Практична примена на GS1 DataMatrix-от, клуч за серијализацијата во фармацевтската индустрија и софтверски и хардверски решенија за нивна успешна примена во Здравството

Успешно одржан семинар за претстојната серијализација во здравствениот сектор која ќе стапи во сила од 9 февруари 2019.

GS1 DataMatrix

Со цел запознавање на сите учесници од здравствениот сектор со најновите регулаторни барања од страна на ЕУ за означување на медицинските производи кои стапуваат на сила од наредна година, на 29.03.2018 година беше одржан голем едукативен семинар на тема “Практична примена на GS1 DataMatrix-от, клуч за серијализацијата во фармацевтската индустрија и софтверски и хардверски решенија за нивна успешна примена во Здравството” на кој што учествуваа 150 учесници од сите сегменти на здравствениот сектор во Република Македонија (македонските производители кои во најголем дел се и големи извозници на лекови како и дистрибутерите на фармацевтските производи и медицински помагала, регулаторни и владини агенции и тела).

На сите присутни им беа поделени две брошури специјално изработени за овој семинар со наслов „GS1DataMatrix – Алатка за зголемување на безбедноста на пациентите преку зголемување на видливоста во синџирот на снабдување“ и „Причини за имплементација и бенефити од користењето на GS1 Системот на Стандарди - Изјави на 12 високи раководители на здравствени установи од 9 земји ширум светот”

GS1 DataMatrix

Во своето поздравно обраќање г-ѓа Слаѓана Милутиновиќ, извршен директор на GS1 Македонија ја апострофираше целта на одржувањето на семинарот, а тоа е навремено информирање на сите учесници во здравствениот сектор за неопходноста од имплементирање на Европските регулативи и Директиви за заштита од фалсификати, кои најдоцна до 9 февруари 2019 година ќе мора да се спроведат преку новото означување на лековите и медицинските средствa со дводимензионалниот бар код – GS1DataMatrix. Со овој единствен, уникатен идентификациски клуч ќе се овозможи и бараната серијализација во борба против фалсификатите. Ќе се обезбеди следливост на лековите и медицинските средства долж целиот синџир на снабдување на глобално и локално ниво, со што ќе се зголеми безбедноста на лековите и пациентите и создадат услови да се изгради систем на автентификација и верификација на медицинските производи. Во продолжение, Милутиновиќ ги потенцираше сите бенефити од користењето на глобалните GS1 стандарди во здравствениот сектор и апелираше на координирана и заедничка соработка на сите релевантни организации, компании, административни и регулаторни тела во Републиката за постигнување на што подобри резултати.

GS1 DataMatrix

Семинарот свечено го отвори со воведно излагање М-р.фарм. Роберт Бекироски, директор на Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД). Во своето излагање го потенцираше фактот дека долгогодишната успешна соработка со GS1 Македонија дава позитивни резултати во остварување на националните интереси и креирање политики за приближување на македонските регулативи кон високите стандарди и барања на ЕУ, со цел да се обезбеди заштита на здравјето на подрачјето на лековите и медицинските помагала преку ефикасна имплементација на регулативата во насока на хармонизација со европското законодавство.

GS1 DataMatrix

За техничките карактеристики на GS1 DataMatrix-от и бенефитите од неговата примена, низ презентација м-р Александар Кедијоски, ИТ експерт од GS1Македонија ги запозна присутните. Тој зборуваше за основите на GS1 стандардите и даде детален осврт на GS1 DataMatrix-от со укажување на неговите специфичности, употребата, областите и регионите каде што е веќе имплементиран, како и бенефитите (револуционизирањето на начинот на кој што функционираат здравствените установи и обезбедување на следливост на лековите, спречување на фалсификатите и зголемување на безбедност на пациентите).

GS1 DataMatrix Г-дин Никола Димовски, директор на ИТ секторот во Алкалоид АД – Скопје, низ видео презентација даде приказ на предизвици со кои се соочил Алкалоид за време на имплементирањето на GS1 DataMatrix на своите производствени линии. Алкалоид веќе го има имплементирано GS1 DataMatrix-от на дел од своите производствени линии и истите веќе произведуваат фармацевтски производи кои се означени со овој 2Д бар код симбол. Неговата инспиративна и високо професионална презентација низ практични примери ја доближи проблематиката до присутните и ги искрастилизира некои технички аспекти, те. даде практичен приказ на опремата и технички опис на процесите потребни при започнување со имплементацијата на GS1 DataMatrix-от.

GS1 DataMatrix

М-р Тибор Хеѓкези, бренд менаџер на ЕЛМЕД ДОО, Скопје се претстави со хардверската и софтверската поддршка на практичната примена на GS1 DataMatrix-от, која ја нуди неговата компанија.

GS1 DataMatrix GS1 DataMatrix

Семинарот ја постигна целта да ја запознае пошироката јавност со актуелните предизвици кои се наметнуваат во здравствениот сектор и беше од сите присутни оценет како успешен и многу полезен за нивно навремено информирање со теоретски и практични знаења