Работа групи на GS1 Македонија

Ние работиме со нашите членки во развјот на бенефити во кои ќе уживаат сите индустриски сектори

Ние работиме со нашите членки за да обезбедиме правилен развој и примена на GS1 стандардите. Бенефитите по целата индустрија се реални. Ова го правиме на два начини:

  1. Преку нашиот управен одбор, на едно место ги имаме бизнисмените, лидерите, носителите на одлуки и градителите на јавното мислење кои ни помагаат нам да ја разбереме динамиката во индустријата и нејзините барања и да ги хармонизираме процесите меѓу индустриите каде има потреба од тоа.
  2. Ги користиме нашите работни групи за да обезбедиме да нашите стандарди се развиваат и одржуваат во согласност со барањата на индустријата и стопанството.

Како да се приклучите кон работните групи на GS1 Македонија

Како членка на GS1 Македонија Вие можете да бидете дел од нашите работни групи. Повеќето работни групи се отворени, но некои се затворени и за нив е потребна покана. И покрај тоа што сите групи се управувани од нас, успехот на групите зависи од Вас преку Ваше активно учество во нив. Погледнете ги групите кои се активни и контактирајте ги нивните лидери за повеќе информации.