еИнфo
No2 - Maj 2013

 


Содржина

Управниот одбор и Собранието на GS1 Македонија ја прославија 40-та годишнина на GS1

 

40 години бар кодови


Работна посета на винарската визба "Повардарие" АД Неготино

 

Новости

WCO и GS1 ги здружуваат силите во борбата против фалсификувањето и го пуштаат во употреба новиот мобилен IPM

 

Теми на бројот

 GS1 стандардите можат да им помогнат на владите да ја зголемат безбедноста на нивните граѓани  

 


Управниот одбор и Собранието на GS1 Македонија ја прославија 40-та годишнина на GS1
  
       Во рамките на GS1 семејството во 150 земји низ светот оваа година се одбележува јубилејот на 40 години постоење на Меѓународната GS1 организација. По тој повод, сите национални GS1 организации се инструирани од GS1 Global Office да организираат во своите земји различни активности и за тоа да ја информираат Централата. GS1 Македонија сериозно пристапи кон исполнување на оваа обврска со креирање и реализација на низа различни промотивни активности, со исклучиво сопствени ресурси, како човечки, така и финансиски.
     Меѓу најзабележителните, кои добија пофалби од раководството на GS1 Global Office-Brussels и најмногу гласови од другите GS1 организации за својата оригиналност и ги инспирираа и другите да истото го направат беа: поставување на микро сајт за 40-та годишнина, издавање на првиот број на електронското списание е-ИНФО- посветено на јубилејот, превод и печатење на брошура специјално дизајнирана со историски осврт на развојот на GS1, редизајнирање на facebook и twitter профилот на GS1 Македонија со содржини поврзани со 40-та годишнина, посебна видео презентација со која се промовира овој јубилеј на сите наши едукативни сесии и работилници со членките кои ги одржуваме низ градовите во Републиката.
     GS1 Македонија е прва во светот која го издигна нивото на промотивните активности врзани за прославата на 40-та годишнина на GS1, организирајќи седници на Управниот одбор и на Собранието во месецот на започнување на јубиларната прослава.  
         По завршување на работниот дел на органите на управување на GS1 Македонија, кои дадоа свој придонес кон зголемување на респектабилноста на интернационалната прослава на 40-та годишнина на GS1, се организираше коктел на кој најголемо внимание привлече тортата со оригиналното лого специјално дизајнирано за јубилејот на македонски јазик.  
           GS1 Македонија е исто така прва со светот со овој тип на промоција, а тортата потоа послужи да изготвиме и видео анимација која е поставена на нашата веб страна и апсолутен е победник по добиените гласови за уникатната креација.