No10 - Февруари 2014


Превземи PDF 

Содржина

Поддршка за усвојувањето на GS1 Стандардите


HL7 го поддржува GS1


GS1-Користењето на SMS за автентификација на лековите мора да биде според глобални стандарди


GS1 Здравство добитници на Way-Paver наградата


Новости од светот

 Претставниците на учесниците во синџирот на снабдување на Глобалното Здравство го поддржуваат усвојувањето на GS1 Стандардите

    Земјите од целиот свет се соочуваат со големи предизвици во однос на обезбедувањето на безбедноста на пациентите и намалувањето на сeвкупните трошоци, кои имаат влијание врз целиот синџир на снабдување во Здравството, од производителите до веледрогериите, дистрибутерите, работните групи за зајакнување на куповната моќ и провајдерите на здравствените услуги. Предизвиците во голема мерка се однесуваат на фалсификувањето, неделотворните отповикувања и повлекувања на производите и на комплексноста на синџирите за снабдување. Единствен, глобален стандард за идентификација на производите и размена на податоците е од клучно значење во решавањето на овие прашања и обезбедување на безбедноста на пациентите и пониски трошоци во синџирот на снабдување во Здравство.

   Сeвкупните трошоци во здравството се зголемувaaт во континуитет последниве години, а очекувањата се дека трендот на пораст ќе продолжи и дека стапката ќе биде повисока од стапката на пораст на бруто домашниот производ во голем број држави. Ставањето под контрола на порастот е еден од најважните политички приоритети. Трговските партнери во Здравството се во потрага по начини за намалување и контрола на трошоците. Еден од тие начини е оптимизирање на синџирот на снабдување преку користење на глобалните GS1 стандарди.

    Најновото истражување на McKinsey & Company е реализирано со учество на повеќе од 80 лидери од Здравствената индустрија од целиот свет, ги оцени бенефитите и вредностите на усвојувањето на глобалните стандарди во синџирот на снабдување во Здравството. Извештајот може да го прочитате на: www.gs1mk.org.mk/mckinsey

   Со развојот и достапноста на GS1 Стандардите за Здравството изминативе неколку години, здравствените заедници од целиот свет ги прифатија и ja забрзаа нивната имплементација. GS1 Стандардите овозможуваат забрзување и унапредување на процесите во синџирот на снабдување и ја подобруваат нивната видливост – од производителите до пациентите.

 

Ние ги охрабруваме сите заинтересирани страни во светот од здравствената индустријата, вклучувајќи ги производителите, дистрибуте- рите, провајдерите на услуги и регулаторите да го прифатат и усвојат GS1 Глобалниот Систем на Стандарди со цел подобрување на безбедноста на пациентите и намалување на вкупните трошоци во Здравството. - Извадок од McKinsey извештајот

    

    Од 2004 година, FDA на САД нареди употребата на идентификатори на производите и баркодови за фармацевтските производи што се продаваат во САД. GS1 системот се користи од страна на многу компании за да ја исполнат оваа законска обврска. Во глобалната иницијатива која е во тек за стандардизација на единствените идентификатори на медицинските помагала (UDI) исто така ќе биде вклучено користењето на GS1 Стандардите. Оваа иницијатива, која ги вклучува производителите на медицински помагала, купувачите и сите други партнери во синџирот на снабдување, како и владите, првенствено има за цел да се подобри безбедноста на пациентите и поголема ефикасност во Здравствената индустрија.

   GS1 Глобалните Стандарди станаа еден јазик на избор за менаџмент на синџирите за снабдување и електронската трговија во Здравството со цел да се подобри безбедноста на пациентите и да се поддржат електронските здравствени досиеја. Со GS1 Глобалните Стандарди се осигурува компатибилност и интероперабилност на решенијата во синџирот на снабдување, не само во рамките на една организација, туку исто така и во рамките на државата, регионот и на глобално ниво.

   Во McKinsey извештајот јасно се претставени глобалните стандарди во здравството. GS1 Системот на Стандарди обезбедува ефикасна глобално хармонизирана и интегрирана рамка за управување со податоците и информациите во синџирот на снабдување.