еИнфo
No7 - Ноември 2013


Превземи PDF 

Содржина

Пилот проект за GS1 DataBar

 

Бенефити за учесниците


Претставување на учесниците во Пилот проектот

Mлекара АД Битола

Златко Најдовски,
Генерален директор на Млекара АД Битола
“Бимилк отсекогаш бил предводник во реформи-те кои се спроведуваат во млечната индустри-ја во Македонија и ги следел барањата како на крајните потрошу-вачи, така и на продажните места со коишто соработува.

   Во таа насока компанијата влезе во овој проект со чија помош ќе се олесни комуникацијата со продажните места, ќе се зголеми заштитата на потрошу-вачите и ќе се овозможи целосно следење на производите со променлива тежина. Со овој проект производите со променлива тежина ќе добијат сложен бар код, кој ќе содржи многу повеќе информации како податоци за тежината на производот, производната серија, стандардниот бар код и рокот на траење на овој производ.
  Денес развојот на технологија овозможува повеќе од било кога да се унапредат процесите и да се обезбедат повеќе информации околу самите производи секако во функција на подобрување на нивниот квалитет и нивната дистрибуција до купувачите. За нас во Бимилк, испорачувањето на квалитетни и безбедни производи до потрошувачите е на прво место и затоа ги поддржуваме сите проекти кои придонесуваат за здравјето и доброто на потрошувачите. По завршувањето на оваа фаза од проектот, се надеваме дека ќе пристапиме кон воведување на овој бар код и кај производите со непроменлива тежина.”
        Профил на компанијата

  Првата млекарница во Република Македонија, Млекара AД Битола, формирана во далечната 1952 година, преку континуирано унапредување, модернизација и проширување успева да стане лидер во домашната млечна индустрија во Република Македонија. Следењето на современите светски трендови, долгата традиција и огромните производствени капацитети овозможуваат Млекара АД Битола (Bimilk) секојдневно да ги задоволува потребите на милиони потрошувачи. Со годишен капацитет на преработка на млеко од над 65 милиони литри, широка програма на млечни пијалоци и природни овошни сокови (Bifruit), оваа компанија има асортиман од повеќе од 54 производи.
    Со своите производи Бимилк опфаќа голем процент од домашниот, но и странскиот пазар.Taa e единствената сертифицирана компанија во Македонија со доделен извозен број за Европската Унија со годишни увезени 650.000 l/kg млечни производи и извезени 1.500.000 l/kg млечни производи на странските пазари (Хрватска, Србија, Косово, Канада и Америка).
   Бимилк воедно е и дел од најголемата млечна групација Danube Foods Group.
     Со постојаната работа на иновирање на сите процеси, подобрување на квалитетот на производите, одржување на безбедност и исполнување на светските стандарди за млечната и прехранбената индустрија, Бимилк има за крајна цел: да ги исполни високите критериуми на своите потрошувачи.