“ДЕГУСТАЦИЈА” НА ПРОИЗВОДИТЕ НА СИГМА-СБ и ЗЕБРА

Во Музејот на Македонската борба, на 08.05.2018 година (Вторник) нашата членка Сигма СБ го организираше настанот “ДЕГУСТАЦИЈА” на производите на Сигма-СБ и Zebra”.

Повеќе од 90 учесници од нашите најголеми компании беа присутни на настанот на кој беа презентирани како функционира опремата на Zebra на решенијата на Сигма-СБ и како истите имаат практична примена за ефикасно работење на компаниите од областа на малопродажбата, големопродажбата, производството, логистиката, дистрибуцијата и други дејности.

GS1 Македонија има долгогодишна соработа со Сигма СБ и има работено на низа проекти во областите на трговијата на мало и електронската размена на податоци (EDI), како и следливоста со користење на GS1 DataBar.

Презентацијата на решенијата на Сигма-СБ на опремата на Zebra започна уште со самата регистрација. Софтверот на Сигма-СБ и принтерите на Zebra овозможија на лице место да се печатат ID картици со баркод на сите учесници на настанот.

GS1 Македонија исто така имаше промоција на своите услуги (GS1 Cloud и GS1 Каталог) на почетокот од настанот, што предизвика голем интерес кај присутните учесници.

Настанот го отвори Никола Аврамоски, Директор на Сигма-СБ Компјутери кој воедно e овластен препродавач на производите на Zebra.

По свеченото отварање на настанот, презентации имаа нашите гости од Zebra, Невена Раденковиќ – Channel Account Manager for Adriatic+Bulgaria, Јован Поповиќ – Senior Territory account manager и Небојша Катиќ – Sales engineer. На присутните гости им беа претставени карактеристиките и функционалностите на опремата на Zebra на најновите мобилни компјутери, баркод скенери, принтери. Претставниците од Zebra ги објаснија Бенефитите од користењето на Zebra уредите и нивната употреба за професионални цели.

Славчо Бујароски, Директор на Сигма-СБ прво ги претстави софтверските решенија на Сигма-СБ како што се: SSB ERP, SSB WMS, SSB Mobile, SSB RMS и други решенија и производи, а подоцна следуваше и реална презентација на решенијата на Сигма-СБ на опремата на Zebra. На гостите им беше дадена можност да пополнат барање за лична презентација за оние производи и решенија за кои беа заинтересирани.