Настани на GS1 Македонија

ЈАВЕН ПОВИК за избор на најдобра бизнис идеја и поддршка за започнување на бизнис

Охрид 01/04/2022 12:00

GS1 Мзкедонија објавува јавен повик за учество на млади лица во натпревар за најдобра бизнис идеја и поддршка за отпочнување бизнис. Најдобрите три апликации ќе бидат наградени и ќе добијат поддршка за започнување сопствен бизнис.

Повикот се отвара во рамките на проектот „Зголемување на иновативниот бизнис поврзани со море, животна средина и земјоделство и ИТ – (IBiSEAit)“, финансиран од ЕУ преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција- Македонија 2014-2020. Повеќе информации за проектот на следниот линк.
1. Услови за учество

- Право на учество имаат млади лица на возраст од 18 до 35 години,
- Секој учесник на натпреварот има право да аплицира само со една апликација/бизнис идеја,
- Најдобрите три апликации ќе имаат обврска во рок од еден месец да основаат ново претпријатие,
- Новооснованото претпријатие потребно е да биде регистрирано на територијата на еден од следниот региони: Југоисточен, Пелагониски, Вардарски или Југозападен регион,
- Освен индивидуалци на повикот може да се пријават и претпријатија кои се регистрирани во 2018, 2019 и 2020 година а кои имаат потреба од поддршка во развивање и водење на бизнисот,
- Да ја презентираат бизнис идејата на завршениот настан организиран во рамките на проектот „Зголемување на иновативниот бизнис поврзани со море, животна средина и земјоделство и ИТ – (IBiSEAit)

2. Награда за селектираните идеи
Најдобрите три бизнис идеи ќе добијат:
- Помош за регистрација на претпријатие (платени трошоци за регистрација и подготовка на потребна документација)
- Изработка на веб сајт во WordPress со платен хостинг и домеин за 1 година
- Платена ZOOM лиценца и cloud storage за една година
- Платени сметководствени услуги за една година
- Изработка на маркетинг план и промоција на социјални медиуми за три месеци
- 1 компјутер и 1 принтер
- Менторска поддршка за развивање бизнис план, развој и управување на претпријатието во период од 3 месеци
- 1 година бесплатно членство во виртуелниот инкубатор

Сите 3 ново основани претпријатија ќе бидат дел од виртуелниот инкубатор во чии рамки ќе биде реализирана менторската поддршка од страна на менторите ангажирани преку GS1 Македонија.

3. Критериуми за оценување

Бизнис идеја
Концизен преглед на бизнис идејата, јасно идентификуван проблем и добро објаснет производ/услуга

Пазар
Целната група на бизнисот е јасно објаснета, идентификувани се најмалку три конкуренти и конкурентската предност дава доволно уверливост.

Маркетинг
Солиден преглед на маркетинг стратегијата. Детални информации за начинот на дистрибуција, промоција, цена и продажба.

Организација
Правна форма, човечки ресурси, потребна инфраструктура и опрема соодветно адресирани. Реалистичен план на поставени цели.

Финансиски план
Приходите и расходите се соодветно испланирани, опфатени се повеќе категории. Компанијата има реални изгледи да остварува профит.

4. Начин на пријавување
Сите заинтересирани млади лица кои ги исполнуваат критериумите потребно е да испратат пополнета апликација за бизнис идеја на gs1mk@gs1mk.org.mk најдоцна до 01.04.2021 година.

Најавете се online тука .