еИнфo
No25 - јули 2015


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Комплетно решение за следење на пивските буриња

Вовед во Глобалниот Идентификатор на вид на документ

Комплетно решение за следење на пивските буриња

GS1 Каталог

    Хајнекен и три од топ петте глобални производители на пивски буриња се меѓу компаниите кои ги користат бенефитите од EPC/RFID решенијата за следење на средства развиена за пивската индустрија од HID глобал и Visibility Asset Management Solutions. Решението користи UHF тагови, фиксни и рачни скенери и платформа базирана на Cloud технологијата.

    Компаниите ова решени можат да го користат за да контролираат кои буриња се во производство, кои се наполнети и испорачани и може да се провери содржината на секое буре. Решението исто така го следи патувањето на секое пивско буре низ синџирот на снабдување, така да компаниите во секој момент знаат колку долго секое буре се задржало во даден бар или ресторан и кога истите се спремни за подигнување. Дополнително ова решение може да се користи и за управување на животниот циклус на бурето, вклучувајќи ги тука и термините за редовна проверка и одржување. Овие информации им помагаат на компаниите за точно планирање на достапноста на овие средства и потенцијално можат да ги намалат капиталните инвестиции во нови буриња за време на ударните периоди – изјави Jon Quinn, логистички директор во Visibility.

GS1 Каталог

    Фиксните RFID читачи континуирано читаат 100% од бурињата на палета како што тие се пренесуваат со вилушкар до местото за испорака во магацинот, како што се товарат во возилата или како што влегуваат или излегуваат од централниот магацин или локација за складирање – изјави Marie-Francoise Glotz-Bartley, заменик директор на продажба во HID глобал. Исто така нагласи: „UHF таговите овозможуваат читање од најголемо растојание “. „Кога на камион се натоварени 50 буриња, недозволиво е да не се евидентираат сите 50 како што возачот излегува од дворот на фабриката, бидејќи најчесто бурињата се секогаш поскапи од нивната содржина“. Рачните скенери се користат за идентификување на индивидуални буриња во баровите или рестораните за да се потврди доставувањето и/или враќањето во одделот задолжен за собирање на бурињата.

GS1 Каталог

    Frank Beverage Systems, водечки провајдер за снабдување со метални буриња на пиварите и трети компании кои се занимаваат со издавање на буриња на пиварите, нуди означување на бурињата со HID Global UHF тагови. Пред една декада, Frank започна да им нуди на своите корисници опција за означување со ниско фреквентни тагови на нивните буриња. Компанијата уште ја нуди оваа можност бидејќи LF таговите се поевтини, но советува користење на UHF тагови поради можноста за групно читање од поголемо растојание на средствата што е голема предност во логистичките операции. Оваа можност не постои кај LF таговите, со нив бурињата може да се читаат само додека се на производствената линија, изјави Alexander Brand – претседател и CEO на Frank. Компанијата Frank, не очекува веднаш сите сови корисници да преминат на UHF технологија. Речиси 85 проценти од корисниците во Велика Британија, користат буриња со пиво означени со RFID, a само 10% од нив ја прошируваат употребата со UHF технологија. Предност е што најголем број од корисниците само што започнуваат со имплементирање на RFID технологијата и истите се одлучуваат за UHF, изјави Brand и продолжи, бидејќи тие го гледаат повратокот на инвестицијата и бенефитите со поврзувањето на оваа технологија со инфраструктурата и информатичките системи: „Доколку знаете каде сте ги испратиле бурињата и состојбата во која што се тие, тоа прави разлика“. Visibility работи заедно со Frank во развојот на софтверски модул за Global Network Keg Services, решение кое е претставено од Frank за поддршка на активностите за одржување на бурињата кои имаат гарантен рок до 30 години. „Им даваме на GNKS партнерите кои ги сервисираат овие буриња доверлив систем кој ги идентификува бурињата како живи суштества, на пример, старо седум години и има потреба од промена на гумените делови од системот за затворање кој најчесто поради истрошеност ја зголемува можноста за истекување“ – изјави Brand.

GS1 Каталог

    Според пресметките на Brand 90 проценти од пиварите низ светот не знаат кое буре кај кој корисник завршило и кога истото се вратило во матичната пивара. „Постои огромен потенцијал во оваа технологија за да бидеме задоволни само со основните бенефиции“ изјави тој. Употребата на RFID ќе се проширува, а во комбинација со Интернетот на нештата крајниот корисник ќе биде во можност со читање на тагот да дознаат на која температура се служи пивото, колку CO2 да подесат на машината за точење за различно пиво кое доаѓа од бурето, колку литри пиво се останати во бурето итн....сите овие информации ќе доаѓаат од доверлив извор како што се GS1 каталозите.