Превземи PDF 

Содржина

40 годишнина

 

Нови услуги

Софтвер за генерирање на GS1-128 и логистичка етикета

GS1 Верификација на бар кодовите

Проверка на акредитација

Електронско аплицирање

 

Новости

Новиот 1WorldSync каталог

 

Теми на бројот

Електронска размена на податоците - Што, како и зошто?  

 

Teми на бројот

Електронска размена на податоците - Што, како и зошто?
  
     Вашата компанија постојано врши нарачки, достави и наплати – процес познат како “од нарачка до кеш”. Во Република Македонија најголем број од компаниите сеуште испраќаат нарачка, испратница и ги процесираат овие хартиени документи и наплатата рачно, што влијае на зголемување на доцнењето и грешките. GS1 организацијата нуди неутрални глобални стандарди врз основа на кои може да се гради процесот “од нарачка до кеш”, со што се елиминираат грешките и значително се забрзува комуника-цијата помеѓу тргов-ските партнери. Тоа е познато како Електронска размена на податоците (ЕDI).
   Наместо да се работи рачно или со сопствени неинтегри-рани системи, со користењето на GS1 еCom стандардот за EDI се овозможува ефикасна и точна електронска размена на бизнис податоците меѓу трговските партнери.
  Како резултат се зголемува брзината и точноста низ целиот дистрибутивен синџир со многу мали трошоци. GS1 ги советува компаниите да започнат со работа со  електронска документација  и  нико-
   гаш да   не се прекинува синџирот на податоците. При употребата на EDI, најмногу бенефити од користењето на GS1 стандардите може да се добијат доколку податоците се поврзат со оние кои претходно биле кодирани во GS1 бар кодовите или на ниво на основно пакување или на ниво на кутија или палета. Компјутерските апликации можат да ги поврзат податоците скенирани од пакувањето на производот директно со информациите добиени од електрон-ските пораки. Ова значи дека наместо да се прекинува синџирот на податоците, компа-ниите кои ги користат GS1 стандардите мо-жат да обезбедат авто-матизација на про-цесот “од нарачка до кеш” и да ги искори-стат податоците кои се поврзани со производите.             Што чекате? Искористете ја оваа конкурентска предност и имплементирајте го EDI во вашата компанија. Започнете со разгледување на GS1 еCom стандардите уште денес. За повеќе информации контактирајте ги овластените лица од GS1 Македонија или посетете ја Означен стартот на EDI по GS1 стандарди во Р. Македонија.

● ● ●
Вклучете се во ЕДИ подигнете го Вашиот бизнис на едно ново ниво.
● ● ●

Дали компанијата може да ги елиминира хартиените документи од дистрибутивниот синџир?
  
Напредување кон целосен електронски процес “oд нарачка до кеш” во L’Oreal во Франција

     Бидејќи ова прашање е често едно од првите за кои се интересираат компаниите пред почетокот на имплементацијата на EDI во нивното деловно работење, решивме да дадеме еден реален пример за прифаќањето на eCom стандардот од страна на интернационалниот лидер во козметика и производи за нега, L’Oreal.
        Во 1993 година, L’Oreal Франција започнал прв да ги користи GS1 еCom бизнис пораките за нарачка (ORDER), рачно процесирање на нарачките. Во 1998 година, започнал да користи уште две стандардизирани бизнис пораки – електронска испратница (DESADV) и електронска фактура (INVOIC).
     Денес трговците на L’Oreal автоматски пренесуваат податоци за залихата на производите со користење на стандардни пораки за статус на инвентарот (INVRPT), кој што се пресметува преку алатка за надополнување на залихите. L’Oreal исто така разменува матични податоци за производите со користење на GS1 Глобалната мрежа за синхронизација на податоците (GDSN).
   Иако за време на развојот постоеле одредени пречки, сепак резултатите се позитивни. Компанијата заштедила време, ги намалила трошоците, ги отстранила доцнењата и грешките што биле предизвикани од доцнењата на поштата, повторно пополнување на истите податоци и физичко архивирање.
      Нивниот целосен логистички процес е подобрен, со многу малку продавници и складилишта со недостаток на залихи и подобрено следење на текот на робата и оптимизирана испорака. Елиминирање на хартиените документи исто така придонесува и за еколошкиот развој. Денес, 87% од продажбите на L’Oreal во Франција се вршат преку електронски нарачки, 78% од продажбите се проследени со електронска испратница и 47% се проследени со електронска фактура.

    L’Oreal продолжува континуирано на овој пат на развој и ќе се обиде да ја отстрани целосно хартиената документација од процесот “од нарачка до кеш”, со што ќе се зголеми продуктивноста на единиците, ќе се овозможи подобар одговор на барањата на клиентите и ќе се осигура квалитет.

ДОКАЖАНИ БЕНЕФИТИ
ОД ЕDI


£650 милијарди заштеда за трговците на мало

Извор: GS1 UK EDI Cost Savings Report, сеп. 2010

€14 до €18 помали трошоци по трансакција

Извор: GS1 Франција

700 тони помалку потрошена хартија

Извор: GS1 Франција

€25 до €65 заштеда на документација за еден процес на нарачка/наплата

Извор: Politecnico of Milan, во соработка со GS1 Италија

€12 до €16 помали трошоци по трансакција

Извор: GS1 Германија, Податоци од PROZEUS проектот

€55-65 милиони заштеда годишно

Извор: GS1 Шведска

€181 милиони заштеда за трговците на мало

Извор: GS1 Шпанија

10.000 спасени дрва

Извор: GS1 Шпанија

Намалување на бројот на програми за задоволување на барањата на индивидуални трговци за 80%

Извор : “EDI standard implementation effect”, прашалник направен во соработка со GS1 Јапонија

ROI (Враќање на инвестицијата) за ASN е проценето на $5 кога се користи за единечна потврда до $50 кога се користи за автоматско примање на податоци и видливост.

Извор : ec-BP - Electronic Commerce Best Practices – Scott Koegler. ASN - Најзначајните EDI документи

Намалено времето на достава за 61 час

Извор: Global Scorecard прашалникот направен од страна на The Consumer Goods Forum заедно со IBM

5% помалку ситуации на недостаток на залихи

Извор: Global Scorecard прашалникот направен од страна на The Consumer Goods Forum заедно со IBM