Интервју со г-дин Славчо Бујароски, генерален директор на СИГМА СБ

Jim Spittle

Почитуван г-дине Бујароски, Вие сте една од водечките софтверски компании во нашава земја. Најпрво, би сакал да ве запрашам дали сметате дека кај македонските компании е развиена свеста за важноста на ИТ во нивното деловно работење?


Да, компаниите се свесни дека ИТ претставува еден од основните капацитети кои компанијата треба да го поседува исто како што е деловен простор, електрична енергија, комуникации ... Свесноста е еволутивен процес и објективно гледано сите сме помалку свесни за нештата околу нас отколку што реално би требало да сме. Ако пред неколку години прашањето беше дали ми треба ИТ инфраструктура во мојата компанија, денес тоа никој повеќе не го прашува. Денес прашањето се поместува и интересот е фокусиран на:

  • кои деловни активности мора да бидат поддржани со ИТ
  • колку може компнијата да функционира доколку не е достапен ИТ системот
  • каде во деловното работење може да се искористи ИТ за да се постигнат подобри резултати


Како ја проектирате иднината, дали софтверот ќе биде пресуден односно најголем фактор за конкурентноста на македонските компании како на домашниот така и на странскиот пазар?


Ако знаеме дека водењето на бизнис е комплексен сет од сложени многубројни активности кои мора да бидат синхронизирано извршувани за да се постигне подобар резултат, тогаш не може да се каже дека било кој сегмент од деловното работење има најголемо влијание. Јас би преформулирал, дека софтверот има критично влијание врз конкурентноста во следниов контекст – и да имате најдобар софтвер на светот ако другите сегменти од работењето не се добро организирани, неуспехот е загарантиран. Критичното влијание на софтверот во бизнисот се согледува на 2 начини:

  1. Колку би заштедила компанијата ако успее да ја зголеми продажбата за 10% без да ги зголеми критичните ресурси:
    • број на вработени
    • број на маѓини во производство
    • ангажирани парични средства во залихи
  2. Доколку компанијата го сиклучи ИТ системот само за 2 дена, колкави загуби ќе претрпи

Не треба многу да се размислува за да се дојде до заклучок дека без инвестиција во ИТ (хардвер+софтвер+поддршка) модерниот бизнис не е возможен, т.е. компаниите не можат да достигнат ниво на конкурентност кое е доволно за да преживеат на долг рок.


Вие имате имплементирано софтвер во дел од големите македонски компании. Може на кратко да ни кажете какви се нивните барања во поглед на GS1 стандардите и нивната имплементација во софтверските решенија?


Целиот свет се потпира на GS1 стандардите, тивко без голема галама околу тоа. Но, само за момент замислете само како би се осќале Вие доколку денес кога ќе дојдете на каса, прдавачот ја прави сметката без да корисити баркод читач, т.е. на сите производи наместо баркод да има налепница со цена? Одговорот е: фруструрано. А знаете ли зошто?

Истиот одговор важи во сите сегменти на деловното работење каде има можност да се користат GS1 стандардите: Управување со залихи: сите арткли имаат баркод на нив, Управување со основни средства: сите основни средства но и локации имаат баркод на нив, Управување со документи.

Од мое искуство компаниите не прашуваат многу диретно за GS1, бидејќи најголем дел не се доволно информирани што е тоа, но некако сите го подразбираат тоа дека треба да бидат добро организирани за да немаат прблеми во синџирот на снабдување (supply chain), што диретно води конуптреба на GS1 стандардите.


Еден од вашите најнови проекти е SSBEdi, имплементација на GS1 стандардите во размената на електронските документи. Каква е заинтересираноста и кои се услугите кои се овозможени за компаниите кои учествуваат во SSBEdi?


Со еден збор: заинтересираноста на компаниите е во подем. Целата приказна започна во 2014 година и до денес концептот SSBEdi успеа да го одземе вниманието на најголемите трговци во Македонија.

SSBEdi за деловната заедница нуди заштеда на време и елиминација на грешки. Ова е остварено преку брза и ефикасна размена на податоци помеѓу трговските партнери, како што се Нарачки, Одговор на нарачка, Испратници, Фактури, Извештаи за залиха и уште многу други типови на пораки.

Воспостаувавањето на овој процес предизвикува и потреба за имплементирање на строго дефиниран деловен процес за размена на податоци кај компаниите, што од друга страна создава подобрена организација во компаниите.

SSBEdi директно влијае на значајно зголемување на конкурентноста на компаниите.


Во рамките на вашиот WMS (Warehouse Management System) имате имплементирано GS1 стандарди. Освен означувањето со бар кодовите, дали може да објасните за останатите GS1 стандарди кои се имплементирано во вашиот систем?


Јадрото на овој систем е базирано на GS1 стандардите, т.е. ЕАН13 и ЕАН128 баркодовите. Овие баркодови се употребуваат во различни делови од процесот:

  • Означување на производи
  • Означување на транспортни пакувања
  • Означување на Палети
  • Означување на локации во магацин
  • Означување на документи
  • Означување на возила
  • Означување на вработени

Сето тоа овозможува автоматска идентификација на сите овие компоненти при што се штеди време и се елиминираат грешки.

За истата намена може да се користи и РФИД технологија со соодветни читачи и чипови, кои се уште поефикасни но се поскапи. И за овој сегмент ГС1 го има покриено со стандарди.


Во однос на претходното прашање, дали имате информација колкав процент од компаниите ги користат дополнителните опции за генерирање логистичка етикета, GS1 DataBar, GS1-128 бар кодови за означување на пакети?


За жал, датабар многу ретко се користи иако дава огромна предност.

Логистичка етикета користат сите големи производители кои прават извоз и сите сериозни дистрибутери кои користат напреден WMS.

GS1-128 бар кодови за означување на пакети најчесто се користи кај производителите. Голем дел од производители не ги користат целосно предностите на ГС1 стандардите од една или повеќе од следните причини:

  • Не се доволни информирани за предностите што ги носи употребата
  • Немаат доволно знаење или внатрешен капацитет за да ги имплементираат кај себе
  • Не се спремни да инвестираат во опрема и софтвер кој ќе овозможи означување на производите со ГС1 ЕАН128 етикети