GS1 DataMatrix- задолжителен клуч за серијализацијата во Здравството

Успешно одржан семинар за претстојната серијализација во здравствениот сектор

GS1 DataMatrix

Со цел запознавање на сите учесници од здравствениот сектор со најновите регулаторни барања од страна на ЕУ за означување на медицинските производи, на 05.04.2017 година беше оддржан голем едукативен семинар на тема “GS1 DataMatrix- задолжителен клуч за серијализацијата во Здравството” на кој што учествуваа 150 учесници од сите сегменти на здравствениот сектор во Република Македонија (македонските производители кои во најголем дел се и големи извозници на лекови како и дистрибутерите на фармацевтските производи и медицински помагала, регулаторни и владини агенции и тела). На сите присутни им беше поделена брошура специјално изработена по тој повод под наслов „GS1DataMatrix – Алатка за зголемување на безбедноста на пациентите преку зголемување на видливоста во синџирот на снабдување“.

Семинарот свечено го отвори со воведно излагање Др.сци.спец. Марија Дарковска- Серафимовска, директор на Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД). Во своето излагање го потенцираше фактот дека долгогодишната успешна соработка со GS1 Македонија дава позитивни резултати во остварување на националните интереси и креирање политики за приближување на македонските регулативи кон високите стандарди и барања на ЕУ, со цел да се обезбеди заштита на здравјето на подрачјето на лековите и медицинските помагала преку ефикасна имплементација на регулативата во насока на хармонизација со европското законодавство.

GS1 DataMatrix

Во своето поздравно обраќање г-ѓа Слаѓана Милутиновиќ, извршен директор на GS1 Македонија ја апострофираше целта на одржувањето на семинарот, а тоа е навремено информирање на сите учесници во здравствениот сектор за неопходноста од имплементирање на Европските регулативи и Директиви за заштита од фалсификати, кои најдоцна до 9 февруари 2019 година ќе мора да се спроведат преку новото означување на лековите и медицинските средствa со дводимензионалниот бар код – GS1DataMatrix. Со овој единствен, уникатен идентификациски клуч ќе се овозможи и бараната серијализација во борба против фалсификатите. Ќе се обезбеди следливост на лековите и медицинските средства долж целиот синџир на снабдување на глобално и локално ниво, со што ќе се зголеми безбедноста на лековите и пациентите и создадат услови да се изгради систем на автентификација и верификација на медицинските производи. Во продолжение, Милутиновиќ ги потенцираше сите бенефити од користењето на глобалните GS1 стандарди во здравствениот сектор и апелираше на координирана и заедничка соработка на сите релевантни организации, компании, административни и регулаторни тела во Републиката за постигнување на што подобри резултати.

GS1 DataMatrix

За техничките карактеристики на GS1 DataMatrix-от и бенефитите од неговата примена, низ видео презентација м-р Александар Кедијоски, ИТ експерт од GS1Македонија ги запозна присутните. Тој зборуваше за основите на GS1 стандардите и даде детален осврт на GS1 DataMatrix-от со укажување на неговите специфичности, употребата, областите и регионите каде што е веќе имплементиран, како и бенефитите (револуционизирањето на начинот на кој што функционираат здравствените установи и обезбедување на следливост на лековите, спречување на фалсфикатите и зголемување на безбедност на пациентите).

GS1 DataMatrix Г-дин Никола Димовски, директор на ИТ секторот во Алкалоид АД – Скопје, низ видео презентација даде приказ на теоретските и финансиските предизвици, како и подготвителните активности кои веќе ги превзема компанијата во насока на реализација на имплементирањето на GS1 DataMatrix-от во производните линии. Неговата инспиративна и високо професионална презентација низ практични примери ја доближи проблематиката до присутните и ги искрастилизира некои технички аспекти, те. даде практичен приказ на опремата и технички опис на процесите потребни при започнување со имплементацијата на GS1 DataMatrix-от.

GS1 DataMatrix

Г-дин Игор Илковски, менаџер на Инфо-код, Скопје се претстави со хардверската и софтверската поддршка на практичната примена на GS1 DataMatrix-от, која ја нуди неговата компанија. На присутните за време на паузите Инфо-код овозможи целосна практична изведба на GS1 DataMatrix-от, што предизвика особен интерес.

Г-дин Наке Мицев, проект менаџер во Кодекс компјутери-Кавадарци, изврши презентација на софтверските решенија кои компанијата во многубројни здравствени установи долги години успешно ги имплементира, базирани на GS1 стандардите.

Семинарот ја постигна целта да ја запознае пошироката јавност со актуелните предизвици кои се наметнуваат во здравствениот сектор и беше од сите присутни оценет како успешен и многу полезен за нивно навремено информирање со теоретски и практични знаења

Материјали од семинарот

Корисни линкови